Прегледај го приврзокот 391298
2021 пролет ја купувам колата
2021 зимо некаде, се јава грешкава (светат ABS и ESP, а извичникот трепка) - ја гасат преку комп. и тера цела година.
2022 светнува истата грешка, пробаа да ја гасат, се гаси, крева колата над 20 и се пали пак. Тера цела година така сега со светнато.
(Секоја недела минувам по оштетен регионален пат со доста дупки барем 2 пати, па можно е некое кабле да е размрдано?)
Исто паралелно со проблемот, пред две недели открив дека глицерин нема во резервоарчето. Му ставив, цело тубе го собра и уште собираше. Сега треба скоро скроз да стиснам на кочницата па да закочи. Може да е поврзан проблемот?
Или ако не, што е ова и каде да го барам чарето. Од кај што сумниеден мајстор не сака да го провери, "презафатени се" па одбиваат посериозни работи. Инаку ја сервисирам во овластен, па не знам зошто не открија ништо таму на сервис.
Се работи за Audi A3 2009 facelift моделот.