Ѓаволот-старата змија

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
И ти ко Адам, кога се правда... или сака да се покаже во подобро светло во однос на другиот!
Слабо учиш од „старата змија“ - а тука расправаш за божествени работи правење..,.
Кои муабети читам...

Ама зошто ова „вие“ не го промениш во „јас“? Кои се сите тие „вие“ за кои зборуваш и се самозадоволуваш и паѓаш во трансови кога вака ќе напишеш нешто без врска и глупо?

Ти зборуваш и коментираш туѓа света книга со децении, СО ДЕЦЕНИИ секташки толкуваш христијанска света книга
и бараш во нејзе нелогичности или даваш свои одговори или ти како разбираш за нештата, и за црно чудо сметаш дека твоите умствени гимнастики се некаква апсолутна вистина и ги наметнуваш на христијани со муабет дека тие се слепци, ти не...?

Како тоа во твојот ум библијата не е книга, а сите други свети книги - се само книги, нема ништо посебно во нив и се е таму погрешно? Сите слепци само ти божествени работи правиш?

Ти си роден добро, ама низ животот бааги егото ти настранило по сето ова што го мислиш за себе си и што го зборуваш... затоа и сметаш дека си пророк и зборуваш со Исус!
Како бре мајката тоа ти сметаш дека зборуваш со Исус? Или се што зборуваш за библијата ти е логичка последица од твоето размислување? :coffee:
Што практикуваш од Библијата па ти правиш божји работи а другите не?
Кој тоа е ѓаволот во муабетов...?
Ѓаволиште низаедно :) Само ти фали староста...

Ти не знаеш ниту раѓање ниту иницијација... не знам кој фалус те турка да зборуваш за нешта кои се далеку од тебе... мене нешто ми кажуваш? Немој, нема што да ми кажеш што не знам за тебе и твојот универзум... само призиваш нешто што не го разбираш.
И кога ќе пострадаш на крстот, ќе драпаш мадиња како „старата змија“ е виновна, не ти и твоите призиви во умот кој не го контролираш.
Држи се малку подалеку од ѓаволот, не кон слеп за стап се натаму па натаму...

Молчи си за поимите кои не ги разбираш и ти се само зборови и држи се таму до секташкото толкување на христијанската библија и убедувај се себе си дека нешто посебно зборуваш или различно од црквата која ја има прифатено библијата за своја света книга. :coffee:
Ѓаволот од библијата си бара луѓе ко тебе - Мојсеј да е маг, Исаија користел супстанции, Јован од изнемоштеност имал визии итн итн...

Ти велам за свети работи не се зборува на форум, а најмалку со „духовни чеда“ како тебе... ќе направите глупост не од тоа дека сакате намерно да направите глупост, туку бидејќи не разбирате до кај ви е чергата и чекорот...
Кога и јас имам мислење за твојата секта и ти за мене, да продолжиме со темата.

Модераторот до сега требаше да реагира на офф топици.
Кога ќе се слушнеш или видиш со него ,спони му дека треба да модерира.Членовиве ја истепаа тастатурата од спамирање.:icon_mrgr:
Автоматски споено мислење:

Ме мрзи да ти одговорам, оти ќе треба цело неделно попладне да го изарчам на пишување одговори...:)
Ок, кога ќе можеш и нема да те мрзи пиши.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.128
Кога и јас имам мислење за твојата секта и ти за мене, да продолжиме со темата.

Модераторот до сега требаше да реагира на офф топици.
Кога ќе се слушнеш или видиш со него ,спони му дека треба да модерира.Членовиве ја истепаа тастатурата од спамирање.:icon_mrgr:
ТИ имаш обвинувања колку да се обидеш да дискредитираш некој онака, со глупи навреди...

Ќе требаше да те банира модераторот до сега заради навреди и твоите ѓаволештини, бидејќи ти почна со офтопици бидејќи нема што да кажеш кога другите членови ти рекоа дека ти си оној што постојано ѓаволот ти е во уста и на форумов само секташки теми отварање за навреди на други ако не се сложуваат со тебе... а модераторот беше обвинет бил „антихрист“ и само зборувал против православната црква...

И за сите велиш слепци наоколу... затоа молчи и собери мудрост за во иднина од муабетите тука...
Не пак „другиот е виновен“! Преку фалусот со тоа твое обвинување кон другите.

Седни бре еднаш ти биди виновен за нешто, научи малку, надмини малку... кажи ок, навистина претерав!
Ко Адам си од еврејските учења: не сум јас Господи, тоа жената, крвта нејзина, таа е виновна ме натера...
Ха!
Абеее, ниту кај госпо помина тоа, ниту кај мене поминува. Знам јас како со змија и ѓаволи.
Што мислиш, Гоеција што е? Бајки а? :D

Па таа змија некој и дозволил да е во Рајот, до дрвото, до Ева или хаЕва на еврејски... што те гледам чуден.
Автоматски споено мислење:

И не ми се изненадувај, требаше тука да се изненадиш и да дадеш одговор на тоа што те прашав.

Кои сме тоа „ние, слепците“ а ти не си слепец иако следиш и толкуваш иста книга како христијаните кои се дел од црква?
Ти си посебен што не сакаш хиерархија?

И сатаната не сакаше, избра да владее во пеколот прв на врвот, но убаво му беше да е авторитет... ова малку од Милтон и „Загубегиот рај“ :)

Парадокс, не сакаме хиерархија, но сакаме да сме авторитет!
Тоа е ѓаволот.
 
Последно уредено:
  • Вау
Reactions: alf

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
ТИ имаш обвинувања колку да се обидеш да дискредитираш некој онака, со глупи навреди...

Ќе требаше да те банира модераторот до сега заради навреди и твоите ѓаволештини, бидејќи ти почна со офтопици бидејќи нема што да кажеш кога другите членови ти рекоа дека ти си оној што постојано ѓаволот ти е во уста и на форумов само секташки теми отварање за навреди на други ако не се сложуваат со тебе...
И за сите велиш слепци наоколу... затоа молчи и собери мудрост за во иднина од муабетите тука...
Не пак „другиот е виновен“! Преку фалусот со тоа твое обвинување кон другите.

Седни бре еднаш ти биди виновен за нешто, научи малку, надмини малку...
Ко Адам си од еврејските учења: не сум јас Господи, тоа жената, крвта нејзина, таа е виновна ме натера...
Ха!
Абеее, ниту кај госпо помина тоа, ниту кај мене поминува. Знам јас како со змија и ѓаволи.
Што мислиш, Гоеција што е? Бајки а? :D
ТИ со две големи букви.Со висок тон ми се обраќаш?:love:

Хепта, имаме тема, поставено прашање, се обработува приказна.
Сите даваат мислење од една позиција, никој , па ни ти немаш слобада на духот да се движиш и од различни позиции да се даде одговор.И да го дефинираме, нема да го судиме.Само ќе го откриеме срамот на Адам и Ева што е идентичен со срамот на бога.
Кој е прикриен и зошто е прикриен.

Разбирам дека начинот на размислување е врзан за човечкиот говор(буква).Добро некој користи и бројки пресметува вредности, прави споредби , бара калап за одреден збор, а не оној кој е умствено дефиниран.Ѓавол е ѓавол, змија е змија...луѓето ќе бегаат, наместо да се соочат.
Тоа соочување со темата се обработува.

Ако ти си врзан за закон-буква , мижи, не влегувај на темата.
Си прифатил закон, те разбирам,ајде оди прошетај.:coffee:
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.880
Поени од реакции
5.006

И што бидна сос змијата, кој е змијата, како изгледа змијата, дека е змијата денес?...:)
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.960
Поени од реакции
5.700
Не прашувам веќе ништо, само ќе го кажам моето мислење...
Најголемиот и најмоќниот ангел, кого Бог прв го создал.
Во обид за персонификација на злото,
луѓето ја менуваат неговата улога и го нарекуваат
„Заводливиот, лукавиот, противник на Бога.“
...
Во книгата за Јов (Стариот Завет) тој дејствува по наредба на Бога:
Сатаната му одговори на Господа: „Зар Јов без причина се плаши од Бога? ... Но, само испружете ја раката кон него и допрете се што е негово, тој ќе Ве проколне во лице.“
Тука, со Божја дозвола, ѓаволот го зема семејството на Јов и целиот негов имот, сепак Јов останува верен на Бога.
...
Во Новиот завет, ѓаволот станува паднат ангел:
„Беше соборен, големиот змеј, старата змија наречена ѓавол, која го мами целиот свет, змејот беше фрлен на земјата, а со него беа фрлени и неговите ангели“.
...
Неговата огромна моќ може да се почувствува до ден денес.
Во ТОЈ моментот согледуваме колку сме безвредни и мали...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.128
Според еврејските учења, христијанските учења и исламски - се е под палката на богот.
А од друга страна имаш приказни за ѓавол, грев, ете вакви договори помеѓу богот и „другата страна“....
Овој дуализам се развлекува подоцна и кај гностиците, па потоа кај нас преку богомилите ги имаме тие дуалности во македонските народни приказни...

Елифас Леви пак за сатаната, ѓаволот вели дека е извртена слика на божественото, исто нешто само гледано преку призма која дава искривена слика....
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003

Ова со дуалистиве гностици ти е на место.само напомени дека гностиците сметале дека стариот завет е од "лошиот бог" со геноциди,принесување жртви,око за око - заб за заб и новиот завет со "добриот бог" , тоа со богомилите се има пренесено на медитеранот со Катарите како секта/движење деока не биле истребено преку инквизиција
 
Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
353
Поени од реакции
641
Паметам уште 2-3ца всушност...

Не сум модератор, доаѓај раскажувај тајни ајде... ќе умреме и јас и ти додека се решиш да кажеш нешто мудро на форумов :)
Дојди кажи ни за ѓаволот, гледаш тоа се новите муабети...
Hehehehe....
Abe imas odgovor, samo ti ne gledas podaleku od nosot, zaspan si...:pos:
Pod Ne-misli stoi...ziv gjavol...odgovorot se krie ovde.
Mislata e gjavolot
E sega..problemot e kako da ne mislis.....ispolni uslovot i vo avgust ke te rendam malku.
Nauici se da ne lazes vo zivotot. toa gjavolot te tera taka
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.128
Hehehehe....
Abe imas odgovor, samo ti ne gledas podaleku od nosot, zaspan si...:pos:
Pod Ne-misli stoi...ziv gjavol...odgovorot se krie ovde.
Mislata e gjavolot
E sega..problemot e kako da ne mislis.....ispolni uslovot i vo avgust ke te rendam malku.
Nauici se da ne lazes vo zivotot. toa gjavolot te tera taka
Е гледаш, тоа не го забележав, а @alf го бара ѓаволот кој бил, а тој знае и си молчи не ни кажа.
При очи слеп сум бил или пак те гледам како шега и не можам да прифатам дека некој ко тебе може да биде жив ѓавол, освен во твојот ум да си тоа...
А што е битен твојот ум за другите? Ништо... секој со својот ѓавол тикви сади :)

Така да твојата реалност и она што другите го гледаме - не е исто...
Будноста што ја бараш ако не важи и надвор, ништо. Заминаа тие муабети ренадање, сесии и останато, луѓето од тоа време животот им даде радости и искушенија далеку од тука, одглави се од минатото - нови времиња се ова, „старата змија“ со ново руво што вели @PROROKOT :)
Ти спие и тебе ѓаволот, не му даваш да сработи нешто.

P.S. Не го гледаш потписот кај мене по се изгледа, затоа така глаголаш...
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
@alf дали гревот што го прави човекот е всушност ѓавол?
Да речеме сексот е гревот....соединувањето - бог, раздвојување - ѓавол.(две дрва, едно за спознавање на доброто и лошото и дрвото на животот).
Знаеш прво што покриле Адам и жената негова?(Ева се нарекува после гревот ,бидејќи стана мајка на сите живи).
Ти праша...дали гревот што го прави човекот е всушност ѓавол?
Јас прашувам...Дали гревот што го прави човекот е всушност бог?

Змијата зборува ...
Бог знае оти оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Во книгата за Јов (Стариот Завет) тој дејствува по наредба на Бога:
Сатаната му одговори на Господа: „Зар Јов без причина се плаши од Бога? ... Но, само испружете ја раката кон него и допрете се што е негово, тој ќе Ве проколне во лице.“
Тука, со Божја дозвола, ѓаволот го зема семејството на Јов и целиот негов имот, сепак Јов останува верен на Бога.
Книга Јов во која исто така се спомнува ѓаволот кој доаѓа заедно со синовите божји,како тој да е исто така син негов.

Интересна приказна на која никој не обрнува внимание на 4 пријател.
А на почетокот дошле 3-ца
Јов 2
11.Слушнаат тројцата пријатели Јовови за сите тие зла што го беа снашле.

Само дел од неговиот говор..
1. „И така, слушај ги Јове, зборовите мои и внимавај на сите мои зборови.
2. Еве, ја отварам устата своја, јазикот ми говори во устата моја.
3. Зборовите мои се искрени од срцето мое, и устата моја ќе искаже чиста вистина.
4. Духот Божји ме создал, и здивот на Вседржителот ми дал живот.
5. Ако можеш, одговори ми и застани спроти мене.
6. Еве ме мене, според твојата желба, место Бога. И јас сум направен од кал;

А на крајот од неговиот говор ,бог праша.
„Кој е тој, што замрачува Провидението со зборови без смисла?

Прочитајте ги зборовите на Елијуј и како што праша бог "кој е тој" ,прашај се и ти!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom