... не е точно твоето, поконкретно дискутабилно дали „историјата е наука“!
...историјата е една форма на „раскажување на минатото“ засновано на моменталните факти, ама фактите не зборуваат сами по себе и не е доволно само да се соберат, тоа што историчарот ќе го протолкува делумно зависи од случајот и видот на факти што ги посакува и му одговара во конкретниот случај, со еден збор луѓето одредуваат што ќе биде историја, па може слободно да се каже дека денес постојат истории “на сѐ и сешто”, односно постојат голем број различни погледи и толкувања за едни исти настани, дури, многу често, базирани и на исти документи, а тоа богами не е наука, најмалку егзантна наука!
... и тоа не е точно, не значи дека усните преданија не се точни, напротив никогаш не можеш да бидеш сигурен што е точно, гледај го филмот со Астерикс и Обеликс има еден момент кога Цезар со целата негова војска бил поразен од шака Гали конкретно токму од Обеликс кој имал натприродна сила и буквално ја потепал целата римска војска, па додека Цезар бегал со бродот од поразот, неговиот писар го прашал како да продолжи со пишувањето на историскиот дневник да запише дека доживеале пораз? тогаш Цезар издиктирал „ дека после долгата опсада од неколку дена и тешките борби со многубројните Гали, римската војска тргнала во нови походи и победи“!
...дали тоа што тој писар на тој римсковојсководец ќе го прочита некој во иднина како пишано предание како историја на римската војска дека НАВИСТИНА така се случило тој настан и таа борба? сета таа борба на римската војска со Галите токму зависи од тоа што издиктирал Цезар, значи човечки фактор кој во тој момент бил влијателен, богат, а не од усните преданија на Галите кои усно ја пренеле својата херојска борба и победа врз римската војска водена од Цезар, со еден збор во тој историски момент ниту случило на таков начин и далеку од реалната вистина, ама Цезар го пишал и тоа мора да биде вистинското минато т.е. историја!