FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.962
Поени од реакции
37.216
Slovenia.jpg

46. СЛОВЕНИЈА 23.08-29.08.2023

Slovenian Narrative Films
Slovenia
Slovenian Cinema
Slovenian submissions for the Academy Award for Best International Feature Film
SLOVENIAN CINEMA ranked
Just a list of Slovenian movies.

Јас имам гледано само 3 словенечки филма од кои еден, Stanje shoka го имавме во Клубот, па веројатно сите сте го гледале. Па така не можам да дадам некој предлог. Но, ако сакате нешто поразлично, еден од трите филмови кои сум ги гледал е мокументарецот Houston, We Have a Problem!, за вселенската програма на Југославија и за тоа како Тито ја продал на Американците, па затоа тие први стапнале на месечината. Забавен филм. Беше и словенечки предлог за Оскар една година.

Uživaj!
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.565
Поени од реакции
13.982
Ако некој има торент за некаков словенечки филм, нека ми пушти молам
 
Последно уредено:
Член од
22 август 2022
Мислења
692
Поени од реакции
2.023
Kajmak in marmelada (2003)

Штом видов која држава е во прашање, ова е прв филм којшто ми падна на памет. Затоа што, иако одамна ми е гледан, некои детали ми оставија силен впечаток, како да било минатата недела. Покрај тоа, премногу соодветствува на денешново време, со пад на вредностите, пораст на криминалот, дури и бегалски кризи коишто со војниве ни се уште тазе. Со други зборови, филм којшто за жал одговара и на денешново време.

Главните ликови го претставуваат баш она ништожното кај човекот коешто се буди кога се живее близу социјално - економско дно.

Приказните се во пар и со перспективи од двете страни, тоа многу ми се допаѓа. Дури и насловот според мене е многу ефектен многу кажува.

Врската на Божо и Шпела е една приказна. Многу убаво е доловено како се доживуваат разни подеми и падови и од машката и од женската гледна точка.

Потоа има и момент, успони и падови во врската меѓу две земји, но не само тие две земји од филмот, туку и на многу други слични, оти свесни сме дека првата светска војна одамна се завршила, но тенденцијата да се има и Централни сили и Антанта во комшилукот останува. Ова правило важи и за развиени и за земји во развој, така што е добра геополитичка лекција за секое општество.
 
Последно уредено:
Член од
9 мај 2019
Мислења
171
Поени од реакции
776
Морам денес да го средам ова, молба до @Zlatikevichius да не менува наслов барем до 6 попладне. Имам 10+ држави, не можам да се составам со куцање од телефон
:sramezliv:
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
171
Поени од реакции
776
Reprise (2006) е првиот од филмската трилогија Осло на Јоаким Трир, воведот во тријадата сеќавање, идеја и време. Неколку нешта се сеприсутни - осаменоста, тагата и чувството на потфрлање. Животот е составен од сивило и неколку убави моменти помеѓу.
8/10
Црна Гора беше борба и убедување - Igla ispod praga едвај до 20та минута, Iskra до 10та. Кога видов дека Ajvar (2019) е српско - црногорска копродукција, не ми требаше дополнително убедување.

Во едно интервју Наташа Нинковиќ зборува како јавноста ја перцепира како тажна актерка зашто на филм игра тешки улоги. Така е и овој пат. Прекрасна!

Вида и Бане (Сергеј Трифуновиќ) се брачен пар кој има удобен живот во Шведска - работа, убав стан и куче, но не и дете. Кога се враќаат на гости во Србија, фарсата напукнува и сите разговори што некогаш ги премолчиле веќе ги стигаат.
6/10
И покрај тоа што Германија ја гледав во рокот, никогаш не шкртнав во темава. Мојата ажурност уште еднаш на дело.

The Marriage of Maria Braun (1979)
Nein. Хана совршено ја портретира улогата на фатална жена, но има нешто во филмографија на Фасбиндер што длабоко ме одбива. Знаејќи колку е важен за германската кинематографија на почетокот од годинава го гледав Али, и за него и за Марија го имам истиот впечаток на вештачки конструирана средина. Со Петра се гледаме во некои подобри денови. Поради техничкиот дел и приказната не ставам пониска оценка, иако генерално впечатокот ми е овој.
6/10

The Lives of Others (2006)
За одговорноста што ја носиме како човечки битија, филм со предобро срце, длабок и искрен. Фала на Контра кадар што пред десет години на нивното платно за првпат ги изгледав едни од најдобрите филмови меѓу кои и овој <3
9/10

Pina (2011)
Документарен филм на Вим Вендерс за кореографката која го револуционизира современиот танц и нејзиниот танцов театар. Преку него човек сосем одблизу може да посведочи и да ги фати зборовите изразени преку (репетитивните) движења, сензибилтетот, техниката и самото ослободување преку танцот.
Dance, dance, otherwise we are lost. :love:
7/10
Rocks in My Pockets (2014)
Секое семејство без исклучок има историја (најчесто премолчена) на (само)убијци и лица со тешко психичко растројство. Не се сеќавам каде сум го слушнала ова тврдење, но понекогаш помислувам на него. Впрочем ова е најдобриот опис за Rocks in my pockets.

Режисерката се занимава со темите за кои не зборуваме и ја следи генерациската траума на своето семејство. Сама по себе се наметна и мислата за жените во моето семејство - храбри, силни, нежни и горди. Поттикнат од љубопитноста за семејната генеалогија, ова е филм за женското искуство и секојдневните work in progress битки. Иако насловот е злокобен, завршува со оптимизам зошто борбата вреди.

Особено го препорачувам на луѓе кои ја љубат реченицата „Баба ми роди девет деца и никогаш не кукаше“
7.5/10
The Hill Where Lionesses Roar (2021)
Кој го гледал Portrait of a lady on fire веројатно се сеќава на третата девојка, бремената слугинка Софи. Филмов е нејзин, Луана Бајрами освен што режира, толкува и една од споредните улоги. Луѓе без идеја не треба да снимаат филмови, што знам, лесно е од Франција да продаваш феминизам на Косово.

Замислата е океј, ништо ново - животот во мала, затворена средина, очекувањата од околината, кршење на опресивниот синџир so on. Меѓутоа не води никаде. Начнатите теми брзо се забораваат, фаќа нов правец и го остава некаде на пола (во тој поглед ме потсети на Divines, пресликан).
3/10
In bloom и My happy family на дуото Ектимишвили + Грос се единствените филмови од Грузија што сум ги гледала сосем случајно, а ми оставиле силен впечаток. Едноставни, чисти драми со мал, но значаен отскок. Мислам дека би биле супер запознавање со грузиската кинематографија.

And Then We Danced (2019)
Кога во танцовиот ансамбл доаѓа Иракли, позицијата на Мераб се менува и дополнително е загрозена. Крв, пот и солзи. Амбиции, соперништво и страст. Мераб го открива животот во и вон себе во процесот на докажување колку го заслужува местото меѓу танчерите. Комплексноста на грузискиот танц, од кој патем сум фасцинирана, преку концептот на машкост и сила.
8/10
Летово оставив филмови на третина како никогаш досега. Од Child's pose не видов нешто друго освен нездравата приврзаност и дисфункционалниот однос меѓу мајка и син. Втората опција беше

Beyond the Hills (2012)
Најлошо ми е кога за филм немам што друго да кажам освен добар е.
7/10

Можеби подобро ќе беше ако го пуштев Graduation, 4 months.. ми е еден од засекогаш омилените. Со исклучок на првиот недогледан, сите останати филмови се на истиот режисер, Кристијан Мунгиу.
Compartment Number 6 (2021)
Единствената поврзаност со Финска е тоа што протагонистката Лаура е Финка (?!). Сепак го препорачувам на луѓе кои ги сакаат темите на Скандинавците.
Џонтра, не е за тебе.

