Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Срамна реакција од Рашфорд на првиот гол. За вториот не знам што да кажам, ала автоголот на Мегваер со Севиља.

Касемиро со уште една просечна партија до сега. Настрана промашувањето зицер од 2 ипол метри.

Брои ли некој колку основни пасови промаши Ентони денес? Просто не ми се верува како може 100 милионски играч да не знае да погоди најосновен пас на неколку метри од него.

Марсијал полу-мртов, затоа и не играше претходните 2 утакмици. Далот треба да лета од тимов во прва прилика. Дечкото не знае каде тера дефанзивно.
Антони не се самопрогласи за 100-милионски играч. Пазарот и алчноста на Ајакс го направија таков. Реално, вреди околу 40-50 милиони. Далот има да скапе во Јунајтед, mark my words. Него прв му го продолжија летово договорот, до 2028 :pos: .
 
Ентони почна да користи и десна нога... Немогуче :D
 
Од каде ги најде тие 11 минути?
 
Продолжениево беше тешко за гледање. Лошиот фитнес левел на тимот уште еднаш доаѓа до израз, исто како да немавме играч повеќе.

Не ми е јасно зошто не ги пушти Гарначо и Пелистри, баш добро ќе дојдеше нивната енергија.
 
Се поправи Антони второто, имаше добар шут и проигрување до Бруно. Истата песна од лани, премногу лабаво ги отвораат утакмиците, среќа беа Нотингем па некако се вратија, иако после третиот гол се повлекоа. Играч помалце се, играш дома, имаш моментум, кој кур се повлекуваш и им сервираш 2-3 шанси повторно да ти изедначат? Да беа Сити/Ливерпул ќе гледавме дебакл ко лани со овој пристап.

И Далот ако лани имаше некој импакт офанзивно, годинава и за тоа не го бива. Ван Бисака и офанзивно почна да делува како Роналдо во најдобри времиња во споредба со ова телето. Ако отсуствува Шо повеќе од месец, нека носат некој бек или нека пробат со Фернандез од младите таму, ќе ни се еби мајката со ова дрвото ако треба таму да игра следните 10-15 утакмици.
 
Нека си ебат мајката со ваквите продолженија. За што тогаш му дава картон на Онана, ако секое време се надополнува?! Ова само ќе ги исцрпува играчите дополнително, психички и физички, ќе паѓаат тие минути каде лесно може да попиеш и гол ако се опуштиш предвреме. Се на се, 3 бода е супер ама уште со тешки нозе, со големи напори против еден Форест. Одбраната потсетува на ланскиот почеток. Тогаш барем го кривевме Мегваер. Сега ја нема црпката, ама еве ти го Варан стаклениот, со што му се зголемуваат шансите за минутажа на Мегваер. Се надевам ќе го шитнат негде следнава недела, и да се земе Тодибо.
Со Арсенал следната, со ваков пристап, многу тешко, бод би бил успех.
 
На тие кои ги спомнувате дека треба да летаат додајте ја и ќелавава превара на клупа. И тоа нека го води орото.
 
Се извадија некако. На 3-2 и црвен за противникот, ние се повлекуваме. Против мртвиот Нотингем, со играч мање, не можеме да ја контролираме средината, да не можат топка да земат. Не се толку боси играчите да во ваква ситиација не можат да ја контролираат средината и да им ја сокријат топлата. Сите од тројката во средина се технички подобри од противникот. Повеќе ми делува дека ќе е проблем куроболие и недисциплина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom