Кој се збогатувал во ЕУ од лагата за “глобално затоплување’’

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.800
Поени од реакции
34.052
Тоа се тие „edge case случаи“ каде од обичен судар, наместо понекоја модрица се добиваат јагленисани лешови. Во секунда се развиваат неверојатно високи температури, буквално немаш време да излезеш надовор. Доволно е физичко пробивање на некоја од келиите, или дури и само краток контакт некаде пред заштитата (или нејзино откажување).

Едноставно таква е технологијата на батериите. Мене ми е шубе на пријатели кога им давам лампи со литиум-јонски батерии, и реално не знам за кој тоа таквата заштеда во пари (во однос на возење на дизел/бензин) или помало загадување, е доволен мотив за да седи над куп такви батерии... И каква „заштеда“ кога аутата се достапни само затоа што се субвенционирани со пари од народот. Додека самите батерии чинат $5,000 до $20,000 и замисли треба да ги менуваш секоја 5-та 6-та година. И пак одново секоја 5-та 6-та година. Колку гориво трошиш за тоа време?? Дали е макар дел од тие пари?

Мислам еј, $5,000 до $20,000 за менување батерии?
Па овде луѓето најчесто бараат кола од $5,000 или нешто поскапа. Цела кола, не да ги даваат тие пари секои неколку години. Затоа го прашав каде живее, со овој стандард овде секако не е разумен концептот. Не дека и на запад е разумно, посебно кога ќе оди во меинстрим.

И замисли возиш малку подалеку, на пример до Хрватска... Па зарем на секои пар часови, ќе застанува пар часови да ги полниш батериите. Ни инфраструктура има, ни ништо. Не за џабе се тие купишта слики како влечат со себе дизел генератори на подолги патувања со нивите електрични аутомобили. Чиста идиотштина.


Некогаш ќе се деси оваа смена на парадигма, ама не сега туку со некоја следна генерација на подобри технологии. Кога мотивот ќе биде практичен и исплатлив, а не политички.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Супер, ќе ги игнорираме фактите што сами ги постиравме.
Замената на батерија каде корисникот сам ја плаќа е екстремно ретка - чинела скапо.
Возилата на гориво фаќаат пожар 15-30 пати повеќе од електричните - гореле побрзо.

Немало инфраструктура за полнење. Секоја година продажбата на електрични возила расте по 50%. Can`t argue with that.
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
2.786
Така е, ако читаш внимателно ќе видиш дека истото го кажувам.
Фактите се тие. Но!
Дали треба да седиме и чекаме и го користиме тоа што имаме?
Мора да се вложува во развој на нови технологии. Знаеш дека и природниот гас и јагленот и ураниумот се горива во ограничени резерви така?
Еднаш ќе мора да се премини на одржливи извори на енергија. Нуклеарна фузија, складирање на енергија итн.
Една батерија пред 10 години била 10 пати поскапа од денес.
Соларните панели исто.
Дали треба постојано да играме на картата, ова е денес поисплатливо, заеби новава технологија?
Ако продолжи овој тренд, за кратко време овие технологии ќе стануваат се поприсутни.
Патем, побарај, ќе видиш дека денес е поисплатливо да се вложи во соларна централа отколку во централа на јаглен, со сличен капацитет.
Друго, не е е само што не загадуваат, туку овие извори на енергија даваат и поголема политичка слобода, бидејќи не зависиш од друга земја да бидиш снабдуван со енергенси.
Друго, не е е само што не загадуваат, туку овие извори на енергија даваат и поголема пол
160 000 километри или 6-8 години е просекот на кој во Запад менуваат ново возило, без разлика на типот на возилото.
Значи да почнеме со делот каде што трескаш глупости за ограниченоста на резервите на гасот, јагленот, ураниумот и нафтата.
Таа приказна се врти уште пред јас да се родам, јас сум роден во далечната 1975 и ден денес резервите на нафтата и гасот не се потрошени туку секој ден се наоѓаат нови наоѓалишта, што ја побива теоријата дека овие овие горива во блиска иднина ќе се потрошат.
Во меѓувреме има најмалку 3 пати повеќе возила а исто така и постројки кои го користат природниот гас како гориво за производство на топлина, или струја. Во Македонија на пример еден куп котлари што беа на мазут или јаглен денес се на гас а тој тренд е во пораст.
Дека појма немаш од електро техника се гледа и од фактот дека како слепец за стап си се фатил за обновливите извори и тоа од чисти политички причини за обезбедување на некаква енергетска независност. Енергетска независност од руските енергенси нормално додека компримираниот гас кој го продава Вујко Сем и кој кошта неколку пати поскапо не е никаков проблем.
Иако да го користиш скапиот CNG наместо рускиот гас што доаѓа преку гасовод е исто како да се бањаш со флаширана вода.
Мислам дека претходно многу убаво објаснив зошто соларните панели и ветерниците не можат да бидат основен извор на енергија.
Бадијала се обидуваш на Гебелсов принцип кај мене да ја протуркаш очигледната лага, како вистина.
И на крајот околу електричните возила, точно е дека на запад тие возила најчесто на толку километри се менуваат, тоа е затоа што тогаш завршува лизингот и со доплата се купува ново возило додека старото оди на продажба а не на преса како електричното.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.800
Поени од реакции
34.052
Секоја година продажбата на електрични возила расте по 50%. Can`t argue with that.
Субвенции (од туѓи пари) и регулативи како забранување на моторни возила до ~2030та или тука некаде... Can`t argue with that.
Автоматски споено мислење:

Иако да го користиш скапиот CNG наместо рускиот гас што доаѓа преку гасовод е исто како да се бањаш со флаширана вода.
Ова е прилично добра паралела! (y)
(мож' да се деси да ја позајмам некад)
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
2.786
Супер, ќе ги игнорираме фактите што сами ги постиравме.
Замената на батерија каде корисникот сам ја плаќа е екстремно ретка - чинела скапо.
Возилата на гориво фаќаат пожар 15-30 пати повеќе од електричните - гореле побрзо.

Немало инфраструктура за полнење. Секоја година продажбата на електрични возила расте по 50%. Can`t argue with that.
Нормално дека расте, ако лани се продале 10 а годинава 15 тоа е пораст од 50%. Исто е и кај запалувањата на електричните возила, кои се помалку а со тоа и нивниот број е помал.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.800
Поени од реакции
34.052
Ништо не црно-бело како што се претставува... Па така и загадувањето од возилата.





 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Значи да почнеме со делот каде што трескаш глупости за ограниченоста на резервите на гасот, јагленот, ураниумот и нафтата.
Таа приказна се врти уште пред јас да се родам, јас сум роден во далечната 1975 и ден денес резервите на нафтата и гасот не се потрошени туку секој ден се наоѓаат нови наоѓалишта, што ја побива теоријата дека овие овие горива во блиска иднина ќе се потрошат.
Во меѓувреме има најмалку 3 пати повеќе возила а исто така и постројки кои го користат природниот гас како гориво за производство на топлина, или струја. Во Македонија на пример еден куп котлари што беа на мазут или јаглен денес се на гас а тој тренд е во пораст.
Дека појма немаш од електро техника се гледа и од фактот дека како слепец за стап си се фатил за обновливите извори и тоа од чисти политички причини за обезбедување на некаква енергетска независност. Енергетска независност од руските енергенси нормално додека компримираниот гас кој го продава Вујко Сем и кој кошта неколку пати поскапо не е никаков проблем.
Иако да го користиш скапиот CNG наместо рускиот гас што доаѓа преку гасовод е исто како да се бањаш со флаширана вода.
Мислам дека претходно многу убаво објаснив зошто соларните панели и ветерниците не можат да бидат основен извор на енергија.
Бадијала се обидуваш на Гебелсов принцип кај мене да ја протуркаш очигледната лага, како вистина.
И на крајот околу електричните возила, точно е дека на запад тие возила најчесто на толку километри се менуваат, тоа е затоа што тогаш завршува лизингот и со доплата се купува ново возило додека старото оди на продажба а не на преса како електричното.
Сите фосилни горива, плус ураниумот се во ограничени количини, т.е. нивната обнова трае илјадници или милиони пати повеќе отколку нивната потрошувачка.
Евентуално ќе се потрошат.
Евентуално ќе мора да преминеме на други извори на енергија.

Глупи се Кинезите што во период од 15 години го зголемија производството на соларна енергија за 2700 пати и уделот на обновлива енергија од 17% на 34%.
Глупи се Американците што и тие двојно го зголемиле уделот на обновливи извори во вкупното производство.

Фактите за електрични возила ги имаш погоре. Поефтини се во нивниот животен век за користење, се користат повеќе, побезбедни се.

Субвенции (од туѓи пари) и регулативи како забранување на моторни возила до ~2030та или тука некаде... Can`t argue with that.
Globally, fossil fuel subsidies are were $5.9 trillion or 6.8 percent of GDP in 2020 and are expected to increase to 7.4 percent of GDP in 2025
Душичка, мисли дека нафтената индустрија игра фер.
Капка во морето се субвенциите за електрични возила во споредба со остатокот.

Нормално дека расте, ако лани се продале 10 а годинава 15 тоа е пораст од 50%. Исто е и кај запалувањата на електричните возила, кои се помалку а со тоа и нивниот број е помал.
Аха, 2009 сме.
Тесла го надмина BMW по продажба на возила.
Секој производител веќе има по неколку модели на електричен погон.
80%+ од сите нови продадени коли во Норвешка се електрични.
Една петтина од сите продадени возила во САД се електрични.
Секоја година овој раст е над 50%.
За 10 години нема да има кола на гориво.

Ништо не црно-бело како што се претставува... Па така и загадувањето од возилата.





Знаеме дека електричните возила загадуваат далеку помалку од другите, не мора и графици да ни прикажуваш.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.800
Поени од реакции
34.052
Душичка, мисли дека нафтената индустрија игра фер.
Капка во морето се субвенциите за електрични возила во споредба со остатокот.
„Implicit subsidies occur when the retail price fails to include external costs and/or there are preferential consumption tax rates on energy. External costs include contributions to climate change through greenhouse gas emissions, local health damages (primarily pre-mature deaths) through the release of harmful local pollutants like particulates, and traffic congestion and accident externalities associated with the use of road fuels. Getting energy prices right involves reflecting these adverse effects on society in prices and applying general consumption taxes to household fuels.“


Ова ми упадна во очи. Некои замислени алгоритми каде собираат суми со цени за куп проекции како замислени климатски промени, штети од гужви во сообраќај и сообраќајни несреќи. Итн, итн... Итн, итн, итн, итн, итн. Тоа се да ти биле „субвенции“ (и замисли, некој во министерствата зема плата за да ги создава/пишува овие срања).

Тешки тешки ментални гимнастики се ова. За што всушност, за да се оправдаат политички одлуки дека им смета да се зависни од ресурси лоцирани во држави кои не можат повеќе колонијално да ги владеат? :LOL:
Автоматски споено мислење:

Нешто релевантно што успеав да најдам, е дека ЕУ ја субвенционира 2% цената на фосилните горива. Тука ваљда влегуваат и тие менталните гимнастики со глобално затоплување и сообраќајни гужви и несреќи.
total subsidies for Europe are smallest at about 2 percent“


Ај сеа најди колку се субвенционирани електричните возила, и електричната енергија... ДА ТЕ ВИДАМ!!! :D :ROFLMAO:
 
Последно уредено:
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.626
Тешки тешки ментални гимнастики се ова. За што всушност, за да се оправдаат политички одлуки дека им смета да се зависни од ресурси лоцирани во држави кои не можат повеќе колонијално да ги владеат? :LOL:
Ни во Мајка Русија толку не се плашат за пазарот нивни колку ти што си се уплашил. :icon_lol: :icon_lol:

А проблем е тоа што сакаат независни да се?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
„Implicit subsidies occur when the retail price fails to include external costs and/or there are preferential consumption tax rates on energy. External costs include contributions to climate change through greenhouse gas emissions, local health damages (primarily pre-mature deaths) through the release of harmful local pollutants like particulates, and traffic congestion and accident externalities associated with the use of road fuels. Getting energy prices right involves reflecting these adverse effects on society in prices and applying general consumption taxes to household fuels.“


Ова ми упадна во очи. Некои замислени алгоритми каде собираат суми со цени за куп проекции како замислени климатски промени, штети од гужви во сообраќај и сообраќајни несреќи. Итн, итн... Итн, итн, итн, итн, итн. Тоа се да ти биле „субвенции“ (и замисли, некој во министерствата зема плата за да ги создава/пишува овие срања).

