Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
20 септември 2022
Мислења
1.883
Поени од реакции
7.168
На 11 пак ќе има протест, излезете сите во помасовна бројка, онкологија само ја прелеа чашата за се и сами гледате што се случува, веќе не се крие ни позадински од нас. Во 18:00 бидете сите на улица. Можно е протестите од понеделник да продолжат секој ден во 6, нема друг спас за државата повеќе освен улицата.
Видовме колку донесоа спас редовните протести лани против францускиот предлог. За овие само револуција со крв која теоретски нема да се случи. За жал, ќе си чекаме до изборите во април следната година.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Видовме колку донесоа спас редовните протести лани против францускиот предлог. За овие само револуција со крв која теоретски нема да се случи. За жал, ќе си чекаме до изборите во април следната година.
Револуција ја како што знам се прави од улица, за да се случи треба да сме таму. Не знам дали беше во понеделникот, децата од Беко ги пуштија истата вечер зошто видоа дека се собраа надвор луѓе, поентата е многу јасна, имаат страв од народот, за жал ланските протести беа уништени од дпмне и мицкоски кои намерно ги загушија, виде колку огромен број на џандари имаше минатиот пат, народот докажал дека излегува на протести само малку му треба да се размрда и да сфати дека вмро(дпмне) повеќе не постои и спасот е само во улицата.
 
Член од
20 септември 2022
Мислења
1.883
Поени од реакции
7.168
Screenshot_20230907-153544_Chrome.jpg

За разлика од измените на Кривичниот законик, за кои власта не барала гаранции, новиот закон за амнестија ќе се најде пред пратениците само ако ВМРО-ДПМНЕ даде гаранции дека ќе ги поддржат уставните измени.

Новиот закон за амнестија ќе биде втор од пакетот што власта го „нуди“ на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за таа да гласа за уставни измени, потврдуваат за „Слободен печат“ извори од власта. Но, за разлика од измените на Кривичниот законик, со кој драстично се намалуваат казните за злоупотреба на функцијата, за кои власта не барала гаранции, новиот закон за амнестија ќе се најде пред пратениците само ако ВМРО-ДПМНЕ даде гаранции дека ќе ги поддржат уставните измени. Според информациите, власта во новиот закон за амнестија ќе ги вклучи и осудените за изборен криминал и за злосторничко здружување ако опозицијата гласа за уставните измени.
Од власта брифираат дека ВМРО-ДПМНЕ барала новиот закон за амнестија да ги опфати и осудениците за „27 април“, и обвинетите за изборен криминал, односно да им се намали 30 отсто од казната. Ова би значело дека ако некој е осуден, на пример, на шест години затвор, по стапување на сила на законот ќе треба да одлежи околу четири години.

Новиот закон за амнестија најверојатно, наместо Министерството за правда, ќе оди пратениците, бидејќи министерот Кренар Лога се противи тој да биде предлагач на законот. Од друга страна, се остава простор пратеничките групи да се договорат и тие да бидат предлагачи на законското решение. Според информации на „Слободен печат“, можно е новиот закон за амнестија уште идната недела да биде испратен до пратениците.


Дека власта интензивно работи на обезбедување на двотретинско мнозинство за уставните измени, потврда е и експресното изгласување на измените на Кривичниот законик, иако официјално и власта и опозицијата негираат било каков договор.

Извори од власта брифираат дека Лога се противел на носењето на измените на Кривичниот законик и дека поради тоа, заменичката министерка за правда Викторија Мадиќ беше предлагач на законските измени. Според наши информации, два месеца траеле убедувањата Лога да биде предлагач на измените на КЗ, но дека позициите на министерот биле оти не може да биде потписник, зашто Алијанса за Албанците (АА) влегла во Владата заради уставните измени и заради борбата против криминалот и корупцијата. Токму поради тоа, ниту еден од пратениците на Алијанса за Албанците не гласале за измените на КЗ.

Дали ќе падне договор помеѓу власта и опозицијата за законот за амнестија допрва ќе се види. Инаку Министерството за правда уште во јули обелодени дека новиот закон за амнестија е готов и дека ќе се однесува за полесни кривични дела, а неговата цел е да се намали пренатрупаноста во затворите. Во објавата се тврдеше дека овој предлог начелно е прифатен од сите фактори и политички групи во земјата. ВМРО-ДПМНЕ тогаш рече дека Лога само ги информирал дека се подготвува закон, но не им го дал на увид.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.607
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.799
Поени од реакции
8.551
Револуција ја како што знам се прави од улица, за да се случи треба да сме таму. Не знам дали беше во понеделникот, децата од Беко ги пуштија истата вечер зошто видоа дека се собраа надвор луѓе, поентата е многу јасна, имаат страв од народот, за жал ланските протести беа уништени од дпмне и мицкоски кои намерно ги загушија, виде колку огромен број на џандари имаше минатиот пат, народот докажал дека излегува на протести само малку му треба да се размрда и да сфати дека вмро(дпмне) повеќе не постои и спасот е само во улицата.
Не револуција се прави кога дел од институциите во државата ќе решат дека сегашниот систем повеќе е неодржлив и ќе поведат бунт против него. Невозможно е улицата само по себе да дојде до власта без никаква институционална подршка. Во Македонија сите институции се под истата комуњарска капа.

Ако улицата почне борба без институционална подршка наместо револуција ќе добиеш терористички терор зошто улицата нема друга опција освен тоа.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.202
Поени од реакции
5.422

Дека власта интензивно работи на обезбедување на двотретинско мнозинство за уставните измени, потврда е и експресното изгласување на измените на Кривичниот законик, иако официјално и власта и опозицијата негираат било каков договор.
Негирањето, само по себе, не значи ништо...

Туку, дали од овде (со брзопотезно гласање) доаѓа убеденоста од газоглавиот дека власта наоѓа начин да го обезбеди потребниот број од пратеници за промена на пусулчето?...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom