Епа стапот има два краја - го помисливте ли ова кога во Струга го одземавте транспарентот на Вардар Фанс Мислешево, или како и да беше?!Џабе друже се објаснуваме , едина реакција шо можело да биди е емоција за гол или нешто слично со играта , а јас колку што сум информиран од директни учесници во настанот немало ни реакција ни провокација , него претежно помлади деца тргнале на кај нив за да му соблечат дресовите .
Сега џабе ќе се објаснуваме , напад на фан е крш не па на лица од клуб и све тоа прај тензија .
Така да темата шо ја начна кај нас не е возможна наредни 10 години.
Еве пример место да осудите таков напад вие наоѓате оправдувања .
Кога ќе почнат навивачките групи вакви работи да осудуват можи да прајме муабет за нешто друго.
Целосно се согласувам со тебе дека навивачите, ултрасите или ,,хулиганите" не треба да напаѓаат обични фанови и да одземаат ненавивачки реквизити - безразлика дали биле тренерки од клубот или знаменце на фанови - во двата случаи тие не претставуваат реквизит на навивачката група - туку за клубот, и во двата наврати ги поседуваат лица кои не се ултраси. Затоа да не ги релативизираме работите - крајно време е да поставиме кодекс и да си се придржуваме за работите кои ни одат во прилог, доволно би било на почеток да престанеме со напади на фанови и каменувања на автобуси.