Тешки тешки ментални гимнастики се ова. За што всушност, за да се оправдаат политички одлуки дека им смета да се зависни од ресурси лоцирани во држави кои не можат повеќе колонијално да ги владеат? :LOL:
Автоматски споено мислење:

Нешто релевантно што успеав да најдам, е дека ЕУ ја субвенционира 2% цената на фосилните горива. Тука ваљда влегуваат и тие менталните гимнастики со глобално затоплување и сообраќајни гужви и несреќи.
total subsidies for Europe are smallest at about 2 percent“


Ај сеа најди колку се субвенционирани електричните возила, и електричната енергија... ДА ТЕ ВИДАМ!!! :D :ROFLMAO:
Така е, ќе се фаќаме на ситници, како и секогаш, ака ментални гимнастики.


Интересното е што субвенциите за електрични возила се директни за потрошувачите. Дури и со нив цените им се поскапи околку на соодветните класични возила.
И сепак секоја година продажбата им расти по голем процент.
Изгледа просечниот купувач на автомобил не знае дека инфраструктурата за полнење не постои, дека досегот на возилата е мал, дека горат, и сл.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.714
Поени од реакции
42.302
електричните возила се добри за пренесување на загадувањето од урбаните места, но не се иднината на сообраќајот. А под сообраќај имаш авиони, бродови, камиони што трошат милиони тони гориво секој ден.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.294
Поени од реакции
7.652
Сите фосилни горива, плус ураниумот се во ограничени количини, т.е. нивната обнова трае илјадници или милиони пати повеќе отколку нивната потрошувачка.
Евентуално ќе се потрошат.
Евентуално ќе мора да преминеме на други извори на енергија.
Наша среќа што минералите потребни за производство на батерии и уреди за производство на енергија од "зелени" извори се неограничени, лесно достапни и технологијата за нивно добивање не загадува :tapp:
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
2.786
Сите фосилни горива, плус ураниумот се во ограничени количини, т.е. нивната обнова трае илјадници или милиони пати повеќе отколку нивната потрошувачка.
Евентуално ќе се потрошат.
Евентуално ќе мора да преминеме на други извори на енергија.

Глупи се Кинезите што во период од 15 години го зголемија производството на соларна енергија за 2700 пати и уделот на обновлива енергија од 17% на 34%.
Глупи се Американците што и тие двојно го зголемиле уделот на обновливи извори во вкупното производство.

Фактите за електрични возила ги имаш погоре. Поефтини се во нивниот животен век за користење, се користат повеќе, побезбедни се.



Душичка, мисли дека нафтената индустрија игра фер.
Капка во морето се субвенциите за електрични возила во споредба со остатокот.


Аха, 2009 сме.
Тесла го надмина BMW по продажба на возила.
Секој производител веќе има по неколку модели на електричен погон.
80%+ од сите нови продадени коли во Норвешка се електрични.
Една петтина од сите продадени возила во САД се електрични.
Секоја година овој раст е над 50%.
За 10 години нема да има кола на гориво.


Знаеме дека електричните возила загадуваат далеку помалку од другите, не мора и графици да ни прикажуваш.
Од ќе се потрошат за 30 години, како што не плашеа во 70тите, дојдовме до евентуално ќе се потрошат.
Затоа и електричните возила евентуално не загадуваат.
Факт е дека целиот циркус што го тера западот е резултат на тоа дека најголемиот дел од фосилните горива повеќе не се во рацете на нивните корпорации и сега играат на играта "кисело е грозјето". Некој како тебе ќе ја лапне таа јадица и упорно ќе ги вергла нивните економски неодржливи приказни.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.294
Поени од реакции
7.652
Факт е дека целиот циркус што го тера западот е резултат на тоа дека најголемиот дел од фосилните горива повеќе не се во рацете на нивните корпорации и сега играат на играта "кисело е грозјето".
Не е точно ова. Секаде каде што се "вадат" фосилни горива, вклучени се западни фирми, како партнери или директна концесија. Друга битна работа е што ниту една страна може без другата, продавачот не може без купувачот, а ни купувач без продавач.

Доколку гледаш од аспект на тоа дека одамна не постојат нации, само корпорации и валути, се ќе е појасно и пологично.

 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.714
Поени од реакции
42.302
финтата е да се обере медот од овие зелени технологии, тие шо ги прават ги финансираат зелените ретарди да протестираат, вршат притисоци врз влади и компании кои се бават со нафта и производи кои не се "зелени". Све е тоа околу зелените долари, најмалце за народот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom