Веќе почнува футбалска сезона, па почнав да ги мислам головите. Според вас кој е најчест резултат во фудбал, прво полувреме, во второ полувреме и конечен?
Според мене во прво полувреме е: 1:0/0:1
Второ полувреме е обично со просек од 2 гола различно распределени
И најчест резултат е 3:0 за фаворит дома и гости и 1:1 за тврди утакмици.
Подобра опција ти се прогресиони тикети на X (нерешен резултат) од некоја екипа од Championschip (втората лига, не подолу).
Барај екипа која има горе долу иста прва постава, ист тренер, ист кондицион тренер, што одиграла 13+ нерешени последните 2 сезони и барај опции од каде ќе може да товариш пошто од 1 кладилница ако се кладиш може да те ограничат во уплата.
Секако треба добра банка за да издржиш минимум 10 кола додека закачи прв X.
Во просек ако има 15 нерешени на 38 кола ти иди супер и имаш шанси малку од малку да направиш буџет со цел да имаш понатаму да се кладиш следна сезона на нешто друго.
Сигурно нема да се обогатиш но ќе бидеш во константен плус бидејќи добивката секогаш ќе ти биде третина од влогот.
Мислам дека некаде имав и пресметни во ексел до 10 коло со минимален влог кога сум почнал ова да го играм, во 2014 беше прекинав заради тоа што парите ги вложив во годишен одмор.
Пример, некаде до 6 коло немаат X изиграно, ти прогресивно си уплаќал пари и си стигнал до некоја сума од 400еур влог (лупам), чистиот ќар ти е третина од сумата.
Си бара малку среќа, многу трпение и неколку кладилници на располагање (што онлајн, што локални).