Не е глупо Лепи! Така е сегде во нормалниот свет!
Посебно за старите градови со стара архитектура… нема шанса нешто на фасада да смениш! А знак прашање дали и отпозади зградата и како може да се инсталира… триста дозволи и одобренија ќе му треба на некој..
И новите згради не смеат да се нагрдуваат, или треба во дизајнот предвидено место кај што нема да бидат видливи климите(или централната климатизација)!
Во Велес барем е дива лига.. сите нови згради начичкани со клими како во Индонезија! Кој под прозор, кој лево, кој десно, кој на тераса, кој една, кој три… како им дошло, како им се ќефнало!
Покрај една зграда минам секој ден. Пред да ја пуштат да се вселат луѓето, убаво изгледаше! Баш како на рендерот и на маркетиншките слики. За една година ја упропастија! Баш во очи паѓаат сите надворешни како тумори на зградата! И да биде уште потрагично, на паркингот лупнале и огромни ВРФ за деловните простории на приземјето..! Ужас личи!