Возовите се меланхолија, а ова купе уште поголема. Осаменоста зближува двајца странци кои со недоверба гледаат еден на друг. Добрите луѓе кои ѕиркаат под маска и срамежливо го кријат своето лице на крај сепак остануваат доследни на својата суштина и нежност.
7/10
What a Wonderful World (2014)
Кога на 7 април Переу се враќа во Кишинев од Америка, не е свесен за политичката состојба и кризата во која се наоѓа неговата земја. Истата вечер започнуваат протести и немири. За дел од секунда неизвесноста на животот му тропа на врата, се наоѓа на погрешно место во погрешно време.

Како да е К. во Процес на Кафка, Переу е жртва на моментот. Нејасно го обвинуваат за нешта што нему не му се непознати, а ситуацијата набрзо ескалира. Инспириран е од вистинита приказна и е едно можно толкување на настаните што се случувале во Молдавија во 2009 г.
6/10
Burning days ми беше мачење, некоја заморна алегорија што сака да е сфатена срриозно. Ќе пишам тука за да не се враќам кај Германија - гледајте го Head-on на Фатих Акин :love:

My Prostitute Love (1968)
Камерата и атмосферата на Ориентот направија преубаво отворање после кое имав некакви очекувања. Остана само на неуспешната љубовна приказна на Халил и Сабиха, ескорт девојка која се откажува од работата за да биде со него. Откако завршува ханимун фазата, дознава тајна што ќе ја оддалечи од саканиот. И тоа, саат време „го сакам, не, не го сакам ама го сакам”. Кога самопрогласената кралицата на мелодрамата вели дека е премногу...
5/10

The Small Town (1997)
People who don't know the past can't see the future.
Првиот долгометражен филм на Нури Билге Џејлан ги одредува стилот и темите кои подоцна ќе се надополнуваат во текот на неговото творештвото. Бавно философско четиво за човечките слабости, сиромаштијата, богатството на духот и темите кои отсекогаш го окупирале човек - смртта и минатото.

My Father and My Son (2005)
Септемврискиот воен преврат од '80та остава силен белег врз животот на Садик. Некои нешта треба да се кажат пред да е предоцна, колку само трагедијата може да обедини. Има делче од Cinema paradiso, делче од Children of heaven и своја посебна магија (тука пред сѐ мислам на ретроспективата и фантазијата на детската перспектива). Прекрасен филм за растењето и простувањето. Не треба ни да спомнам за потопот од солзи, тоа се подразбира.
8/10
Dancing in the Rain (1961)
Наредниот месец MoMA ќе има ретроспектива на југословенскиот бран, така впрочем и дознав за филмов (а во изборот од 15 филмови е и нашиот Мементо на Османли). Затоа што во Њујорк ќе одам на сон, пред неколку дена го изгледав од удобноста на каучот.

Сон во нежна, црна свила. Залудната љубов што Маруша ја чувствува кон Петар ќе е одговорна за нејзината пропаст одвнатре. Ништо полошо од огорчен маж и празна жена, а во средина идеалот на изгубената младост и колебливоста на сегашноста.
6/10


Class Enemy (2013)

Да се биде ученик не е право туку должност. Средното образование не e обврска туку привилегија.
Вака гласи девизата на Роберт, арогантен и авторитарен професор по германски јазик. Кратко по неговото влегување во настава, се самоубива негова ученичка. Улогите се менуваат, сега наставниците се оние што се плашат од бесот на средношколците кои немилосрдно обвинуваат за смртта на Сабина.

Побуната поттикната од слеп гнев без никакво животно искуство и математичкиот ум без зрнце емоција водат до истиот понор. Завршиниот монолог на Роберт е нешто што сите ученици и просветни работници треба да го слушнат.
7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.962
Поени од реакции
37.216
Belarus.jpg

47. БЕЛОРУСИЈА 29.08-03.09.2023

Ова мора да трае пократко од недела, затоа што на 04, 05 и 06.09 невозможно ќе биде за мене да сменам држава, поради приватни причини. Затоа ќе мора да смениме нова во недела, а вие ако сакате продолжете си ја Белорусија уште 2 дена, нема да има проблем. Секако и сами баравте да убрзаме, а и така има само 4 држави до крај...

Некои листи:

Белорусское конченое кино / Belarusian Cinema Konchenyy
Belarusian Rebellion (2020) in Film
Belarussian submissions for the Academy Award for Best International Feature Film
belarusian pre-revolution wave
Belarus Ranked
Belarusian Movies That Changed My Life

и веројатно најважната листа која некогаш сме ја имале:

Belarusian films that feature a scene with a tractor

Цешсја!
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Crystal Swan (2018)
Khrustal


Женскава е нешто ДиЏеј и живее во Минск некаде кон крајот на 80тите години, 86та е годината ми се чини. Потполнува апликација за виза за у САД ама некако по грешка место нејзиниот она пишува некој туѓ број. Од амбасада и викаат дека ќе и се јават на бројот што го остаила и оваа трга по потрага по луѓето чиј број го пишала. Иде у едно село и таму почнуваат некои заебанции со луѓето, натака навака.

Обичен филм, драма нешто онака, сетингот беше океј, другото мех малце досаден, малце неинтересен, малце не ме интересираше ич, у глобала ништо посебно. Кандидат за Оскар бил ама не влегол у потесниот круг односно не добил номинација.

4/10 оценка а за Словенија ќе каснам, иако и таму ништо не ми фаќа око ама ќе најдам нешто.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.565
Поени од реакции
13.982
Добро е што некој не извади од ова мизерно незалагање. Ја сакав да глеам ама немаат торенти.
Автоматски споено мислење:

Чееееекај бе ова е Џонтра. Зашо имаш иста профилна со Цобето бе?
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Словенија

Houston, We Have a Problem! (2016)


Маршалот е ова. :D

Словенечки документарец за вселенската програма која Југославија им ја продала на Америка. А уствари им продала глупости. Мастерклас на Тито против глупите амери.
Се протнува една теорија на заговор за убиството на Кенеди, откако 2 недели претходно некој рандомец го нападнал Тито кога овој бил во Њу Јорк во обид да ја опраи работата со вселенската програма која очигледно не функционирала.
Дрзок мадафакер Маршалот, му пушел пури у фаца на Никсон у сред Белата куќа каде наводно никој никогаш не запалил цигарчиња. Се курчел Никсон бајаги, дури и ја бомбардирал југословенската амбасада во Вашингтон. И Тито за да ги ублажи односите, пошто парите што ги земал од Америка ги потрошил на јакнење на југословенската економија, одлучил да им праќа коли на американците. Југо.
Ако се чудите како дошло југото у една сцена што ја има у Die Hard 2. :D
Ги подбуцнале останатите земји од сојузот и толку му треба на балканчето за да си го поебе своето.
Интересен документарец у секој случај. Оценки не ставам ама Злате ако водиш некоја евиденција, пиши му 8ца.

едит: Кур мој што сте стапнале на Месечината, неспособњаци едни. Нека се свети името Кјубриково. :icon_mrgr:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.962
Поени од реакции
37.216
Интересен документарец у секој случај. Оценки не ставам ама Злате ако водиш некоја евиденција, пиши му 8ца.
Не е баш документарец ова, фиктивна е приказната. Мокументарец го викаат Америте, ама интересен филм, во секој случај.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Не е баш документарец ова, фиктивна е приказната. Мокументарец го викаат Америте, ама интересен филм, во секој случај.
Сакаш да кажеш дека ништо од ова што го гледав нема врска со реалноста? :pos: :pos:
У дно сум се заглавил.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom