Пред короната маалото ми беше ранч глодара, дури видов еден во маркет еднаш си прелета сабајлечки под штандот за деликатес. Во парк, секаде, чиниш мачки или кучиња, онака слободно. Ова е мое некое искуство, а како само и за вакви теми кревко женско, траума невидена ми беше. Мислам дека оти многу беше населено и водовод само доаѓаа и копаа нешто, им ги уништија природните "куќички".
Ако ги гледаш сѐ повеќе и мали, веројатно ќе биде доцна реакција, си направиле дувло и секогаш има шанса некој да останал надвор. А дувлото го памтат и се враќаат.
И да испофаќаш со лепак, има шанси некои да не се фатат, така што, покрај лепак (не се откажувај од идејава), пробај да го најдеш отворот, каналот од дувлото и некако изолирај го, затвори го ама саглам. Мачки се одлична превенција, ама не заборавај ако има мачки, никако отров, затоа што можат да настрадаат и од отруен глушец. Плус, не е веднаш ефикасно оти имаат преграда во желудникот, како да имаат 2.