Toecutter
Biafran Baby
- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 5.243
- Поени од реакции
- 2.444
Троа си ја испомешал историјата, “варварите“ не ја разориле арапската цивилизација туку едвај спасиле жива глава кај Поатје...иако Шпанија,Португалија,Сицилија и други останале под арапска власт со векови,скоро милениум...Човечулиња, анархијата е пред се` негација на државниот монопол над легитимна употреба на сила.
Знаете што значи тоа? Дека општеството станува free-for-all. А тоа значи и free for сите насилни елементи (Урко бачиња, во анархистичко општество ќе ви биде Барон шо ќе ве тепа ако не му работите у рудникот, а Лупус ќе му бидат витезите од ретардираната маса). Како да се справи тоа сирото безџандарско општество со насилникот, со дибекот, со оној кој го бира полесниот пат? Преку изолација и остракизам? А што ако тој најде следбеници кои сакаат да го изберат полесниот пат?
Знаете, не случајно прљавите, некултурни и нецивилизирани Европејци (околу 10ти-11ти век) беа инструментални во разорувањето на далеку посупериорната цивилизација отелотворена во Багдадскиот Калифат, на кој имаме да му заблагодариме за алгебрата, за оптиката како наука и очилата како нејзин конкретен производ, за сочувувањето, преводот и оживотворувањето на Хеленската философска традиција врз која се темели современата западна мисла итн. итн. итн. Калифатот опстојуваше врз Куранската максима "Мастилото на еден учен човек вреди повеќе од крвта на илјада маченици". Европејците пак, имаа големи, оштри мачеви и тољаги, воинствена традиција и фанатична преданост на нивниот бог. Звучи познато?
Епа драги мои, (што би рекол Фрчко)- насилникот победува против цивилизираниот и мирољубивиот 10 пати од 10. Не велам дека државата не е корумпирана, дека не се прца скришно со special interest групи како корпорации, богати финансиери и слични бабароги. Не велам дека нејзината бирократија не е тромава, неефикасна и подмитлива. Не велам ниту дека не би ни било подобро без сите војски на светов.
Но алтернативата е страшна. Бидејќи нема никогаш сите држави наеднаш да престанат да постојат. Направете автономна територија, со директна демократија, апсолутна слобода и сите тие џезој. Да видите колку брзо ќе улетаат соседните држави да ви ги разграбаат богатствата.
А и да се случи тој симултан колапс на сите светски држави, таа језива количина на оружје нема волшебно да исчезне. Мора некој сето тоа да го чува и контролира. Мора некој да изигрува џандар, мора некој да го чува мирот, бидејќи ако само една армија (американската, руската, француската, сеедно) се оттргне од контрола, се фрагментира на фракции кои би се бореле за моќ, ќе се деси пандемониум. Пичвајз.
Патем, ги знаете сите тие служби кои секој ден ги користите без да приметите? Струја, чиста вода за пиење, патишта, здравство итн.? Без централна контрола и координација, мало морген што ќе останат на ова ниво на квалитет. Бидете спремни да се откажете од многу цивилизациски придобивки за вашата анархија. Дали сте подготвени за неа вистински?
Се` што ќе ви речам бачиња за крај е- be careful what you wish for.
Шо убо вака поедноставена верзија ко на видео игра, си дошле дивите и им врзале по еден шамар на кротките и ги истерале...

Калифатот го укинал Ататурк.
Алтернативата на државата е страшна.
И навистина.
Плашете се од Урко и Лупус, бидејќи државата ќе ве убие со својата сеприсутна љубов за да ви го намали ризикот од смрт од разно-разни насилници и криминалци...
Патетично е како се претпоставува дека сите луѓе на секое место во светот се некаква инертна маса,лишена од можноста за одбрана и организирање... кои како јапонски туристи со апарати, подзинати и шокирани би стоеле да ги коли Урко како кротки јагниња...
Примерите од досегашните анархии се јасни.
Нема жалби и апелации,нема затвор или скратена казна за добро поведение.
Насилните манијаци и психопати имале краток рок на траење.
Чиапас и Бугевил?
Во 2011?
Ги нема на ТВ?
Не постојат !!!
П.С. Да не си качен на гајба за подобро да фатиш ваерлес па се обраќаш со “човечулиња„ од височините на небулозните глупости...
А и Фрчко го довлечка во муабет за анархија...најарно да се обеси чоек...
