Напишав подолг текст, го избришав пошто очигледно постои едноумие и не се сфаќа главната поента. Цртање на млади дечки секогаш го имало и секаде постои, и кај Чкембари, и Рибари, и Комити, и Лозари...Ова е друго, барем за мене, е не така лабава темата графити.
@Saber Rider кој што ти лајкнал, цела година е активен иницијатор Комити да си најдат поквалитетен фотограф. Истото е и ова, не знам која генерација си, направи споредба графит на било која навивачка група што сме го цртале пред пр. 14-15 години (без прожектор и најчесто со спреј), и графит од сега. Тие графити се икони, без разлика која навивачка група, и никој не ги чепка бидејќи имаат голема сентиментална вредност за сите, и младо и старо. Сега што се прави? Дизајнерот го скицира графитот, се зема прожектор, боја и четки, одат 4-5 души, го цртаат ѕидот во 2 часа и толку. Ниту детали, ниту посветеност, ниту некоја посебна порака, ниту естетика, прекопиран дизајн од некоја странска група... Се е сведено на квантитет, а квалитетот е редок. Ме мрзи да пишувам, верувам ме сфати. Поздрав.