Добредојде на форумот Девито и вашата тајфа. Со тоновите на аутотјун само ќе ти реплицирам на последново. Се гледа дека си млад имаш желба за комуникација и да научиш нешто. Ултрас но Политика не е тоа што мислиш ниту пак има врска со политички партиии. Туку се работи за идеолошка определба на трибината. Постојат две идеологии лево и десно. Лево -(комунисти, анархисти, либерали, анархокомунисти) Десно (Националисти,нацисти, фашисти). Ова ти се основите имаш илјада подврсти идеолошки ама тоа е тоа што треба да го знаеме. Под таа борба се заснова движње на ултраси на чие прво место е љубовта кон клубот и клубот се наметнува како идеолошка одредница, таквото движење се противи на тоа да трибината пропагира одредена идеологија во својот репертуар. Како скандирање истакнување на банери со леви или десни знаци, вадење на идеолошки пароли, како поддршка или во склоп со идеологијата. Значи трибина која е УНП е трибина на која нема пропагирање ни држава ниту јавно огласување против било каков настан, владина одлука, закон итн што е надор од границите на случувањата во клубот освен ако не е глобална кампања за доброто на сите ултраси или поврзана со навивачкиот свет. Полека одиме кон суштината. Не можеш ти да носиш име Комити, Војводи, Ајдуци, Сејмени, Фаланга, Гемиџии кое има исторсики предзнак и во бурни времиња е пред се дадено од патриотски побуди и да бидеш неутрален, самото име со себе си носи одредена тежина односно идеологија. Во случајов патриотска. Чисто како фуснота (УНП се применува на трибини каде што има луѓе од различни националности, чест случај во развиените западни држави чија единствена идеолошка определба е клубот и луѓето доаѓаат на трибина строго поради клубот). Имаше и ова прашано па да пробам да ти доловам во неколку стапки. Прво на 90% на трибините до ден денес кај нас владее Дарвиновата теорија или во превод. Паметните дечки кој ја немаат онаа работа меѓу нозе доволно или се помлади никогаш не можат да дојдат до израз од силеџии со половично знаење или долгогодишен стаж на трибините. Нивните идеи и предлози или се глатко отфрлани или се завршувало со ти не си тој да кажуваш. Ова го зборам овде едно десети пат ама ако. Самите спортски работници, клубови, федерации се тие кој директно придонесуваат да нема ниту групи ниту публика а во последно време нит спортски успех. Затоа што граѓаните на нашата држава не смеат да имаат национално чуство преку истиот и да бидат горди МАКЕДОНЦИ туку мораат да тонат во летаргија Прост пример скоро сите македонски великани од клубови од големи градови каде е можно да се привлече публика се во втора лига. Без спортски успех макар минимален нема публика а нема ни навивачи. Сцената си е добра ни горе ни долу има каков таков континуитет нема нус појави од типот најјаки сме. Има една група која е на врвот, има неколку кој отскокнуваат и тоа е тоа. А да заборавив и ова да го допишам. Не е ништо страшно некој што цел живот бил навивач/поддржувач или член на групата во одреден момент да помогне за истата нормално ако намерите се чисти и искрени чисти примери Пецак (екс играч на РК Охрид) и Орце (Цел живот навивач на Вардар) Проблемот што е горе наведен настанува кога истите тие или кокетирање со такви доведува до вршење на взаемни услуги во одреден момент. Допуна: Праша за тоа дали во групите има мангупи или нема не знам што подразбираш под тоа мангупи има илјада дефиниции. Ако мислиш на дечки кој живеат урбан живот се образовани и нормални или мислиш на луѓе со муда. Па тоа е магијата на трибината каде стојат заедно кооперационист и таков сите ги спојува едно а тоа е клубот. Заедница е тоа има секакви дискутабилно ти е секако