2. Резултатите на Интер се разочарувачки како што и самиот спомна, требаше да бидеме барем 10 бода пред вас два пати, но не бевме. Ти тоа сакаш да го прикажеш како доказ дека не сме биле класи подобри. Не е. Тоа е само доказ дека сме потфрлиле во првенството.
*Велам „беше“ затоа што од оваа година се менуваат работите, ние сме послаби од година од година и само се храбриме дека еве замените биле јаки и не било страшно. Вие од друга страна земавте многу играчи што на долг рок можеби ќе е добро ама на почетокот ќе страдате додека заличи тоа на нешто. Па ќе видиме.
И сега мислам дека Интер е подобар од Милан и фаворит за титула. Иако лани мислев дека сте и поголеми, но тогаш со Џонтра исто го тупевме пред да почне сезоната, само проблемот беше што сум ги сметал Интер за фаворити, додека сега истиот тој пишува дека цело време Интер е за класи посилен. А лани Интер беше и посилен од овогодишниот, сезоната ја почнавте со Шкриниар, Брозовиќ и Лукаку.
Моментално Милан ми е некаде на трето/четврто место.
И мислам дека вториот дел од ланската сезона, не е најдобар пример за квалитетите на Милан. Ептен се распаднавме тогаш. Ако претходно и сме освојувале повеќе бодови од што требало, играле подобро од што сме можеле, во тој период работите отидоа во сосема обратен правец и играта и резултатите беа полоши од можностите на тој тим.