Изгубивме во, финале за третиот по важност трофеј, катастрофа се изигра, дно...и сега шо??? Не треба да одиме на ракомет? Добро бе луѓе, се читате воопшто пред да пишите? Не сфаќам, мило ќе ви е да е празна салата? Ајде кажете, не треба да се оди, Битола да го бојкотира Пелистер оти сме загубиле во некој ебан супер куп? Пред нас е историја, пред нас е нешто шо за прв пат се случва во нашиот град....не ве сфаќам искрено, веројатно различна перцепција имам со поќето од тука шо значи дефиницијата навивач. Според вас, клубојте шо никогаш ништо не освоиле, шо никогаш ништо значајно не постогнале, а такви се 90% низ светот, не треба да имат навивачи?!
Не е муабетот хејтери нехејтери, не е муабетот проуправа или контра, мене НАЈМНОГУ од се ме нервира шо се минираме самите себе.
Фа имаа добра песна, мене не ми треба титула за тебе верно јас да навивам, имаме и ние, ние сме со тебе и кога губиме и кога водиме....ама изгледа поќето овде то не го осеќате. И после победа и по пораз, мене како навивач не ми останва ништо друго освен да се насочам кон следната битка која треба да ја водам заедно со мојот клуб. А не да бидам тој шо ќе му го турни сандакот на Пелистер!
Следи Колштад, кој е за нова борба, нека купва карта!