Tesko so vakov servis protiv Carlos pa i Medvedev, posebno na spor beton. Nema da mu izdrzat nozete.
Wimbledon finaleto samo radi servisot go izgubi niso drugo. Da mu bese nivoto priblizno kako na mecot so Hurkacz dali eden set ke zemese Alcaraz.
A bas top servirase poslednive 3-4 godini otkoga mu se prikluci Ivanisevic na timot.
Dali zamorot i godinite si go pravat svoeto ne znam ali poslednive meseci epten se machi so servisot.
Не е проблем сервисот, проблем се условите и големата влажност за која збори со години, вклучително и после секој меч тука, услови кои воопшто не му одговараат, једина добра ствар за него е што сите носители скоро од негова половина испаднаа, а полуфиналето и финалето ако стигне таму, ќе се игра на темпереатура под 30 степени, 27-28 ќе е максимумот, моментално е 33-34, и ќе има колку толку поидеални услови со тоа што можно е и под затворен кров да се игра зашто можно е да врне.
Небитно, ова е слем кој за него ко профил на играч скоро и најмалце му одговара, и статистиката тоа го говори, најмногу изгубени финалиња има тука, РГ го има освоено ''само'' 3 пати поради Надал, тргни го Надал од таму барем 5 титули ќе имаше и таму. Сабајлево дежаву од дуелот со Медо, во први 2 сета против Џере кој не дека има бравурозен сервис имаше само 3 брејк топки од кои ако не се лажам сите беа во вториот гејм од мечот откако веќе беше брејкнат, и тоа беше тоа.
Доброто е што во ниеден момент не покажа знаци за нервоза, односно се понашаше ко да знае дека ќе победи иако губеше 2-0 во сетови, барем таков body language имаше а и јасно беше после 3-4 гејма у трет сет во која насока ќе се движи мечот, све диктираше Новак, ретко грешеше и во долгите размени беше непобедлив, све враќаше а Џере физички колабираше, први 2 сета 15-9 за Џере беше во долгите размени (над 15), што е уште еден показател колку беше лош Новак, после тоа тотална доминација. That being said, Новак на US Open е најранлив и тоа е факт, ако налета на тенисер способен да држи високо ниво на тенис барем 4 сета, има големи шанси да изгуби што било случај неколку пати во минатото, а такви од другата страна има тројца во моментов, Алкараз, Синер и Медо, најотворено го посакувам Синер во финалето и тоа најмногу ради неговото неискуство во вакви мечеви, против Алкараз и Медо, нарочито првиов, би било пеколно тешко.
Али ко што и сам кажа, секој меч е прича за себе, денес сервис не му иде, во следен е беспрекорен, многу се лажеме кога судиме пред некој дуел како изгледале тенисерите претходно, различен меч ап, различна игра, типичен пример ти е како Новак изгледаше до дуелот со Алкараз на земја, полош не памтам да бил на таа подлога каде дојде со 0 титули освоени на истата подлога, а и на РГ беше онака, ништо посебно, па во тој дуел го крена рапидно нивото на тенис.
А и 36 години е ебаго, самото тоа што веќе има освоено 2 слема и е фаворит на сите слемови каде што игра, е само по себе неверојатно и уникатно, плус после Америка пак се враќа на прво место на АТП.
Новак е веќе историја во тенисот,ќе игра уште следна сезона ќе сака злато во Париз ама малку тешко ќе му биде.
2025 ќе биде последна година па заслужена пензија.
Ако е уште конкурентен за слемови најпаметно ќе му биде да ја скокне олимпијадата ама добро, кога беше 34 тоа му го уништи слемот што следеше а бркаше 4 у една година и ради истото и го загуби и Вајда, не па на 37, не знам само како е со датите ваљда Вимблдон ќе е пред, ако е после, нека се збогува од двата слема што би следеле а и тенисот на олимпијада ќе е на земја, каде дополнително физички ќе се исцеди, плус се игра во 3 добиени каде е далеку поранлив. Таму апсолутен фаворит ќе е Алкараз, али тешко дека ќе научи од грешката направена во Јапонија.
Edit, крај на Јули старт на Август ќе е олимпијадата, значи 2 недели ако не се лажам после Вимблдон.