ИТ фирми и пракси во Скопје

Z

zmej gorjanin

Гостин
Во индустрија со толку можности да земеш ко девелопер да се оправаш у мк фирма зошто те избркале и да бараш да те вратат е губење на скапоцено време од животот.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.500
Поени од реакции
3.740
Не, за редовно вработен мора да има причина зошто му даваш отказ на некој.
Не е толку лесно, али проста е причината, нема работа, технолошки вишок се, повеќе среќа нареден пат. Ако имаат отворени огласи си им финти да ги извртат позициите за да се заобиколи законот.
Не сфаќам, може што сака да лупне тука. Ќе пише, вработениот не ги изработи работните задачи или слична глупост и ќе го шутне.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515

Не е толку едноставно, затоа си имаат правници и некогаш најефтино е да му дадеш одреден број на плати само да ти се тргне од платен список.
Лично откако работам имам видено само еден човек да добие фирма на суд поради неоснован прекин на работен однос, и тоа беше поради импулсивна реакција на директорот, во спротивно ќе му најдеа чарето.
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
1.000
Поени од реакции
1.303
Жално, ама ова е точно. Јас работам како Automation QA, сум гледал по интервјуа какви луѓе доаѓаат и какви CV се праќаат. Катастрофа е реално, позицијата е унаказена. Тоа го направија академиите и генералната заостанатост на компаниите во Македонија зад светските стандарди. Кога почнаа да им бараат задолжителен QA по договори, земаа од улица луѓе и ги ставија да кликаат само. После тоа академиите почнаа да рекламираат како за две недели ќе те направат инженер без две линии код да си видел во животот. И затоа ќе има по 350 апликации и ќе има муабети како некој станал QA заради тоа што не знае код. Ова дополнително придонесува да се деградира QA позицијата, а постојат многу квалитетни инженери со кои сум работел лично и кои имаат сериозен импакт и одговорност на огромни проекти. Ама и генерално голем дел од позициите во ИТ ги направија каша попара од неквалификуван кадар. Лошо само за тие што сега почнуваат и стварно ги бива, покрај толку апликации лесно се случува да не можеш да дојдеш до израз.
Ти бе со ова егоизам и се од каде учеше, да не имаш некоја sacred book библија па си изучил олку и се останато е катастрофа?

Као демек за тестер да не треба да знам и да ти го погодам кафето и да имам искуство како шанкер можеби 3+ години? :)

Брееј идиоти, сте го прескокнале делот каде што мајндсетот треба да си помагате меѓусебе итн, ти одма со осуди итн, Простотилак ако не цел пост, скоро цел.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.364
Поени од реакции
26.412
Не сфаќам, може што сака да лупне тука. Ќе пише, вработениот не ги изработи работните задачи или слична глупост и ќе го шутне.
Работните задачи мора да бидат во линија со описот на работната позиција што ја поднел кога ја регистрирал позицијата во завод за вработување. Фирмата мора да докаже дека на работникот му дала доволно време, доволно обука, и доволно поддршка да ги заврши работните задачи. После тоа, дека бил доволно квалификуван баш него да го изберат за такви работни задачи.

Едноставно, не е исплатливо за ниедна од страните да се замара со тоа, има доволно фирми, немаш потреба. Ама ако се заинаети некој, воопшто не е едноставно да се даде отказ. Мислам дека нашите судови над 95% од случаите одлучуваат на страната на вработениот.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.420
Поени од реакции
18.583
Ваљда во причина може да биде било што банално? Мислиш дека тоа "неопределено" има некоја тежина?
Да има, не ова америка. Чудно е луѓе што зимаат по неколку к плата да не им се јасни овие работи.
Автоматски споено мислење:

Не е толку лесно, али проста е причината, нема работа, технолошки вишок се, повеќе среќа нареден пат. Ако имаат отворени огласи си им финти да ги извртат позициите за да се заобиколи законот.
Не може да прогласиш рандом 20 луѓе технолошки вишок. Мислиш фирми како евн со 2000 вработени се будало што не даваат решенија?
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.550
Поени од реакции
2.726
Мене ми изгледа прилично сериозна работава, огласите се сведени на минимум (во поголемите фирми веќе и нема воопшто отворени огласи), од пријатели што имам во други фирми скоро секаде има многу на бенч и нема проекти, а и кај нас е исто. Мнозина од фирмите што ги знам се фрлени на cutting costs. Не сум многу долго во индустријава па не знам дали имала слична криза како во моментов.
Не знам зошто се исклучува можноста за бркање на работници, мене лично ми изгледа прилично реална.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.420
Поени од реакции
18.583
Баш затоа и пишав, нека не ве лажат со глупости како две плати. Дур не рикне цела фирма со наш закон имате многу голем левериџ и нема да останете без работа. Никој не им е крив што давале решние.

Само како пример, Т мобиле плаќаше 20000 евра отпремнина за да избрка некој, евн прераспределува вработени од делчево во гостивар и тн. Тоа се фирми со многу поспремен правен тим и знаат што праат.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Мене ми изгледа прилично сериозна работава, огласите се сведени на минимум (во поголемите фирми веќе и нема воопшто отворени огласи), од пријатели што имам во други фирми скоро секаде има многу на бенч и нема проекти, а и кај нас е исто. Мнозина од фирмите што ги знам се фрлени на cutting costs. Не сум многу долго во индустријава па не знам дали имала слична криза како во моментов.
Не знам зошто се исклучува можноста за бркање на работници, мене лично ми изгледа прилично реална.
Работата е сериозна од поодамна, сега ќе станува критична, а и да дојдат нови проекти нема да се вработуваат толку луѓе. Само малите фирми бевме погодени порано од големите, исто зависеше од кои држави ти се клиентите.

Баш затоа и пишав, нека не ве лажат со глупости како две плати. Дур не рикне цела фирма со наш закон имате многу голем левериџ и нема да останете без работа. Никој не им е крив што давале решние.

Само како пример, Т мобиле плаќаше 20000 евра отпремнина за да избрка некој, евн прераспределува вработени од делчево во гостивар и тн. Тоа се фирми со многу поспремен правен тим и знаат што праат.
Се надевам не си сериозен со муабетов :ROFLMAO:
 
Во договорот имаш една клаузула обично дека ако една од двете страни реши да го раскине работниот однос може да го направи тоа. Кај работодавецот обично стои дека на работникот му се дава месец дена отказен рок да ја напушти фирмата, а кај вработениот тој отказен рок за фирмата знае да биде до три месеца. Ко што ти можеш да си најдеш кога сакаш нова работа и да си ја дувнеш, така и работодавецот може да те избрка кога сака ако не е задоволен од твојата работа.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.420
Поени од реакции
18.583
Работата е сериозна од поодамна, сега ќе станува критична, а и да дојдат нови проекти нема да се вработуваат толку луѓе. Само малите фирми бевме погодени порано од големите, исто зависеше од кои држави ти се клиентите.

Се надевам не си сериозен со муабетов :ROFLMAO:
Види не знам за тебе, вајда и моеш да ја затвориш фирмата и отвориш пак. Ама Ендава, Сивус и тн, сигурно нема да пропаднат.

Веќе еднаш дискутиравме на темата за законот за работни односи и баш и не го познаваш. Да не ја тераме натака, не ми е целта да се натегам. Ова е поиште тип за останатите вработени нели, сепак си газда па имаш и спротивен интерес тука (но офенс).

@Inglourious Basterd е најрелевантен на темата за ит секторот, па така и за ова знае што збори. Ако не му верувате, зборнете со некој HR во голема фирма, не овие децата во ИТ фирмите, и ќе ви ги каже истите факти. На суд фирмата ќе ве добие за отказ само ако ве фатила на грешка, и тоа на папир. Не викам дека е паметно да се тегнете на суд за ваква работа, али ете, чисто да знаете.
Автоматски споено мислење:

Во договорот имаш една клаузула обично дека ако една од двете страни реши да го раскине работниот однос може да го направи тоа. Кај работодавецот обично стои дека на работникот му се дава месец дена отказен рок да ја напушти фирмата, а кај вработениот тој отказен рок за фирмата знае да биде до три месеца. Ко што ти можеш да си најдеш кога сакаш нова работа и да си ја дувнеш, така и работодавецот може да те избрка кога сака ако не е задоволен од твојата работа.
Значи појма немате што зборите, сва среќа има пари во секторов и знаете да куцате иначе господ не ви помага. Ќе ве возат како сакаат. Не смее да те избрка без причина пред да ти истече договорот.

Не знам каква клаузула имаш ти у договорот, може да стои и дека газдата ќе те ебе во гз, ама таа ништо не значи на суд. Важи само тоа што е опфатено во законот за работни односи.
 
Последно уредено:
Z

zmej gorjanin

Гостин
Види не знам за тебе, вајда и моеш да ја затвориш фирмата и отвориш пак. Ама Ендава, Сивус и тн, сигурно нема да пропаднат.

Веќе еднаш дискутиравме на темата за законот за работни односи и баш и не го познаваш. Да не ја тераме натака, не ми е целта да се натегам. Ова е поиште тип за останатите вработени нели, сепак си газда па имаш и спротивен интерес тука (но офенс).

@Inglourious Basterd е најрелевантен на темата за ит секторот, па така и за ова знае што збори. Ако не му верувате, зборнете со некој HR во голема фирма, не овие децата во ИТ фирмите, и ќе ви ги каже истите факти. На суд фирмата ќе ве добие за отказ само ако ве фатила на грешка, и тоа на папир. Не викам дека е паметно да се тегнете на суд за ваква работа, али ете, чисто да знаете.
Автоматски споено мислење:

Значи појма немате што зборите, сва среќа има пари во секторов и знаете да куцате иначе господ не ви помага. Ќе ве возат како сакаат. Не смее да те избрка без причина пред да ти истече договорот.

Не знам каква клаузула имаш ти у договорот, може да стои и дека газдата ќе те ебе во гз, ама таа ништо не значи на суд. Важи само тоа што е опфатено во законот за работни односи.
Еве јас сум ти сведок за во наша фирма дека на три спринта не беа постигнати sprint goals по што тим лидот си попи отказ и не верувам и дека проба да се враќа у фирмата.
 
Член од
15 јуни 2014
Мислења
316
Поени од реакции
301
Еве јас сум ти сведок за во наша фирма дека на три спринта не беа постигнати sprint goals по што тим лидот си попи отказ и не верувам и дека проба да се враќа у фирмата.
Да, ама исто така, не знаеш колку плати добил за да го отпуштат. Најчесто се 2-3 плати, кога има поголем layoff, пример, DigitalOcean во Февруари, сите добивме по 5 плати + бонус за '22.
 
За тоа не знам ништо, инаку свака част ако си работел за DigitalOcean :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom