Ѓаволот-старата змија

  • Креатор на темата Креатор на темата alf
  • Време на започнување Време на започнување
...едно прашање до тебе @PROROKOT , како гледаш на сите оние одграноци(читај Православие,Католицизам итн.) од Христијанството?

Прво и основно, Црквата Христова е основана и функционална заедница како „...една, Света, Соборна и Апостолска...„, согласно Симболот од верата.

Второ, Црквата беше „една„ се‘ до историските моменти кога во неа почнуваат да се појавуваат ереси, од ересите се п(р)ојавуваа засебни заедници, кои по инерција се себеименуваа за „цркви„.

Трето, кога од една целина отпаѓа нејзин мал дел, мнозинскиот дел останува да битисува, односно, кога од вистината ќе отпадне и ќе се одвои лагата, вистината продолжува да постои.

Така е и со Црквата-од Црквата отпаѓаа еретиците, а Црквата остана да битисува во вистината.

Просто кажано, римо-католиците, протестаните и монофизитите, отпаднаа од вистината а само ради веќе наведениот “привид„ на постоење многу „цркви„, се чини дека сите тие се истовремено и „вистинити„.

Наведените еретици не се „ограноци„, туку се отпадници од Црквата и тие не битисуваат во вистината која ни ја оставија Христос и Духот Свет.
 
...те молам прочитај си го овој коментар уште еднаш и ќе видиш каде е(и кој е)Исус
...сигурно не е во ересот поради различните толкувања
...а уште помалку во некоја си апсолутна црковна вистина :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf

Е ми, ако Исус не Е „кај овие„ ниту „кај оние„, тогаш каде Е?...
 
...немој да ми поставуваш прашања на кои однапред го знаеш одговорт,за да го сместиш во твојата еднонасочна матрица,те молам...
...очигледно е уште од предходното прашање,дека не сакам да ти одговорам :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf
Во моето срце е...
И џабе на сите кои тоа не го разбираат

Да, се согласум дека одговоров е точен до одредена мерка-навистина, верните треба да Го паметат Бога непрекинато, но сепак, прашањето ми е насочено кон ликот Христов, а не кон односот од верните кон Христа Бога...
 
Во моето срце е...
И џабе на сите кои тоа не го разбираат
Дали!????
Кога си лош и кога навредуваш други, дали и тогаш Исус е во твоето срце или спие тогаш па ниту гледа, ниту слуша?
Во човечката душа " живеат" многу добри и многу лоши особини, добрина и зло, љубов и омраза....може ли Исус да е таму или пуста верба?
 
Да...
Тоа што јас сепак сум само ЧОВЕК,
со сите мои доблести и мани,
не значи дека Господ не е во моето срце.
Туку, и ѓаволот е постојано до мене,
можеби затоа и постојана борба
меѓу мене и мене самиот.
 
...интегритетот,или јас милвам да кажам помирувањето со себеси,е подарок за тешко изодениот пат до него :)
 
Хмммм...и како се изведува „помирувањето со себе си„? Имаш некој штос, досетка, метода?...
 
Да...
Тоа што јас сепак сум само ЧОВЕК,
со сите мои доблести и мани,
не значи дека Господ не е во моето срце.
Туку, и ѓаволот е постојано до мене,
можеби затоа и постојана борба
меѓу мене и мене самиот.
Шија ми га Џуро е работава..исто мислиш како мене, но не сакаш да признаеш дека не го чуваме Исус во срцето...а и ти самиот призна дека само кога имаме мака, тогаш се молиме и го бараме Исус да ни помогне или ако сме згрешиле да ни прости....Ние сме ти живи ѓаволи во овча кожа. Доста се замајуваме со бош моабети, зарем не ви здосади тоа?
подобро е да бидеме искрени, оти Исус не може да биде на исто место каде што престои и ѓаволот, не може...точка!!!!
 
Ако ти значи нешто...
Секое утро кога се будам, ама баш СЕКОЕ,
се вртам кон иконата
и му се заблагодарувам Нему
за подарениот нов ден живот.
...
Секоја недела, ама баш СЕКОЈА,
посетувам црковна литургија.
...
Секој втор ден, палам свеќа
и се молам за покој на душата
и нејзино спасение.
...
Можеби сме ние ѓаволите,
ама Господ е посилен од нас.
Друго ништо не ми преостанува,
освен да верувам и да се надевам.
...
ТОЧКАТА ти сама си ја ставаш...

П.С. Ако сакаш да знаеш кој е ѓаволот,
еве што туку почна да дели контра/смајлиња ...
 
Шија ми га Џуро е работава..исто мислиш како мене, но не сакаш да признаеш дека не го чуваме Исус во срцето...а и ти самиот призна дека само кога имаме мака, тогаш се молиме и го бараме Исус да ни помогне или ако сме згрешиле да ни прости....Ние сме ти живи ѓаволи во овча кожа. Доста се замајуваме со бош моабети, зарем не ви здосади тоа?
подобро е да бидеме искрени, оти Исус не може да биде на исто место каде што престои и ѓаволот, не може...точка!!!!
А зошто мислиш дека Исус или Господ или мајка му од Исус односно света тројца би си го ограничвеле просторот за да му отстапет место на ѓаолот кога тие се над него.Значит тие се секаде и имет право да газет секаде и на тие места кај шо е натемаго, после смртта на Исус му беше даена власт над цел универзум и се видливо и невидливо то значит дека имат власт и над натемаго така да немат врска твоево дек не мојт да бидит на исто место кај шо е натемаго.
 
Кој ја прочитал браќа Карамазови од Достоевски и делот-Големиот инквизитор таму се кријат доста одговори поврзани и со оваа тема(мислам)..ја слабо читам книги ама еве шанса образованите да го истакнат образот..
 
Јас ќе се напраам дека не сум го прочитал постов и
ќе се повлечам во моите одаи...
...
Ама затоа, сите романчиња со Блек Стена и Загор Те-неј ги имам прочитано.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom