- Член од
- 3 ноември 2009
- Мислења
- 6.913
- Поени од реакции
- 40.852
Види ги бе колку се бедни, види ги, отишле да снимаат села запустени каде што едвај живуркаат по 500 жители претежно старци.
Discover Popular Videos | Facebook
Facebook Watch is the place to enjoy videos and shows together. Find the latest trending videos, discover original shows and checkout what's going on with your favorite creators.fb.watch
Ново Село, Умин Дол, Лубодраг, Речица, Режановце, Нагоричани, се дел од кумановските села населени главно со Македонци и Срби, а ниту едно домаќинство нема броило надвор од ѕидовите на куќата.
И тие што се во овие села се од стари модели - оние пред 2005 година.
Највисоката сметка за енергија, на пример во Умин Дол, во текот на изминатата зима беше 3800 денари!
За разлика од македонските и српските села, во општина Ликова и во албанските маала во Куманово нема село каде што броилата не се на електричните столбови на улица.
„ЕВН ги обвинува Албанците дека краделе струја, а ја легализирале кражбата од Македонците“, обвинуваат Албанците од селата Ликова.
„Додека не ги видиме сите македонски и српски куќи со броила на бандерите, никогаш нема да дозволиме да ги извадат и нашите од куќи“, се закануваат жителите на Слупчани, Ликова.
Според последниот попис:
Ново Село - 277 жители
Умин Дол - 381 жители
Лубодраг - 718 жители (најмногу)
Речица - 479 жители
Режановце - 577 жители
Нагоричане - 493 жители
Вкупно од сите набројани села има 2925 жители.
Во меѓувреме:
Липково - 2138 жители
Арачиново - 7991 жители
Студеничани - 8004 жители
Вкупно 18.133 жители само од овие три села кои беа актуелни последниве денови со струјата, а да не збориме за Грчец, Кондово, Батинци, и цела Западна Македонија. Само едно село Липково во кое 80% од куќите краделе струја има приближно жители колку сите овие Македонски/Српски села заедно.
Не ги правдам ниту овие, сите треба подеднакво да си плаќаат колку потрошиле никој не е должен да плаќа нечиј долг, ама нели ви е срам бе, вакви селца да ги споредувате со општини како Арачиново и Студеничани?
Ајде нека ги извадат сите бројки од ЕВН по село, кој колку плаќа, па да го видиме процентот на вкупни плаќачи и кај едните и кај другите. Нели ви е срам бе вакви работи да правите и да постирате тука демек еве и Македонците не плаќаат.