Како се емигрира во Австралија и Нов Зеланд?

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
@Lester Freamon Ти благодарам на исцрпното инфо.
Зошто 189 а не 491?
Агенткава константно ја форсира 491, во смисла на посигурна опција.

Инаку сопругата сум јас.
Сопругот е економист (јавни набавки) и англиски му е функционален се надевам
Се извинувам за превидот, не ни погледнав на аватарот :)

Ти одговориле веќе, агентката ја интересира нејзиното, т.е да си наплати што е можно побрзо и уште побитно да има што е можно поголем процент на успешност. Ако имаш искуство, и добар англиски, 491 виза ќе биде сигурица, дури и со 7ца англиски може да поминете комотно.

Ако веќе се одлучите за 491 гледај тоа да биде за Перт, единствениот главен град каде смееш да работиш со истата, и гледам конечно ја олесниле да не треба да имаш работна понуда: https://migration.wa.gov.au/our-services-support/state-nominated-migration-program

Сепак направете добра анализа што и како е на понуда од поглед на работни места, Перт за инженери е рај, за ИТ послабо но сепак е подобар од другите градови во регионална.

Од другите градови единствени 2-3 каде може да се размисли колку-толку ти се: Gold Coast + делот до Logan, Adelaide, и евентуално Wollongong, но имај во предвид дека во овие градови нема да имаш ни 10% работни места од тоа што има во главните, а се натпреваруваш со талентирани луѓе кои исто како тебе по некоја случајност заглавиле таму.

Бидејќи сте со деца, да си направите сериозна анализа и план што би правеле и како би правеле тука. Кога би добиле виза, прво ќе доаѓа еден од вас и ќе отвора терен за другите, немој да сте се закренале сите заедно и да си ја чукате главата тука. Станува збор за голем и мачен пат, втора работа како што ти пишав погоре ќе треба да престојувате во Airbnb, или пак да делите соби со непознати, да трчате да барате работа и тн.

Во поглед на сопругот, нека полага и тој англиски, може да добиете дополнителни поени.
Во меѓувреме нека научи занат затоа што јавните набавки од мкд нема да му се од голема корист тука. Има шанси да влезе во фирмите како набавки, но нека има во предвид дека за недостатокот на локално искуство/образование ќе треба да компензира со јазик/дигитални вештини.

За децата, имајте во предвид дека ако треба да ги носите во child care тоа ќе ве кошта по 100-170 долари/дневно по дете, ако се поголеми и одат на училиште е друга математика. Кога би биле permanent државата ќе ви покрива дел од тоа, но првите 3-4 години еден од вас ќе треба да работи за нив/или да седи дома (за луѓе кои заработуваат помалку ова е поефтиниот начин), а вториот да ги покрива сметките и храната. Секој што има деца, или планира да има во првите 3 години кога ќе стапне тука треба да направи сериозен план бидејќи Австралија ви е далеку од социјална држава кога станува збор за мигрантите.

@Lester Freamon Дали дипломите од факултет се признаени во Аус? Поточно од Електро. И, што мислиш, со 2 годишно работно искуство како електротехничар, па проект лидер, има ли некоја шана?
А за град, према јутуб, многу ми се допаѓа Перт. Некако поопуштено ми делува.
Технички се признаени, а што ќе ти признаат тебе ќе дознаеш кога ќе направите Skills Assessment, во твојот случај мислам дека ќе аплицирате во Engineers Australia. Работните позиции кои ги имаш работено и се останато околу тоа ќе штимате со агентот, и ќе замолиш колеги/сопственици на претходни фирми да ти направат препораки и потврди дека си работел со електро ;)

За електро инженер можеш да разгледуваш и 491 виза, ако не ти е проблем да се закачиш по рудниците (особено ако си сам) може уште првата година да вадиш над 120к, а понатаму и близу 200к (тешко е, заебана средина, долги смени, ама на DIDO и FIFO работни позиции како инженер се заработува одлично).
 
Последно уредено:
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231

Пример овие? Има ли и други сајтови за следење на отворени работни места за АУС/НЗ конкретно за инженеринг кои би ги препорачал?

Неколку години работев на вакви позиции (team lead/supervisor/head of electrical maintenance) во еден од поголемите рудници овде и бев сериозно заинтересиран за ваква авантура. Сега веќе околу една година имам релативно успешен свич во ИТ, ама уште не ја отфрлам целосно оваа идеја. Мислиш ли дека има смисла да се врати човек во тие води за преселба во АУС?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Пример овие? Има ли и други сајтови за следење на отворени работни места за АУС/НЗ конкретно за инженеринг кои би ги препорачал?

Неколку години работев на вакви позиции (team lead/supervisor/head of electrical maintenance) во еден од поголемите рудници овде и бев сериозно заинтересиран за ваква авантура. Сега веќе околу една година имам релативно успешен свич во ИТ, ама уште не ја отфрлам целосно оваа идеја. Мислиш ли дека има смисла да се врати човек во тие води за преселба во АУС?
Linkedin, Indeed, Glasdoor, на сите овие може да разгледуваш огласи.

Зависи од тоа што те исполнува и што сакаш да правиш, или колку ќе ти дојде зорт :)

И двете страни си имаат бенефити и негативни страни. Со рударството знаеш и самиот дека е валкана работа, на жешко си надвор, на дожд си надвор, знае да биде и опасно за повреди и сл. но од друга страна таму не се замараш ни дали АИ-то ќе те замени, ниту дали некој ѓупак од Индија ја работи истата работа за 1/10тина од тебе.
Заебанцијата со mining не е напорниот дел туку како ќе го менаџираш делот работа-семејство. Ако имаш смена 8-6 тогаш 8 денови си надвор од дома и спиеш на локацијата каде што работиш, а 6 денови си слободен, но сепак оваа некако ќе ја издржиш. Ако си FIFO-12, или FIFO-14 e прилично долг период надвор од дома, и ќе биде прилично тешко за сопругата дома.
Mining индустријата според мене е идеална за млади луѓе, со 4-5 години таму ќе накалапиш доволно за недвижност, а после тоа си бараш некоја работа со просечна плата и никаква замаранција и мува не те лази.
 
Навикнав на тие услови во рударството, главните проблеми беа 1) катастрофално ниските плати пришто се бара продуктивност како во САД/АУС/ЕУ и 2) перспективата која беше таква да само со електрика и електроника нема ни иднина а не пак било каков напредок и требаше или а) да навлегувам во механика и машинство за да се насочам кон full maintenance management или б) да навлезам и во геологија и рударство за влегување во production management.
Во АУС барем проблемот со парите не би требало да го има? За вториот проблем мислам дека важи истото, колку што имам читано во АУС има доволно рудници за работа со електрика и добра заработка без потреба од растргнување на сите страни.
Смените исто не се голем проблем, и овде се работеа саботи/недели/празници/8+4ч како од шега.
Проблемот од лична природа исто го немам, не сум женет и не верувам дека ќе се женам макар што тоа не се ли минус поени при апликација за преселба - т.е. се добиваат плус поени за млади семејства во споредба со самци?

Во ИТ тие се условите да, плус би додал и дека бројот на зафилмани снегулки надвор од реалноста на светот е огромен во тој сектор, оваа чистка што ја прават големите компаниите и властите низ ИТ не е случајна. Запрепастен сум какви се луѓе "работат" во ИТ од тоа што видов во оваа година и нешто, искуства со луѓе од Македонија, Бугарија, Романија, Полска, Украина, Франција, Англија, Виетнам.

Може не се изразив доволно конкретно, поентата ми беше дали кога ќе се земе во предвид моменталната ситуација во ИТ која ти е позната и подобро од мене, има поента да се размислува за работа со електрика во рударство во АУС? Нормално ова зависи колку имаш инфо за ситуацијата во АУС рударството.
 
Член од
30 ноември 2014
Мислења
160
Поени од реакции
226
@Elfeit сакаш да кажеш дека како full maintenance (машинство), има повеќе пари/плата?
И, во Ауд имаш работено во рудник?
 
Во МКД имам работено во рудник, не во АУС.

Повеќе пари во одржување (машинство) во споредба со што?
 
Член од
30 ноември 2014
Мислења
160
Поени од реакции
226
Во однос на твојата ит рсбота.
Кога ќе ги ставиш на австралиски кантар, дали со одржување или ит, би имал поголема плата.
Патем, ете и самиот си свесен, што е гооолема конкуренција.
Се уште е навала на академии зс софтвер тестит и дата анализи кај нас. Скоро секој има некаква диплома. :D
 
Во МКД, неспоредливо ИТ. Парите до кои стигнав за година дена во ИТ со нормална работа, во електро(машинско) одржување во рударство би ги земал само како менаџер на цело одржување со недефинирано работно време (8+ секој ден гарантирано) и 24/7 достапност, со најмалку 5 години работно искуство.
За повеќе од тоа, во ИТ и натаму може да се напредува од овде и покрај сите кастрења на светско ниво. Со електромашинството и тогаш а и сега е така, единствен можен правец за поголем напредок беше да се усовршувам во индустриски електорника и автоматика генерално а не само за рударство и да се обидам да отворам приватна фирма за да одам како контрактор во државава и многу важно преку граница.
Одлуката падна на ИТ свич.

Во АУС според огласите на SEEK, поплатено изгледа електромашинството, ама гледам друг трики момент - има помал број такви работни места отколку што има во ИТ. Значи груб одговор, веројатно поплатено би било електрото отколку ИТ.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.613
Поени од реакции
5.314

Не мораш да се мачиш до АУС за да у видиш дека во МКД освен ИТ ништо не е платено.

Еве ти пример
Нема занаетчија во Шведска што ти наплаќа под 60€ саат. Не постои таков дали е електричар дали е водоводџија, плочкар ју нејм ит има да те заколе.
Претпоставувам ист е случајот и во АУС, дали во ИТ би имал поголема плата да би имал и у МКД и у Шведска и во АУС и кај сакаш
Ама сигурно би имал поголеми шанси да мигрираш за работа во некој рудник одколку за да идеш како ИТ кадар од мкд
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Навикнав на тие услови во рударството, главните проблеми беа 1) катастрофално ниските плати пришто се бара продуктивност како во САД/АУС/ЕУ и 2) перспективата која беше таква да само со електрика и електроника нема ни иднина а не пак било каков напредок и требаше или а) да навлегувам во механика и машинство за да се насочам кон full maintenance management или б) да навлезам и во геологија и рударство за влегување во production management.
Во АУС барем проблемот со парите не би требало да го има? За вториот проблем мислам дека важи истото, колку што имам читано во АУС има доволно рудници за работа со електрика и добра заработка без потреба од растргнување на сите страни.
Смените исто не се голем проблем, и овде се работеа саботи/недели/празници/8+4ч како од шега.
Проблемот од лична природа исто го немам, не сум женет и не верувам дека ќе се женам макар што тоа не се ли минус поени при апликација за преселба - т.е. се добиваат плус поени за млади семејства во споредба со самци?

Во ИТ тие се условите да, плус би додал и дека бројот на зафилмани снегулки надвор од реалноста на светот е огромен во тој сектор, оваа чистка што ја прават големите компаниите и властите низ ИТ не е случајна. Запрепастен сум какви се луѓе "работат" во ИТ од тоа што видов во оваа година и нешто, искуства со луѓе од Македонија, Бугарија, Романија, Полска, Украина, Франција, Англија, Виетнам.

Може не се изразив доволно конкретно, поентата ми беше дали кога ќе се земе во предвид моменталната ситуација во ИТ која ти е позната и подобро од мене, има поента да се размислува за работа со електрика во рударство во АУС? Нормално ова зависи колку имаш инфо за ситуацијата во АУС рударството.
Во АУС рудниците важат за едни од најплатените локации, немаш мака за пари, имаат и едно чудо бенефити.

Не познавам електро инженери што работат во рудници ама се сомневам дека е многу поразлично од градежниците, познавам дечки што работат во BHP и Rio Tinto и имаат добри услови.

ИТ е такво на тој дел од светот, тука е друга приказна, другите инженерски професии се платени исто и подобро од ит, особено пак ако имаат терен/одвоен живот.

Во Австралија уште подобра опција ти се приватни занаетчиски бизниси (tradies), со било што може да вадиш и повеќе од инженерските плати.

Лично не би сакал да ти одговорам дали вреди или не, за ова самиот ќе си направиш анализа и пресметка, не сакам да те носам на душа ако не ти се допадне а те убедам да доаѓаш тука.
За мене пресметав и одлучив дека вреди, и не заминав од таму поради парите затоа што и во мкд заработував повеќе од доволно, туку поради останатите работи кои ме ваделе од такт.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Не мораш да се мачиш до АУС за да у видиш дека во МКД освен ИТ ништо не е платено.

Еве ти пример
Нема занаетчија во Шведска што ти наплаќа под 60€ саат. Не постои таков дали е електричар дали е водоводџија, плочкар ју нејм ит има да те заколе.
Претпоставувам ист е случајот и во АУС, дали во ИТ би имал поголема плата да би имал и у МКД и у Шведска и во АУС и кај сакаш
Ама сигурно би имал поголеми шанси да мигрираш за работа во некој рудник одколку за да идеш како ИТ кадар од мкд
Тоа и беше дискусијата, дали кадар со електро факултет (ФЕИТ СК) и неколку години работно искуство во електромашинско оджување на овдешен рудник може подобро да конкурира во а) рударство во АУС или б) свич во ИТ.
На рударските АУС огласи каде има објавено плата, сумите се и повисоки од ИТ. Ама бројот на работни места е многу помал, затоа и натаму сметам дека ИТ свич е подобро. Но луѓе кои се во АУС веројатно знаат подобро од мене, затоа ја почнав дискусијата.
Автоматски споено мислење:

Во АУС рудниците важат за едни од најплатените локации, немаш мака за пари, имаат и едно чудо бенефити.

Не познавам електро инженери што работат во рудници ама се сомневам дека е многу поразлично од градежниците, познавам дечки што работат во BHP и Rio Tinto и имаат добри услови.

ИТ е такво на тој дел од светот, тука е друга приказна, другите инженерски професии се платени исто и подобро од ит, особено пак ако имаат терен/одвоен живот.

Во Австралија уште подобра опција ти се приватни занаетчиски бизниси (tradies), со било што може да вадиш и повеќе од инженерските плати.

Лично не би сакал да ти одговорам дали вреди или не, за ова самиот ќе си направиш анализа и пресметка, не сакам да те носам на душа ако не ти се допадне а те убедам да доаѓаш тука.
За мене пресметав и одлучив дека вреди, и не заминав од таму поради парите затоа што и во мкд заработував повеќе од доволно, туку поради останатите работи кои ме ваделе од такт.
2 причини ме држат на ИТ курсот сѐ уште:
1) Малиот број на електро работни места во АУС колку и да се поплатени + (не)признавањето на овдешното образование и работно искуство таму.
2) Можноста за брз свич во ИТ овде пошто имав неколку програмерски предмети на факултет + работев на неколку ПЛЦ-а во одржувањето + рекреативно поминував онлајн курсеви + неколку месеци пред свичот "чепкав" во ИТ-то со дечките што работам сега.

Занаетчиски бизнис ми беше размислувањето и за овде со оглед на тоа што како тим лид и супервизор јас и работев како електричар и електроничар занаетски, дури како хед ми дадоа повеќе канцелариски обврски па намалив со занаетчиските активности. Делот со контрактор фирма за сервисни услуги за рударство и индустрија што го спомнав претходно. Проблемот е што ќе требаше да барам клиенти и низ Грција на пример во другите Македонии, само во северната тешко. Во АУС верјатно би било подобро од аспект на пазар, ама проблемот е што веројатно ќе требаше некок период (некоја година) да поработам како вработен некаде за да ширам мрежа во тој свет, па потоа да се пробам како трејди контрактор.

Thank You for your time, much appreciated. :)
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
2 причини ме држат на ИТ курсот сѐ уште:
1) Малиот број на електро работни места во АУС колку и да се поплатени + (не)признавањето на овдешното образование и работно искуство таму.
2) Можноста за брз свич во ИТ овде пошто имав неколку програмерски предмети на факултет + работев на неколку ПЛЦ-а во одржувањето + рекреативно поминував онлајн курсеви + неколку месеци пред свичот "чепкав" во ИТ-то со дечките што работам сега.

Занаетчиски бизнис ми беше размислувањето и за овде со оглед на тоа што како тим лид и супервизор јас и работев како електричар и електроничар занаетски, дури како хед ми дадоа повеќе канцелариски обврски па намалив со занаетчиските активности. Делот со контрактор фирма за сервисни услуги за рударство и индустрија што го спомнав претходно. Проблемот е што ќе требаше да барам клиенти и низ Грција на пример во другите Македонии, само во северната тешко. Во АУС верјатно би било подобро од аспект на пазар, ама проблемот е што веројатно ќе требаше некок период (некоја година) да поработам како вработен некаде за да ширам мрежа во тој свет, па потоа да се пробам како трејди контрактор.

Thank You for your time, much appreciated. :)
Те разбирам, пред неколку години бев во слична двоумица.

Во поглед на работните места треба да расчепкаш малку повеќе, seek.com.au има еден од најлошо изработените пребарувачи што сум ги видел во живот. Мој предлог да си направиш еден скрејпер и да собереш се што е слична позиција на тоа што го разбираш, таман ете ќе научиш нешто од ИТ, и ќе си направиш детална анализа :)

Лично кога ја правев математиката во прашање ставив неколку работи: функционалност на системот и како истиот би ме афектирал во наредни 5год/за 10 години/за 30 години, бекап опции во случај да пропадне тоа што го правам во моментот, безбедност и просперитет на семејството и наредни генерации, заебанции со политики и слични срања, временски услови/средина и сл.
Во сите до една опции, за на подолг рок победи опцијата за отселување.
На краток рок е поголема главоболка, од полагоден живот се впушташ во понелагоден и проблеми, особено првите 6 месеци, ама на подолг рок мислам дека вреди и те како.

На оваа страна разгледај кои кодови се најблиски до тоа што го работиш и која институција е задолжена за skills assessment. Види колку ќе ти бараат за да го направат, ако не е преголема сума истрчај го самиот без да бараш агент (кај мене беше 750 долари за институцијата и ова е во поскапите, 200 евра англискиот, околу 250 евра преводи/поштарина), за да не ти е мисла и да се каеш цел живот крај краева испрати им документи и види одговор.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Тоа и беше дискусијата, дали кадар со електро факултет (ФЕИТ СК) и неколку години работно искуство во електромашинско оджување на овдешен рудник може подобро да конкурира во а) рударство во АУС или б) свич во ИТ.
Јас не би одел со опција Б, од 2 причини:

1) Ако немаш студирано ИТ смер (на времето беше КТИА на Електро или Финки што е сега), тогаш ќе добиеш помал број на поени од работно искуство, со што ти се намалува шансата за ПР виза
2) И да успееш по некое чудо да земеш виза ќе ти биде тешко да се пробиеш на ИТ пазарот на труд, овде е преплавено со ИТ кадар од Индија, Пакистан, Бангладеш и слично, кои имаат ИТ дипломи и реално искуство со програмирање, не само онлајн курсеви

На рударските АУС огласи каде има објавено плата, сумите се и повисоки од ИТ. Ама бројот на работни места е многу помал, затоа и натаму сметам дека ИТ свич е подобро. Но луѓе кои се во АУС веројатно знаат подобро од мене, затоа ја почнав дискусијата.
Не може еднострано да го анализираш проблемот, само од страна на број понуди на работни места. Во равенката подеднакво битен е и бројот на луѓе што аплицираат за тие позиции.
Од мое досегашно искуство, во ИТ има поголем број на апликанти по работно место, отколку во инжинерските струки, т.е конкуренцијата е поголема и потешко се добива понуда за работа.
 
Член од
3 февруари 2021
Мислења
33
Поени од реакции
13
Lugje, aj nekoj sovet i mislenje od nekoj od vas sto ste podolgo vreme tuka i ste gi prosle ili gi pominuvate procedurive za dokumenti i vizi. Jas studiram smetkovodstvo(accounting) vo Melbourne momentalno i sum skoro 4 meseci tuka. So nekolku lugje sto zborevod tuka, a i sto citav i sto uspeav da doznaam nesto po internet bilo mnogu tesko da se dobie PR vo Melbourne so taa struka i bilo mnogu dolg i tezok proces. Nesakam mnogu mnogu da veruvam po internet sto se pisuva i muabeti rekla kazala pa ako ima nekoj soznanie nekakvo ili pak nekoj poznanik/ prijatel sto studiral tuka smetkovodstvo da spodeli iskustvo za celata procedura. Jas si izbrav da studiram smetkovodstvo bidejki toa me vlece i go sakam. Pozdrav i sekoe dobro
 
Член од
24 јануари 2012
Мислења
514
Поени од реакции
536

Kolku sto znam tvojat struka regionalna viza 491 ne vozmozna bidejki Melbourn ne e regionalen centar, sekako viza 190 e vozmozna za dobivanje i najverojatnata za tebe sponzorsto od rabotodavec 186 viza. Link dole

Sekako ke mora da izvadis full licenca za accounting i dosta visoka ocenka na angliski. Imas uste ubavi dve plus godini studiranje taka da rabotite mozam mnogu da se smenat do togas. Posle kraj na studiranje imas 2+1 godini otvorena work viza sto ti dava sansa da najdes rabotodavec i sponzor za 186 rezident viza sto bi rekol vo tvojot slucaj e najverojatna za uspeh.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom