Некој со семеен пакет од Телекабел да сподели искуство со квалитетот на услугите?
Долго време сум на А1, освен што немаат веќе што да ми понудат подобро од стариот пакет, се поскапи и поскапи се.
Телевизијата им е 0.
Каков е оптичкиот нет на телекабел? Стабилен ли е?
Колку сте задоволни со моб. интернет и мрежен сигнал?
Оптичкиот нет беше супер, дури не ми ја сменија опремата, сега брзина има, ама им паѓа, бавно лоадира видеа, се случува на сред видео да прекине, ама тоа со новиот модем, со стариот се беше супер... Тв ја оправија, имаа слабо ХД канали, сега се добри,има доста во ХД, е сега нема ХРТ и Раи, и има канали што им се повторуваат како МРТ 1,Сител Ск1,2,3 ама тоа е ради Хд И СД... Мобилен користев до скоро, ама прекинуваше многу често, соговорниците не ме слушаа, па морав јас да им се јавувам, а бев со 200 минути, па ги надминував ради тоа, и цело време велеа работиме да го поправиме тоа, и така 2 години... Неможеш да пратиш Смс за паркинг, нити донација, едино нешто позитивно е 2 денари Мб во роаминг, и 8 денари дојдовен повик....