Тапа трансфер период досега.
Ако ги исклучиме арапите, нема (сеуште) некои јаки трансфери. Реал најверојатно направи добра работа со Белингем, Арсенал исто фрлија пари за неколку нови играчи. Другите онака по некој трансфер (Јунајтед со Онана и Маунт, Ливерпул со тој маџарот Сзсзсзсзсзбоболасзсзсзси и МекАлистер, Барселона со Гундо, Интер со Маркус Турам, Милан 2-3ца играчи, ПСЖ 2-3ца итн.), трансфери кои изгледаат далеку од лоши, ама не се нешто огин трансфери со фрлање многу пари.
Минатото лето мислам дека беше многу поразвдижено на пазарот.
НО, евентуалниот трансфер на еМбапе (кој е се поверојатен) во Реал може да направи домино ефект и да се случат неколку јаки трансфери во последниот месец од преодниот рок. Пошо, ако си иде нинџата, ПСЖ сигурно ќе фрлат доста пари на негова замена (па клубот кој ќе се офајди исто така може да лупне пари за негова замена и се така).
Интересен домино-ефект (т.е. ланчана реакција во поглед на завршувањето на трансферите еден по еден) имаше во 2013та, кога буквално трансферот на Бејл од Тотенхем во Реал зависеше од тогаш 19-годишниот и релативно непознат Анте Ребич, поточно од неговиот трансфер од Хајдук во Фиорентина.

Се сеќавам тогаш се чекаше Ребич да потпише за Фиорентина, за да Фиорентина го пуштат Адем Љајич во Рома. На Рома им требаше да потпишат со Љајич, за да го пуштат Ламела во Тотенхем, кои пак го чекаа потписот на Ламела за да го пуштат Бејл во Реал.
Што би рекол еден поранешен претседател на РМ, изгледа
шашаво ама така беше.