- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.975
- Поени од реакции
- 12.396
Па не би се согласил дека станува збор за неинформираност и наивност на слепи верници.Повеќе би го нарекол неинформираност, наивност, слепи верници.
Еве ти пример што би можеле да ископираме и притоа да останеме будни, а не слепи верници:
Самиот факт дека западните држави се повеќе ги бришат историјата и културното и литературното наследство од образовните програми, говори дека самите држави сакаат да создаваат неписмена младина, а со тоа и уште понеписмена раја, отколку дека станува збор за неинформираност и наивност на слепи верници.
Јас до денешен ден ги помнам некои од најнеписмените соученици од мојата генерација како дудуци кои не можат да најдат држава на мапата на светот, а не па да ја знаат нејзината историја, па макар и само поновата историја од крајот на 20-от и почетокот на 21-от век.
Како што тие тогаш беа задоволни со двојки по историја, така и денешните дудуци - кои за жал се размножуваат како глувци и се повеќе и повеќе ги има во изобилие, наместо да се намалуваат со секоја помината генерација и постепено да исчезнат од населението - се задоволни со двојки по историја.
Историјата е досадна и неинтересна, говори за настани од минатото, додека сегашноста ене ја каде е - во дискотеките, во спортските сали, на локални спортски игралишта низ населба, во теретаните, во трговските центри, на кафе муабет седенка во локалниот кафе бар.
А сега со таканаречените паметни телефони и Интернетот - кој никогаш не ни беше замислен за да биде средство за тепање на време и досада - еден тон таканаречени апликации за тепање на време и досада, младината и рајата си имаат безброј други поинтересни и позабавни занимации од историјата која секогаш им се повторува на тие кои не си ја научиле.
Последно уредено: