Човечулиња, анархијата е пред се` негација на државниот монопол над легитимна употреба на сила.
Знаете што значи тоа? Дека општеството станува free-for-all. А тоа значи и free for сите насилни елементи (Урко бачиња, во анархистичко општество ќе ви биде Барон шо ќе ве тепа ако не му работите у рудникот, а Лупус ќе му бидат витезите од ретардираната маса). Како да се справи тоа сирото безџандарско општество со насилникот, со дибекот, со оној кој го бира полесниот пат? Преку изолација и остракизам? А што ако тој најде следбеници кои сакаат да го изберат полесниот пат?
Знаете, не случајно прљавите, некултурни и нецивилизирани Европејци (околу 10ти-11ти век) беа инструментални во разорувањето на далеку посупериорната цивилизација отелотворена во Багдадскиот Калифат, на кој имаме да му заблагодариме за алгебрата, за оптиката како наука и очилата како нејзин конкретен производ, за сочувувањето, преводот и оживотворувањето на Хеленската философска традиција врз која се темели современата западна мисла итн. итн. итн. Калифатот опстојуваше врз Куранската максима "Мастилото на еден учен човек вреди повеќе од крвта на илјада маченици". Европејците пак, имаа големи, оштри мачеви и тољаги, воинствена традиција и фанатична преданост на нивниот бог. Звучи познато?
Епа драги мои, (што би рекол Фрчко)- насилникот победува против цивилизираниот и мирољубивиот 10 пати од 10. Не велам дека државата не е корумпирана, дека не се прца скришно со special interest групи како корпорации, богати финансиери и слични бабароги. Не велам дека нејзината бирократија не е тромава, неефикасна и подмитлива. Не велам ниту дека не би ни било подобро без сите војски на светов.
Но алтернативата е страшна. Бидејќи нема никогаш сите држави наеднаш да престанат да постојат. Направете автономна територија, со директна демократија, апсолутна слобода и сите тие џезој. Да видите колку брзо ќе улетаат соседните држави да ви ги разграбаат богатствата.
А и да се случи тој симултан колапс на сите светски држави, таа језива количина на оружје нема волшебно да исчезне. Мора некој сето тоа да го чува и контролира. Мора некој да изигрува џандар, мора некој да го чува мирот, бидејќи ако само една армија (американската, руската, француската, сеедно) се оттргне од контрола, се фрагментира на фракции кои би се бореле за моќ, ќе се деси пандемониум. Пичвајз.
Патем, ги знаете сите тие служби кои секој ден ги користите без да приметите? Струја, чиста вода за пиење, патишта, здравство итн.? Без централна контрола и координација, мало морген што ќе останат на ова ниво на квалитет. Бидете спремни да се откажете од многу цивилизациски придобивки за вашата анархија. Дали сте подготвени за неа вистински?
Се` што ќе ви речам бачиња за крај е- be careful what you wish for.