Тасос - островот на сирените

Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Мислата ми беше дека Теологос е само една загушлива улица со фурни
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.029
Поени од реакции
954
da, no imase dobro meso vo furna, bevme da rucame, a potoa se spustivme vo limenaria kade sto imase kade da se proseta, sekako e na pat kon teologos.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
557
Мене ми сменија од агенцијава наместо Лименас во Скала Потамиа, да потсетам.
Помало место, ама па за на плажа бевме 100м оддалечени, тука е најголемата плажа Голден Бич. Иако на прв поглед ми се чинеше многу мало местово, има доволно таверни за да не биде досадно (ако сте тргнати за мирен одмор). Вечера мене и девојка ми не фаќаше 20-25 евра - 5е пола литар вино, 7е голема порција гиро со гарнир, 6е грчка салата. Само што во 23 часот 90% од чаршијата се празни.
Кригла на Голден е 4е. Плажата е огромна, има многу место и за свој сонцобран. Убава е плажата, ама не нешто посебно (како Марбл Бич и Макријамос).

Бевме и до Лименас, таму има највеќе луѓе и нормално највеќе ресторани, барови, бутици. Мислам дека е најдобро таму да се сместите, јужниот дел (Лименарија и Потос) не ми се допаднаа многу. Зошто? По мене двете најубави плажи се Макријамос и Марбл Бич, тие се од Лименас едно 5-8км и од Скала Потамиа 12-15км, додека се многу далеку од јужниот дел. Водата има најубава боја во тој североисточен дел. Второ, многу повеќе шума има во тој крај, јас пошто обожавам зеленило јужниот дел ми изгледаше некако тажно. Посебно кај Алики каде имало пожар и кога ќе се свртиш од плажата гледаш само голи карпи и ќумурисани дрвца.
Автобуси има само до 16 часот у правецот Лименас - Скала Потамија и картата е 2е у правец. Но, автобусот не ве носи до Макријамос или Марбл, има од главниот пат до плажата едно 3-4км. Значи или изнајмување кола/скутер или автостоп. Фини се луѓето, одма застануваат и те префрлаат до плажа без никаков проблем.

Се на се, фино островче за одмор, секако не е за луѓе кои бараат забава или да најдат некого.
 

mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
799
Поени од реакции
525
Сакам накај 10 ти јуни да одам тасос
со сопствен превоз и на сопствен закуп
кај да се смесатм на кој дел од островот,несакам забави гужви туку само плажи
дали на страната кај што гледа на краците или на другата страна,на кој дел се убавите плажи?
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.762
Поени од реакции
8.022
Сакам накај 10 ти јуни да одам тасос
со сопствен превоз и на сопствен закуп
кај да се смесатм на кој дел од островот,несакам забави гужви туку само плажи
дали на страната кај што гледа на краците или на другата страна,на кој дел се убавите плажи?
Skala Potamia, без да се мислиш... на средина ти е се. Плус некогаш кога нема да шеташ со кола, таму ти е Golden Beach.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Сакам накај 10 ти јуни да одам тасос
со сопствен превоз и на сопствен закуп
кај да се смесатм на кој дел од островот,несакам забави гужви туку само плажи
дали на страната кај што гледа на краците или на другата страна,на кој дел се убавите плажи?
Потос е најдобро.
 

mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
799
Поени од реакции
525
Потос е најдобро.
Кој да послушам потос или скала потамиа зашто потос зошто скала потамиа, сакам да сум поблиску до убајте плажи ... Кажвајте оти утре сакам да уплаќам
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Кој да послушам потос или скала потамиа зашто потос зошто скала потамиа, сакам да сум поблиску до убајте плажи ... Кажвајте оти утре сакам да уплаќам
Ако си сместен во Потос, имап навечер каде да прошњташ, блиску си до манастирот, до базенот гиола, до многу од убавите плажи.
А во Скала Потамиа ти е само Голден бич. Друго ништо нема, пустелија. Од подобрите плажи блиску е Парадајс (15 -20 мин. со кола) и Макријамос (исто 15-20 мин.).
Додека до Потос имаш доста многу плажи и каде да прошеташ.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.762
Поени од реакции
8.022
Кој да послушам потос или скала потамиа зашто потос зошто скала потамиа, сакам да сум поблиску до убајте плажи ... Кажвајте оти утре сакам да уплаќам
Ако ти се иде за плажи, еве сам си види и процени:
https://nikana.gr/sr/vodic/tasos/plaze/1593/top-10-najlepsih-plaza-na-tasosu

Ако ти се вози секојдневно по 20/40km за најубавите плажи иди во Потос (y)
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.139
Поени од реакции
13.263
Ако немаше превоз ќе ти речев Потос, бидејќи е пораздвижен навечер, подобро е опремен со превоз, може до неколку плажи убави да стигнеш пешки. Ама во случајот чим имаш превоз, Скала Потамија ти е подобра опција, бидејќи се наоѓа на точно пола пат од се, и што и да ти текне не е премногу далеку. Плус морето во Скала Потамија е мн поубаво од Потос, Потос и Лименарија плажите се ко Нидри во Лефкада, значи супер за шетање, ама да не одиш на таа плажа. Единствено далеку ти е западната страна, ама таму нема ништо, пожар мислам ја имаше зафатено, таа да од источната страна блиску ти се сите. На кра краева, Скала Потамија ти е доста поблиску до местото каде што остава траектот отколку Потос, може да ти менува ако си уморен од патот.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669

Да пише некој збор два дали хотелов се наоѓа на добра локација или да барам некоја друга понуда...
 

Erh

Член од
29 март 2022
Мислења
1
Поени од реакции
0
Сакам да одам во Грција (Тасос) ова лето, со сопствен превоз. Имам положено пред година дена, а колата со која што сакам да одам е со поголеми киловати. Дали би имал проблем на граница и во Грција ? Ви благодарам
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.697
Поени од реакции
18.971
Ја видов темата и морав да чкртнам нешто :)
Сум била Тасос пред 4/5 години, тоа ми беше еден од најубавите ако не и најубав одмор.
Прекрасни плажи, тиркизна вода, тавернички, едноставно совршено.
Септември бевме па не беше многу пекол.
Сместени бевме во главното градче Лименас, навечер беше ептен "живо" градчето, таверни, кафичи, раздвижено со туристи, милина.
Во стариот дел на градот имаше плажи, често одевме натаму, претежно Срби држеа шанк барчиња, имаше една Србинка Сека :) кај неа кисневме.

Цените во таверните и на плажите изненадувачки ефтини за наш стандард, споредено со другите места во Грција кај што сум била.

Посетивме и неколку плажи подалеку, со бродче бевме и Салиара, мермерна плажа што ја викаат, прекраснотија. Screenshot_20220329-155200~2.png
Тасос има убави плажи во изобилство, ако се оди со кола цел остров обавезно да се прошета, вреди секое местенце, има и интересни традиционални селца со богата историја, Панагија, Рахони и многу други.

Во близина на Лименас имаше еден резорт " Ла Скала " е тука малце беа посоленки цените ама вреди секое евро потрошено :)
За млади е измислено.

Ако е се како шо треба со ковид рестрикции, во план сум да го посетам оваа година пак :)
 
Член од
28 април 2009
Мислења
750
Поени од реакции
507
Искуство некој со одмор на Тасос во септември. Планирам да одам од 10 Септември, а со оглед на тоа дека сум со дете ме интересира дали има некој одено тој период па некој да сподели искуство. Лани бев на втор крак тој период и морето беше одлично за бањање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom