Фан Клуб: Интер

Како на пример?
Една напуцана од Џанго и уште една од Бастони со играч на грб.

Не мора да влагаме у ситници, супер игра Турам, проигрува повратни мовратни, у пас игра скоро и да не греши. Ќе биде само боље, нема гајле. Добро е што даде гол да го тргне тој минимален притисок од мртвите медиуми што почнаа да замараат уште од сам старт.
Четвртиот гол на мечот далеку понеизгледна шанса за гол па еве го дае Лаутаро.
Не велам дека изигра лошо Турам ама една од двете можеше да ги реализира, па и пред да излезе имаше добра шанса за гол. Сепак да беше на негово место Лукаку ќе се јадеше гомна :)
Ма да статистиката после три утакмици не му е лоша, ќе видиме понатаму.
 
Четвртиот гол на мечот далеку понеизгледна шанса за гол па еве го дае Лаутаро.
Не велам дека изигра лошо Турам ама една од двете можеше да ги реализира, па и пред да излезе имаше добра шанса за гол. Сепак да беше на негово место Лукаку ќе се јадеше гомна :)
Ма да статистиката после три утакмици не му е лоша, ќе видиме понатаму.
Па ќе се јадеше гомна, пошо Лукаку ни голот немаше да го даде, да не потсеќам дека од 3 метри у финале ЛШ се избламира со глава.
 
Наметна игра Инзаги после 2 години што му носи резултати, и лани крај на сезона кога кренаа форма добија на сигурност и имаа конечно некаков идентитет, и тој тренд продолжува и оваа сезона, а и играчиве конечно некако се вклопија во тој негов систем, бар така ми делува све ова.

Ко што реков и на полувреме, нула замерки имам за све у тимов моментално на стартов од сезонава, така ќе остане и после денешниов меч, со тоа што две работи ќе спомнам, првата е дека тотално погрешен впечаток имав за тоа каков играч е Турам, пријатно сум изненаден за тоа што е способен да го прави на теренот, не очекував голови од него многу сезонава ама поим немав дека има одлична прегледност на игра и одличен во пас играта, второ ... господинот Де Фрај дами и господа, тотално заборавен а всушност треба да е сеуште еден од главните носители на играта у тимов, 31 година има, фантастичен е први 3 кола, тотално несфатливо зашто сеекој втор го продаваше и понижуваше само зашто не се вклопи у нов систем кој и онака беше далеку од беспрекорен.

Лаутаро сува класа, 3 меча 5 гола, феноменално отварање на сезоната, и општо цел тим, гол разлика 8-0, 3 победи, боље и не можеше. Следни Милан, до тогаш нека помине све во ред со репкиве и да нема повреди.
 
preubava igra, melem za oci e inter sega za sega. Cestito nova istorija a toa e deka posleden pat na prvite 3 utakmici od sezonata sme primile tocno 0 golovi bilo vo 1966 godina. Not anymore, forza inter!
Автоматски споено мислење:

@Џонтра Волта offtopic, zosto isti avatar kako na @Stefan-kobe ? :D
 
Последно уредено:
дека тотално погрешен впечаток имав за тоа каков играч е Турам, пријатно сум изненаден за тоа што е способен да го прави на теренот, не очекував голови од него многу сезонава ама поим немав дека има одлична прегледност на игра и одличен во пас играта, второ ... господинот Де Фрај дами и господа, тотално заборавен а всушност треба да е сеуште еден од главните носители на играта у тимов, 31 година има, фантастичен е први 3 кола
+1

Tурам ако игра вака не сме изгубиле многу со Лукаку. Подобро е да имаме напаѓач кој знае со топка и има прегледност отколку кога чекавме дебелиот да претрча играч.

Втората позитивна работа е Де Фрај, не знам од која причина игра добро секоја втора сезона ама еве го пак се разигра.

Како стојат работите, се издвојуваме со комшиите. Играат и тие одлично, клучните играчи им се во форма а им легнаа и некои од новите играчи. Ќе биде прејако дерби.
 
Друга песна се пее кога од клупа ти влагаат Фратези, Квадрадо и Карлос Агусто место Гаљо и Беланова. Опции еден тон, можност за ротации уште поголема.

Лаутаро, шта речи… Насобра тон искуство, многу попрецизен делува на почетокот на сезонава и без глупости. Мислам во голема мера помага тоа што Турам сега ја брка работата што лани ја бркаше Џеко, само 10 класи подобро. Прими топка, повлечи или одложи лево десно и не ја гуши транзицијата. Секоја чест за Тикус, уопште ни ја немав претстава дека е ваков тип на играч. Дури има и добар прием, за разлика од некои напаѓачи пример што прошле низ тимов у минатото.

Хакан гази на новата улога, Барела секаде го има уште Мики да го ослободи местото у стартна постава и средината ќе биде врв. Тоа Класен, Сенси, Аслани може дел од нив на пола утакмица да влезат од противничка, да биде интересна текмата.

Одбраната… Де Фрај реинкарниран, многу сигурен. Бастони класа над класите. Но, секоја чест за господинот Матео, дојде за ебени 2 милиона и тоа што го игра е уметност. Мерак за очи буквално, како ги чита и сече акцииве на противнициве.

И Сомер, 3 утакмици без примен гол, денес имаше пар добри интервенции. Одличен голман, се подобар и во играта со нога, се гледа дека почна да ја сфаќа играта.

И огромен поздрав до Дон Инзаги, ако достави втора ѕвезда у овие економски услови може комотно у историјата на клубот до Жозе да го стават, само вака да продолжат и ќе гледаме прекрасен фудбал сезонава.
 
Лаутаро се ослободи некако што конечно стана број еден шпиц у екипава, 5-6 години е тука и секогаш беше у подредена улога, прво под Икарди, па после под Лукаку, па Џеко, па пак Лукаку. Е сега он е главен, он е прв напаѓач и капитен. Се гледа дека игра со огромно искуство и лидерство, нема веќе да се крие позади другиот шпиц, сеа он е тој што треба да ја влече екипата напред. Топ е, само нека продужи вака, сезонава има шанса да го стигне и Виери на листата најдобри стрелци у историјата на клубов.
 
Ова беше смешен момент ваљда приметивте на преносот, Барела мислеше топката отиде у гол аут одма се сврте накај Дамфрис се објаснуваа зашо не му ја даде, а уствари удри во статива и сеуште бевме во гол прилика, Димарко подаваше, види ги двајцава вака така си објаснуваат

1693775777590.png


Друг момент, после првиот гол на Лаутаро, Турам се обиде да ја ископира прославата на Лукаку и Лаутаро, вториов го одби, на преносот тоа се виде, само с раката му одмавна, и после пренос рече нема више така.

1693775967661.png
 
Турам гол, асистенција, изнуден пенал и уште три сто постотни шанси...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom