Хорор филмови

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Мило ми е што ти се допаднал, и благодарност за пофалните зборови. Стварно, атмосферата и напнатоста се врв! многу јак хоро филм најдобриот за 2009 без конкуренција.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Како некој што со мерак го има има играно серијалот Silent Hill (1,2,3) го изгледав и филмот. Не е лош, атмосферата е доловена во голема мера - место во секоја смисла од зборот заборавено од господа, своевидна врата на пеколот која загадува и извитоперува се` околу себе и каде што најголемиот дел од протагонистите се истовремено и причинители и жртви на ужасот. Во Silent Hill се` е сенишно и морничаво, подложно на распаѓање и заборав, како натприроден Чернобил. Актерската изведба не е лоша, а некои ликови како Piramid Head, се неверојатно добро пренесени, тука се вбројуваат и ефектите кои се главно извонредни.
Приказната која е најблиска со првиот дел од игрите, презема и ситуации од другите делови, што можеби е малку непотребно. Според игри се правени повеќе филмови, но за ретко кој од нив (Resident Evil, донекаде, е позитивен исклучок) претставува успешна реализација. Тука се издвојува и Silent Hill, кој е еден, ако може да се каже така, сосем пристоен хорор.

Член од
5 февруари 2009
Мислења
120
Поени од реакции
93

аууу го дава Resident Evil на канал5 пред недела дена. Мнооогу морничав. Не ја имам играно играта, не го знам крајот, ама во филмот ми беше малку промашен, but that's just me :)

А иначе, стварно ме уплаши The Fourth Kind. Базирано на вистинска приказна, вистински случки, со вистински аудио и видео снимки, бла бла бла.... Филмот е стварно никаков, и таа шо збори во емисија (главната вистинска фаца, не од глумците) е мноогу никаква, слаба, коските на лицето и се гледаат.
А иначе главна улога е Мила Јовович, и на почетокот и на крајот фино лепо си кажуваат, еве ви ги снимките, еве ви докази, па ваше е дали ќе верувате или не.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Вечер на канал 5 - Room 1408 со Џон Кјузак...од 23:45
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Вечер на канал 5 - Room 1408 со Џон Кјузак...од 23:45
Филмов е адаптација на новела на Стивен Кинг, доста солидно нема муабет :helou: Кога сме кај чичко Стивен погледнете го Сторм Оф Д Сенчури!!!!!!! можеби еден од најдобрите на Стивен Кинг но исто така прилично непознат/заборавен, одлично остварување со шокантен крај.

http://www.imdb.com/title/tt0135659/

П.С. трае 4 саата!
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
целиот трае 6 саата, во 4 дела е. ја имаш гледано кратената верзија
:хехе:
Дупло двд, али не памтам колу траеше точно (рака на срце) времетраењето го пишав според имдб, одманааа го гледав.
Интересно, ако сум ја гледал скратената баш би сакал да го видам оргиналот мада мислам дека не беше скратена верзија.
 
CrAzY_BiTcH

Аin't funny?
Член од
1 февруари 2010
Мислења
82
Поени од реакции
6
Aуууууууууу синока го гледав тој филм 1408 ме лазат и сега морници,лелеееееее:vozbud:а крајот:vozbud:па нели овој си замислувал само или навистина била тамну керка му.
 
Член од
1 мај 2008
Мислења
300
Поени од реакции
8
Inside

Француски хорор филм .. тешка категорија :vozbud:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Вечерва на HTV1 во 23.25 ќе го има Претскажување (Omen, 1976) класика, која вреди да се погледне и по втор, трет пат...
Освен ако не е оној од 2006. Искрено се надевам дека не е.
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Вечерва на HTV1 во 23.25 ќе го има Претскажување (Omen, 1976) класика, која вреди да се погледне и по втор, трет пат...
Освен ако не е оној од 2006. Искрено се надевам дека не е.
...тој од '76 ќе го даваат. Утре у 23:00 ќе го даваат The Exorcist. Досаден филм, само последните 5-10 минути кога се случува нешто се интересни.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
...тој од '76 ќе го даваат. Утре у 23:00 ќе го даваат The Exorcist. Досаден филм, само последните 5-10 минути кога се случува нешто се интересни.
Тоа со Претскажување е добра работа Камо нашата МТВ да беше барем половина од хрватската државна тв.
А за Егзорцист... Па поминати се речиси 40 години од премиерата на филмот, а темата е повеќекратно искористена и исцрпена подоцна од лоши режисери со очајни сценарија. И оригиналот е репризиран повеќепати по телевизииве.
Тоа не значи дека не се работи за добро остварување, кое патем е прилично оригинално и квалитетно реализирано. Се разбира дека не е типичен хорор филм, туку повеќе е некаков психолошки трилер со елементи од религиозен карактер, во кој стравот и ужасот произлегуваат од можноста за присуство и опседнатост од нечисти сили во некое тело, кое и се манифестира постепено во текот и кулминира на крајот од филмот. Тука би ја потенцирал религиозната компонента што не мора на сите да им се допадне, како и конфликтот кај некои од главните ликови, кој се јавува како резултат на здравата логика и она што им се случува пред очи и што не може да се објасни логички.
Главната музичка тема ми е омилена, па не би коментирал нешто повеќе околу музиката. Специјалните ефекти дури и денес се солидни. Тогаш биле феноменални, а Макс Вон Сидоу, кој има мошне впечатлива појава и е добар глумец, влезе на голема врата во врвот на филмската индустрија, што е за поздравување.
Повеќе би рекол дека не е досаден Егзорцист колку што ни е збоктисано од бедната и неивентивна комерцијализација и повторливост на темата.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Inside

Француски хорор филм .. тешка категорија :vozbud:
Ултра хардкор филм со екстремно насилство! не е за секого...

која вреди да се погледне и по втор, трет пат...
Освен ако не е оној од 2006. Искрено се надевам дека не е.
Токму така.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom