This. Ќе го земам Интер како пример, откако напушти Конте пред 3 години многу фанови беа бесни и нервозни, особено пошо си отидоа и Лукаку и Хакими, а и Ериксен ради срцевиот удар. Марота кој е писмен спортски директор и тоа еден од пописмените, реши да го донесе Инзаги кој до тогаш во Лацио играше со истиот систем како Конте и немаше да треба тимот да се менува скроз, да се менува филозофијата и слично. Варијанти беа и Алегри и уште некои други во тој момент подобри тренери од Инзаги ама Марота се реши на тој потег и сега гледаме дека тоа се исплатеше. Иако со ограничени ресурси и доста турбуленции сепак Интер моментално личи на топ склопена екипа без премногу фрлени пари, само затоа што спортскиот директор си ја знае работата и носи играчи кои одговараат на системот на тренерот. Ете 2 цели сезони поминаа и уште на почетокот на оваа се гледа дека легнаа некои играчи на системот на Инзаги и перфектно се вклопија во истиот, муабетот ми е дека треба трпение и знаење, а не импулсивно носење и бркање тренери и играчи.
Ве гледам пола го бркате Тен Хаг, и што? Не викам дека е Гвардиола, ама веќе кога си го донел остави го и сезонава, дај му шанса да го оствари тоа што го замислил. За титула секако нема шанса се уште, далеку се Сити, Ливерпул и Арсенал моментално од Јунајтед, колку и да звучи тоа тешко да се свари ко фан на Јунајтед. Мене вака лаички ми изгледа дека во Јунајтед не е проблем тренерот туку дека внатре има некој проблем и тој проблем се шири како канцер врз целиот тим.