Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 септември 2021
Мислења
237
Поени од реакции
953
Пред се браво супер графит

Како би изгледало ако реплицираме со речник на комити:

-шо е ова бе ебате како 5 годишни деца со темпери да цртале

-кај песната ја копирате од нас (ние први во мк ја препеавме) па и на графит сте ја стаиле, гревови...

-уште една копија... ние сме ви идоли ебаве сељаци

-аууууу црнец нацртале од баирот хахахахха

-пеете има само еден клуб, а кога сте мала бројка кукате имало 10 клубови и навивачки групи

Има коректни членови ама за жал темава одамна не е место за нормална дискусија
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2018
Мислења
114
Поени од реакции
100
 
Член од
26 март 2022
Мислења
613
Поени од реакции
5.668

Пред се, добар реален коментар. Секогаш сум за здрава комуникација, без навреди, бидејќи форумов, за жал е единствена опција каде што може да се разменат мислења помеѓу членови на различни групи. Секогаш сум подржувал и стимулирал позитивна промена кај останатите групи, акции или изданија кои ми оставиле впечаток. Пр. новата млада крв кај Чкембари, маркетингот на Лозари, или пожртуваноста на Рибари. Силна Мак тифо сцена, значи силни Комити Запад, и обратно.

Но, конкретно во однос на твоите замерки, си се запрашал ли од каде доаѓа револтот кај Комити? Токму од неоснованите тези и ситните провокации насочени кон групата, од страна на повеќето активни тифо групи, но секако со акцент на Чкембари.

Две години Комити Запад функционираат беспрекорно. Најдобри изданија, најдобри пиро спектакли, најдобар и најмасовен маркетинг, од како што постои самата група. Особено ја потенцирам минатата година, и слободно можам да кажам, дека не само што бевме далеку пред сите други на Мак тифо сцена, туку со дебели букви го мапиравме светото име на регионалната навивачка мапа.

За тоа време, тука на форумот буквално на секојдневна база беа изнесувани неосновани критики, беа соопштувани лажни тези со цел компромитација, а бојкотот за кој збориш, постоеше само по одличните изданија на Комити. Тогаш се молчеше, за жал, наместо да се пофали и подржи групата, што би било реална навивачка реакција.

Дури и при големи настани, како што беше јубилејот, кога имавме полн запад, прекрасно пиро шоу и успешно спроведена комплицирана кореографија, тука на форумот се зборуваше за плакати, за тоа дали имало 12 000 или 13 000, за тоа дека се очекувало 30 000, па срамота било ова..

Интересно и смешно е во исто време, колку на моменти повеќето групи знае да ги обедини омразата кон Комити. Кога ја направивме кореографијата со ликот од филмот "SAW", во која цела трибина ја испочитува одлуката на групата, и дојде во бела кошула, каде што имавме и одлично усогласено пиро и објава на Ultrastifonet, тука се збореше и се даваше внимание на член на Лозари кој во 2012 мислам дошол на трибина со кравата и рандом фантомка. Тоа беше "доказот" дека Комити ја украле замислата. А од друга страна, кога Лозари, ЦЕЛОСНО ја украдоа идејата од н.г. Фирма, каде што не само што го украдоа целосниот цртеж, туку и ги мрзеше да смислат ударна парола, па и таа ја украдоа. Кога ќе размислиш, кога крадеш - кради, не оставај..:) Секако, поддршка доби од Чкембари и секако од заспаните членови на Шверцери, кои откако им падна знамето и не се активни, живуркаат така што лајкуваат и подржуваат се што е против Комити. Ама тоа не е проблемот, проблемот е што вие се лепите на таа енергија.

За ситуации како гостувањето во Белград, каде што, уште нестигнати, тука на форумот бевме распнати, бевме омаловажувани дека "Ете, Комити фрлија ракавица и не одат, пички бла бла", не сакам ни да зборам.

Така да, полека со заклучоците. Има секоја група по еден Горан БТ, за жал, неспорно е тоа, и од кај нас има доста што често пишуваат небулози, ама белким некад ќе куртулиме, не само тука, туку и на трибина, од такви еднемски видови:)
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Шкупи со Левски доколку го помине прво коло gonna be fun !
Репликата од трето полувреме, "не навијам за, навијам против" :icon_mrgr:
Автоматски споено мислење:

Без провокација е прашењето, дали освен Комити некои други почнаа со цртање графити летово, нека се постира на темава ако има, да не биде монотоно и да се дискутираат веќе исторешени муабети.
 
Член од
29 август 2022
Мислења
139
Поени од реакции
480

Фа имаа 1 нацртано , други сега за сега слабо
 
Член од
27 ноември 2021
Мислења
415
Поени од реакции
4.378
Репликата од трето полувреме, "не навијам за, навијам против" :icon_mrgr:
Автоматски споено мислење:

Без провокација е прашењето, дали освен Комити некои други почнаа со цртање графити летово, нека се постира на темава ако има, да не биде монотоно и да се дискутираат веќе исторешени муабети.
Ние од Рибари нацртавме 5 пред многу скоро...
За брзо продолжуваме со нова офанзива, лето идат, сега ве чекаме вас "Скопјаништата" да ни дојте па да ви ги собериме парите, да имат групата финансии од наесен долга сезона ќе бидит :pos::masa::jeeee:
 
Attachments

KU4E

Професионален Србоман
Член од
24 јуни 2023
Мислења
42
Поени од реакции
25
A sto potocno ako mozes da repliciras ne sum vo tek, fala odnapred pozdrav
Слога Југомагнат АКА шкупи ке се сретне со бугарскиот Левски ако го помине првото коло квалификации за Лига Конференција( што нема да се случи)
 
Член од
11 март 2023
Мислења
1.451
Поени од реакции
1.887
Ништо конкретно кон одредена група, ова се приметува кај 95% од групите во 2022/23. И покрај тоа што значењето на ultras ГРАФИТ е далеку отиден и "модернизиран" со прожектори (што повеќе личат на рекламни табли отколку на тоа што треба, на графит) со цел штанцање на поголема бројка, дај жити се потрудете се барем контурата што треба да биде пр.1cm нека остане така и покажете малку квалитет во делото, прави линии, без црни точки на бела површина, ориентација према објектот а не ако земјата пред објектот е настрана и графитот да е настрана, уникатност меѓу делата.... Повеќето графити се смешни, кога веќе копирате преку прожектор, потрудете се копијата да е добра, а до сега најчесто се е глупост, со чест на исклучоци.
 
Цртањето на графити, е показател на кое ниво е припадноста на членовите кон групата, и секако говори за сериозниот пристап кон активностите, од страна на групата за време на паузата.

Тие дечки, ниту се професионални цртачи, нит бутур. Го прават тоа бидејќи чувствуваат потреба, а тоа е најважното. Еве, за пример ќе ги земам "Чкембари Баир". Децата реално немаат појма од цртање, секој графит им е "сачувај боже"..Но, секогаш ќе ја имаат мојата поддршка за трудот и посветеноста. Замисли да размислуваа дали ќе утнат 1cm или не..никогаш немаше ниту да направат графит. Прогресот доаѓа со работа, не со коментирање!

Можам да зборам конкретно за мојата група - Комити Запад. Минатата година групата донесе иницијатива за време на летото, за цртање на графити. Буквално, во сите населби одекна акцијата. Гледав деца кои не знаеа да цртаат, ама имаа желба и научија многу. Оваа година, сами, без било каква иницијатива направија дваесетина графити, само во месец јуни. Се надевам дека ми ја разбираш поентата. Поздрав.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom