Сарказам бре
@alf (и шанса да ти бувнам Телемитска книга да читнеш, а и другите што доаѓаат сега или во иднина кога ќе мастурбираат за Ѓаволот и Змијата и ќе се палат ко тинејџери ) - како може да те подучуам во мистериите на
Телема преку
Liber XV чие име е „Срцето Обвиткано со Змија“ кога ти не знаеш ништо за Египет и египетските мистерии од каде потекнуваат поголем дел од еврејските мистерии измешани со Вавилон?
А битно бувна слика од Уреус од Египет... фалус ти е, двор ти е... бедните по дух ќе се радуваат вау види од кај што се доаѓа
Овој алф у пм со Христос tete-a-tete секој ден... на работа, дома, меѓу жени, мажи, секогаш ....
Те подучувам каде да прочиташ, а не што значи нештото да биде јасно, за да не ти е толку смешно (само тоа можам да поддучувам и сосема површно за Магика) - за разлика од тебе што од петни жили објаснуваш, па вака значело, па жената на мажот, па фалусот змија, па змијата Исус... па јас кој знае колку пати со Исус сум се држел за рака по муабетов!
Те читам и се чудам што ум влечкаш со себе, полн со вакви идеи во главата и што со тоа постигнуваш... навистина не знам...
Сфативме дека ти е мила Библијата и веруваш дека таму е најголемата вистина за тебе... дека не сакаш христијанска црква и да си дел од стадото, ок е, немам јас ништо против тоа - ама што си запнал сите да не „подучуваш“ што значат симболите таму кога не знаеш ништо од историјата на народот што ја создавал таа симболика и од каде? Куп луѓе има кои се христијани но не се дел од ниту една црква и си тераат свои ритуали, свои вистини свои разбирања и се им е ок...
Олабави со „подучувањето“ што значи ова или она... не знаеш што значи ниту ќе знаеш... умот ти врти само и те турка низ лавиринтот само подлабоко...
Дали ме разбираш?
Или хахахааа најдобро е егото мирно го фативме Хепта едно зборува, па сега друго
Тоа е точно всушност, дека едно зборувам, друго мислам па сосема друго планирам, трето правам а испаѓа четврто во рамките на она што го планирам... но мора да се дејствува.
Мора да се читаме!