Симптоматична е наивноста со која ги проценувате историските настани, а запрепастувачко е несфаќањето на хронолошката релевантност. Не сфаќате дека интересите и плановите на една земја (голема сила или не) можат да се менуваат по едно исто прашање, во рок од само една-две децении. Не само вие, либералните проукраинци, туку и на другава страна е исто. На целава тема е исто.
На пример, У XIX век, од податоците дознаваме дека САД била една од првите земји во кои се пишува за бугарски, грчки, српски, но и за македонски иселеници. САД денес (овие две-три децении) има интерес тука да биде Голема Албанија и врши притисок за остварување на нивните, но и на големо-бугарските и големо-грчките цели, во контекст на македонското прашање.
Друг пример, во војната со Иран, Садам беше подржуван од САД и Западот, кои му помогнаа да произведе хемиско оружје и штедро го снабдуваа со останати типови на оружје. После друго беше.
Виетнам војуваше со САД. Денес САД му помага разузнавачки на Виетнам околу борбата против кинеската доминација во Јужно-кинеско море.
Милион примери има.