Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.398
- Поени од реакции
- 5.030
9 магнитуди е незамислив број, камоли да помножиш нешто со тој број.9 магнитуди е замислен коефициент кој содржи исплатливост/одржливост/стабилност/обем на произведена енергија.
Нема ништо во моментов што може да им се приближи на нуклеарките. Со оглед дека има многу можности со постоечките нуклеарки и нови типови нуклеарни реактори кој можат да го користат горовото од постоечките и да се намали потребата за складирање на нуклеарното гориво од илјадинци години на само 300 години.
Затоа ти велам во моментов ова што го правиме нема наука, туку фанатизам за 'верба' во наука која што ја злоупотребуваат корпорациите и бирократија за голема корупција.
Вложување во нуклеарна централа бара огромна почетна инвестиција.
Вложување во соларна централа бара далеку помала почетна инвестиција.
Одржувањето на нуклеарна централа е скапо.
Одржувањето на соларна централа е блиску до нула.
Моќното кај нуклеарната централа е што може да ги задоволи потребите било кога и да произведи колку што треба било кога. Кај соларната централа е обратно. Произведува кога можи, често пати кога не треба.
Оттука и проблемот, што во суштина е проблем на складирање.
Тука имаш уште едно објаснување.
А дали не се приближува, можеш да видиш статистики од последните години од САД, Кина, Германија, каде соларните и ветерниците не само што веќе учествуваат во двоцифрен процент од вкупното производство, туку тој тренд оди само нагоре. Кај Кина расти и уделот од јагленот, но Кина е земја во развој, затоа.
Фактите се тие. И во Америка, од каде пеколната Калифорнија е една државите со најмногу електрични автомобили.Што значи тоа „гаранција на батеријата онолку колку што е и просечното користење на автомобил“?
Три години? Пет годни? Десет?
Колку чини возилото? Ама без субвенции. Па чекај малку, ако сега и во усрани држави како оваа даваат по Х к еура субвенции за електрични аута, тогаш откаде пари за да се субвенционираат електрични аута за сите?? Сега тоа е можно, затоа што земаат од многу за да дадат на малку. Но што утре кога ќе забранат возила на фосилни горива? Кој ќе го субвенционира сето тоа?
Разбираш ваљда дека тие пари за субвенции доаѓаат од нас луѓето. Кога земаат од многумина за да дадат на малку, тогаш тоа е можно (или барем на краток рок, како што би рекла Маргарет Тачер). Но што кога ќе треба за сите? Од нас ќе дадеме за нас? Значи нема да добиеш 60-80% субвенционирано ауто, туку 60-80% поскапо ауто. И тие гаранциите за батерии, и тие ќе имаат слична судбина, ќе бидат многу поскапи а не дека и сега се евтини.
Ете бе, ајде посочи колку гаранција имаат батериите на 2-3 позастапени брендови на електрични аута. И колку чинат истите батерии да ги купиш после истекот на гаранцијата. Колку проценти ќе биде тоа од цената на возилото? Пошто ќе мора да купиш заменски батерии, или да купиш ново возило.
За контраст моето ауто е од '97-ма, and still going fine. И не го менувам за ништо.
Ајде бе, во Шведска велиш?
Интересно, но јас би сакал да видам статистики од држави како Македонија, Албанија, Балкан општо, итн. Посебно од држави со потопли клими и повеќе сонце.
Обичните возила се палале?
Точно, ама писмен човек гледа на шал табла температура на ладилен флуид, прати ситуација и знаци на прегревање. Неписмени билмези? Им се палат аутата од глупости 99% од времето... Работата е дека имаш макар одредено влијание дали ќе ти се запали аутото. Ако разбираш основни работи
Кај електричните возила?
Се палат од удар, судар каде има 99.999% шанси за преживување со обично ауто - со електрично ќе погинат јагленисани за секунди без шанса за извлекување или спасување. Се палат на полнење. Се палат од прегревање на сонце. Се палат од преголемо празнење заради банален краток спој некаде во автомобилот... Сите наведени работи се моменти над кои немаш многу или ич влијание.
Немам време да читам, она ти се амерички податоци?
Пошто нивната нафта од шкрилци е тешко субевенционирана и единствено „исплатлива“ со бесплатни субвенции од принтерот на пари на Америте. Не баш пример што сакаш да го направиш.
Автоматски споено мислење:
Сајтот на кој??
Скоро сите производители на ел. авто. нудат 8 години или 150-200 илјади гаранција дека нивната батерија нема да падни под одреден процент што најчесто е 80-90%.
Тоа е одприлика периодот каде се врши замена на возилото, без разлика на каков погон е.
Електричните возила се побезбедни од останатите заради фактот што напред немаат мотор, па тој простор е искористен за подобрување на карактеристиките при судир. Исто така бидејќи батеријата им е долу, имаат огромна предност при превртување.
Батериите за разлика од горивото не експлодираат, оттука се многу побезбедни.
Горивото е енергетски многу погусто отколку батериите, оттука штетата е многу поголема.
Возењето на електрично возило е оддалеку поефтино отколку останатите.
Едно бидејќи се енергетски многу ефикасни (согорувањето на бензинот и дизелот е неефикасно, т.е. голем дел од енергијата се губи), други бидејќи струјата е поефтина од горивата.
Настрана фактот што не бараат многу одржување.
Ако имаш соларни панели дома, возењето е бесплатно.