Не би рекол дека немаме капацитет, имаме капацитет, имаш и ти, навистина сме паметен народ поготово нашите генерации кои ги имаат фатено двете времиња и оние од 90(мислам на малку потежок живот и оноа снајди се сам, растени надвор од стаклено ѕвоно)а и модерното време на ИТ и на современ начин на сфаќање на работите, јас тврдам дека сме навистина паметен народ и со капацитет, проблемот е по милион пат ќе кажам, немам национален код, немаме никаков идеал и најлошото немаме одговорност на заедницата, нема љубов на Македонец кон Македонец, јас сум запознал навистина многу нации и народи и никаде не сум видел прво некој толку да ја мрази сопствената земја и сопствените луѓе, а иделе од многу поутепани места. За да има било каков напредок потребна е љубов и сакање, како ќе живее една фамилија и ќе напредува ако го нема тоа и да се најбогати и најуспешни ќе ги изедат соседите околу нив. Ама и во минатото било така, 12 души во чета, другите дома, така и сега, има некое проклество оставено кај македончето што не се трга.