Да пробам да одговорам:
1. Што сметате дека ја предизвика вашата хетеросексуалност?
Докторката која ме породи, нејзините округли топки беа првата работа што ја видов на овој свет и ми се допаднаа.
2. Кога и како прв пат сфативте дека сте хетеросексуалец/ка?
Види точка 1.
3. Дали е можно вашата хетеросексуалност да е само фаза којашто ќе ја надминете?
Зошто би ја надминал?
4. Дали е можно вашата хетеросексуалност да потекнува од страв од истиот пол?
Не се плашам од истиот пол. Малку се гадам.
5. Доколку не сте имале сексуален однос со припадник на вашиот пол, дали е, сепак, можно да сте хомосексуалец/ка?
Доколку не сте имале скафандер, дали е сепак, можно да сте астронаут? И зошто толку запирки во прашањето?
6. Ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања?
Затоа што грубо земено 99% од луѓето на планетава се хетеро.
7. Зошто вие хетеросексуалците се обидувате да ги натерате сите да бидат со вашата сексуална ориентација?
Туѓата сексуална ориентација нема зошто да ме интересира.
8. Зошто мора насекаде да ја промовирате вашата хетеросексуалност? Нели може само да бидете она што сте без врева?
Па не го правев јас прашалников.
9. Најголемиот број лица што злоставуваат деца се хетеросексуалци. Дали сметате дека е безбедно вашето дете да го праќате на училиште каде повеќето наставници се хетеросексуалци?
Види точка 6.
10. И покрај целата општествена поддршка што се пружа на бракот како институција, стапката на разводи и понатаму расте. Зошто има толку малку стабилни релации меѓу хетеросексуалците?
Дефинирај „малку“.
11. Зошто хетеросексуалците се толку промискуитетни?
Види точки 6 и 9.
12. Дали би сакале вашето дете да биде хетеросексуалец/ка знаејќи ги проблемите со кои се соочуваат како прељуби, болести, разводи.
Од моето дете очекувам само никогаш во животот да не се срами со вака глупи прашања.