Не е проблем квантитетот на играчите. Туку, дали одговараат на некаков систем што сака тренерот да го игра, какви се како личности, и да дојдат на што е можно помала плата. Ако игра како што заслужува, слободно награди го. Кој нормален ке го натера сега Санчо да се залага со онаков договор? Ке го земам прост пример Брајтон. Земаа тренер кој игра фудбал кој ке одговара на системот на кој се навикнати играчите кои се веќе во тимот. Резултатот е очигледен. Купуваат играчи кои одговараат на овој систем, па голем дел од трансферите веднаш се вклопуваат. Еве ти пример со овој Доку кај Сити. Утре да си отиде Гвардиола, ако го земат Де Зерби од Брајтон, пак има да мелат се пред себе. Гледам, добар дел од навивачите тука на форумот се надеваат тука дека нивните екипи ке имаат шанса да земат ПЛ, кога ке си иде келавиот од Сити. Се плашам дека тоа нема да биде случајот заради структурата во Сити. Затоа Сити имаше успех со Манчини, Пелегрини пред да дојде Пеп.
Ние носевме тренери кои играа фудбал за кој немаа играчи. Му дадоа манекени на Мурињо кој е научен со играчи кои ораат 90 минути на терен, потоа играчи кои се навикнати на слобода во играта на тактички прецизен тренер како Ван Гал, а Оле, што да кажам. Дур им се играше на дел од играчите, резултатите беа тук таму, ама на крај излезе тактичката неспособност на Оле на виделина, во скоро секоја битна утакмица.
Кога имаш систем, стил на игра, многу лесно се покрива отсуство на еден или двајца играчи. Кај нас ако еден играч не игра како што треба, се иде по вода.
Фали писмен спортски директор, да каже, ова е начинот на кој ке играме фудбал. На ваков фудбал би одговарале тренери како, А, Б и Ц. Тогаш таргетираш играчи кои би одговарале на овој систем.