- Член од
- 16 април 2014
- Мислења
- 7.484
- Поени од реакции
- 12.073
Не бе брат грешка си, од Алкалоид играчи зема. Не смее да се пофали Киро, само кога е за хејт работава, тогаш смееш да го спомнеш.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Хамбург 2013та финалето играше таква одбрана против Барса.На времето во Пелистер се форсираше 3-2-1 одбрана и имаше доста солиден учинок со таква "хаотична" одбрана, таа одбрана бара многу движење напред назад но не е потребен голем физикус на обрамбениот играч туку паметно да се покрива сопствената зона и делумично покривање на соседниот твој соиграч. Ова одбрана имаше голем успех но се правеа дури по 3-4 измени напад/одбрана и на ваков брз ракомет таков вид на одбрана е тешко издводлива освен ако ротираш на секој 10 мин играчи за да бидат свежи.
Одбрана 6-0 е најдобра за било кој напад со делумично уфрлање напред во 5-1, а 3-2-1 одбрана може да се искористи само во моменти да направи притисок.
Физички инфериорни секогаш сме биле во споредба со Унгарците, ама не и сега Кара + Самоил =Последен пат победивме унгарска репрезентација мислам дека беше бараж за ЕП негде во 2004? Тогаш ги добивме во Битола и ја памтам таа утакмица - тесно ја добивме и реваншот тесно го изгубивме, ама севкупно недоволно. Уште еднаш ги имаме добиено сениорите во едни квалификации во 90-тите и една нивна кадетска екипа исто на тоа прво првенство што учествувавме мислам. И толку. Жените пак ниту еднаш не победиле унгарска репрезентација.
Браво за децата! Срцево ми се наполни! И тоа да ги спуштиш на само 20 гола! Секоја чест!! Галец одличен денес, Калајџиевски исто и Самоил на линијата на 6 метри, па и назад. Можевме и поубедливо и порано да се стекнеме со предност. Пресуди на крај и мотивацијата кај нас. Тие беа малку паднати по поразот од Португалија и ремито со Хрватска. Ама небитно за нив. Ние сме најбитни, а ние изигравме одлично и покрај тие 20+ технички грешки. Топ 10 во светот за дечкиве е супер!
И да, единствена европска репрезентација сме што цело првенство игра против европски репрезентации. Не одигравме ниту една утакмица со неевропска земја. Последнава утакмица ни е со Чешка. Добра увертира за следното ЕП!
И да, единствена европска репрезентација сме што цело првенство игра против европски репрезентации. Не одигравме ниту една утакмица со неевропска земја. Последнава утакмица ни е со Чешка. Добра увертира за следното ЕП!
Биелецки, Јурецки, Лијевски, Јашка, Јуркиевич, Грабарчук, Јаклевски, Заремба, Кучунски, Глински, Росински...Која носталгија.Таа генерација во Полска изгуби од Полска благодарение на судиите кои криминално судеа во корист на Полјаците. За нив играа играчите што ја носеа Полска со години после кон самиот врв.
Точно!Чисто за споредба, ова ќе биде по пласман 3 најдобар резултат на наша кадетска или младинска репрезентација, а по игра реално и 2 најдобар.
Се мачиме во напад фали Митев, и некако помалце трчаме и многу поспоро играме шо не беше случај во првите 3-4 натпревари, но сепак водиме +2.Водиме 13-11 на полувреме против Чешка, милина се за гледање момците.
Мирче Калајџиески![]()
![]()
![]()
![]()
North Macedonia vs Czechia | Placement | 2023 IHF Men's Youth (U19) World Championship - YouTubeДаваат негде? Или пратете линк ако има.