B
Beck's
Гостин
Kolku samo za volja na vistinata dobro e da se razjasni situacijata so igracot na nosilki, znaci toa bese zakacka megu igracot so broj 11 i Zahov. Igracot so nosilkite bas vo toj moment se najde tamu10 минута, шанса на Тиквеш преку Ивановски, сантиметри покрај гол. На 0-2, Тодоров имаше 2 чисти шанси, можеше да бие кај сака ама мало е детето(18 год), му се пресекоа нозете. Почеток на второ полувреме, шут на Куреж од 18-20 метри, Талевски со парада исфрла во корнер. По корнерот, Мојсов или Цубара не видов најдобро шут со глава, Талевски со врвот на прстите избацува во нов корнер. Кажи ми ти за акциите на Шкендија. Бев на лице место, ја гледав утакмицата. Баш напротив, Шкендија освен головите и шансата на Максимов во 1-ва минута, ништо друго не одигра. Повеќе ја држеа топката можеби, меѓутоа немаа ниту една шанса.
Срамно однесување на играчите и дел од управата (не тренерот). Прво полувреме немаше апсолутно ниту една пцовка, ниту едно националистичко скандирање. Дава Шкендија гол за 0-2, се врти Адили штоперот накај публиката АЈДЕ БЕЕЕ, АЈДЕЕ почнува да се дере и да покажува орли. Излегува Елези, пред да излезе застанува на 5 метри од аут линијата и му текнува да ги спушта штуцните и да си ги вади костобраните, истовремено провоцирајќи накај публиката. Второ полувреме, секој контакт по 10 минути имаше лежење од страна на Шкендија што наиде на револт кај целата публика. Пази, излегува повреден играч на Тиквеш, веројатно е потешка повреда(најверојатно лигаментите на колено страдаат), го изнесуваат со колички и додека поминуваат пред клупата на Шкендија станува еден од службените лица и му јаде гомна, по што настана голема гужва. Значи збориме за повреден играч, го носат со носилки, типот врескаше од болки и се наоѓа некој паметен почнува да јаде гомна со намера да се исценира инцидент.
Тиквеш, според мене, оштетен за пенал во првото полувреме и играње со рака на 18 метри од голот во второто, при што судијата даде предност во ситуација бидејќи топката беше во посед на Тиквеш, а од друга страна веќе беше мртва акција дека топката отиде кај корнер, и играчот беше опкружен со 3ца играчи на Шкендија. Исто, Шкендија првиот жолт картон го доби во 85та минута, додека играчот со број 10, мислам дека беше Красниќи имаше неколку дуели со Спиркоски кај нас, имаше 5-6 фаули веќе во 20та минута и натпреварот го доби без жолт картон.
За крај, имаше 4-5 души, обични гледачи на Шкендија, едниот носеше дрес Муслиу од Инголштад, не му фалеше влакно од главата на никој, без никаква провокација. Си дојдоа на утакмица луѓето, си седнаа на крај на трибина, опкружени со фанови на Тиквеш, си ја изгледаа раат утакмицата, си отидоа после. Дали во Тетово е возможно да се направи истото во обратна улога, односно да дојдам во дрес на Мојсов од АЕК Ларнака, да си ја изгледам фино-лепо утакмицата на главна трибина и да си отидам без ништо да ми биде?