...во последно време ми се појави некоја привремена болка на рачниот зглоб, да за извесен период е префрли на лактот, па сега до рамо и вратот, па ќе речеме секојдневно седење со часови пред компјутер што службно работно што од задоволство виртуелно, би било оправдана причина,о што можеби привремено би се решило со примена на аналгетик или антиревматик и можеби некој ден на физикална трапија, но е би било тоа решение доколку се мисли само за десна рака, а левата е сосема во ред.
Прегледај го приврзокот 383331 Прегледај го приврзокот 383332
... тогаш по малку подлабоко размислување што би било токму причината на такви привремеи болку во зглобовите токму од десна рака, дојдов до заклучок дека примена на пад на лаптопот и примена на традиционален глушец (маус) всушност мојата десна рака (дланка) завема неприродна положба.
Прегледај го приврзокот 383321 Прегледај го приврзокот 383325
...вертикалниот глушец е дизајниран да ја држи раката во исправена положба додека скроламе, со што се одржуваат коските на улната и радиусот и зглобовите на лактот и рамената во природна положба за разлика од традиционалниот глушец со дланка може, со текот на времето, да изврши огромен притисок врз овие области и да избегне прекумерна употреба повреди или оптоварување на мускулите.
Прегледај го приврзокот 383323Прегледај го приврзокот 383324
...неколку студии заклучиле дека вертикалните глувци го намалуваат притисокот на зглобот ја намалува ротацијата во зглобот и ја намалува потребата за движење на мускулите на зглобот.
Прегледај го приврзокот 383326
... и така можам да потврдам од лично искуство дека со примена на вертикалниот маус, сите тие привремени болки на зглобот на рака веќе се ублажени да не речам исчезнати, значи без лекарства, без физикална терапија, едноставно еден вертикален глушец и менување на положбата на дланката се реши проблемот, па моја препорака доколку имате такви проблеми купите еден таков вертикален маус!