Кој оператори мрдаат?
Телеком што мобилната тарифа М место 60гб нет - пред 2 години поштишан договор сега е 20 гига нет со можност за 6 месеци 5џи?
На секој оператор можеш да му најдеш замерка ако сакаш да побараш.
За Комбо Боксот зборено е низ темиве, на Телеком безжичната варијанта колку е? Јас ко што прашав последен пат 15 со 1. на Мтел да не праиме воопшто муабет, таму 1000+ денари треба да платиш за да имаш околу 100 гига нет дома
Мислам дека ме сфаќаш што сакам да кажам.
е сеа, ај те молам објасни ми како и со што другите оператори газат?
Тие се тарифите што да се прај таква ни е државата и такви ни се платите. А1 МК - 5 Понуди:
А1 Nova XS - 4GB 4G интернет и неограничени разговори и смс = 499
A1 Nova S - 60GB 4G интернет и неограничени разговори и смс =899
A1 Nova M - 150GB и неограничени разговори и смс = 1099
A1 Nova L = 150GB и неограничени разговори и смс = 1299
A1 Nova XL = 150GB и неограничени разговори и смс и 100 меѓународни разговори = 1599
Со A1 Nova M, L, XL = нет сеф од 100GB со опција за размена
A1 Nova S = нет сеф од 50GB
5G вклучен во M, L, XL, додека за останати тарифи се активира за 99 денари со вклучениот интернет во претплатата или 599 денари со вклучен неограничен интернет при кој се добива и 5G.
Има една специјална тарифа за припејд корисниците да се префрлат на постпејд - A1 Special+ при која се добива 10GB 4G интернет и неограничени разговори и смс како и 2.5GB во роаминг Западен Балкан за 349 денари/месечно.
Во А1 можеш да потрошиш 250GB интернет од тие од вклучените и од сефот фактички ти е неограничен интернет со политика на фер користење. Кај А1 ти се намалува брзината, кај телеком те кинат ти наплатуваат за секој дополнителен МБ или да си купиш интернет пакет. Телеком ти се со подобра покриеност, А1 се послаби ама затоа поефтина опција за дома.
Lycamobile најефтини припејд пакети - за 200 денари имаш 5GB интернет и неограничени разговори и смс, за 399 денари имаш 12GB и неограничени разговори и смс, за 499 денари имаш 22GB и неограничени разговори и смс и има пакет со 30GB(1GB на ден) и неограничени разговори и смс за 499 денари.
Телекабел - 160GB и неограничени разговори = 800 денари/месечно.
GREENMOBILE = 8GB и неограничени разговори и смс =499, 80GB и неограничени разговори и смс за 830 денари, неограничено се за 1000 денари. Ја користат мрежата на А1 и ги има и во Скопје, а сопственици се Cable call и КДС КАБЕЛНЕТ.