Верувале или не, вчера за првпат го гледав Егзорцистот
Филмчето е добро. Ма како добро - одлично е.
Приказната е супер, на почетокот беше малце досаден филмот но ок е...
Е сеа имам една мала критика кон филмот. Во филмот апла со форсираат цигарите. Незнам зошто. Во секоја втора сцена или се пуши цигара, или се бара цигара, или цигарата стои на масата. Изгледа во тоа време ги популаризирале цигарите и тутунската индустрија па затоа и толку форсирање во филмов. Друго, имаше сцени кога Ѓаволот во девојчето пцуе, и те тера да се смееш (your mother sucks cocks in Hell)
А сепак се работи за хорор нели. И да, не се согласувам дека ова е најстрашниот филм (за тоа време можеби) и слични муабети. Филмот не е ич страшен, но е репер за подоцнежни филмови. Пример: Nightmare at elm st. The Dream Child. Кога девојчето на крајот заврши со бела коса од кошмари, а докторите не можеа да ја најдат причината. Има и други примери кои во моментов не ми текнуваат :jaj: