NBA драфт, трансфери, шпекулации

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.907
Поени од реакции
23.317
Колку сега нови навивачи на Мајами ќе се изнаглеамо тоа е чудо. Иначе го прочитав целото писмо на Ден Гилберт, и у случајов го подржуем него а не ЛЕброн, пошто после толку работе што напрае екипата за него НЕ СМЕЕШЕ да го напрае ова.
Зошто Вејд не можеше да дојде у Кливленд ??
Му посакувам се најдобро на Кливленд, мада барем летово не глеам више некој слободен агент кој би можел да направи разлика таму. Једино незнам каква е ситуацијата со Т-Мек, сега има Кливленд простор у селари капот. Т-мек и Винс преку некој трејд да се обединат повторно у Кливленд за уште еден заеднички обид за титулата!
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.748
Поени од реакции
6.479
Ја си бев од порано за Мајами заради Вејд,сеа коа дојде и леброн сите ке бидат за Мајами!!Конечно на Леброн ке му се исполни желбата да освои трофеј бидејки ке игра со Вејд и никој нема да може да ги сопре
 
Член од
3 јуни 2010
Мислења
93
Поени од реакции
9
Со овој потег Леброн нема никогаш да биде најдобар. Ако си најдобар играј против најдобрите, победи ги нив па стани крал. А вака сега нема да биде никаков подвиг или чудо доколку Мајами освојат титула. Џејмс требаше да го води својот тим и да стане легенда. Не знам сега коа мотивација ќе ја имаат. Ке освојат титула, па што??
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Со овој потег Леброн нема никогаш да биде најдобар. Ако си најдобар играј против најдобрите, победи ги нив па стани крал. А вака сега нема да биде никаков подвиг или чудо доколку Мајами освојат титула. Џејмс требаше да го води својот тим и да стане легенда. Не знам сега коа мотивација ќе ја имаат. Ке освојат титула, па што??
Еве да не се повторувам, и јас мислам слично...

Сега му треба поддршка на Кливленд од вистинските фанови, како никогаш досега. Затоа што со одлуката на Леброн, ако нема заинтерсираност за Кавси можат да пропаднат и да влезат во лигата на Ванкувер,Сиетл...


P.S Газдата на Кливленд со отворено писмо до фановите на Кливленд:

"Лично гарантирам дека Кливленд Кавалирс ќе освои титула пред сам-назначениот поранешен "крал".

Еве го цело писмо --> http://www.nba.com/cavaliers/news/gilbert_letter_100708.html

Донекаде го разбирам, но ова се сериозни зборови, сепак и Леброн му донесе многу пари на Кливленд. Но ок се работи за чесност, лојалност, и изјавите на Леброн " Ќе освојам титула во мојот град".

По неговата одлука, не само Дан Гилберт(газдата) туку и многу аналитичари имаа тешки зборови за Леброн.

LeBron comes out looking like coward, not king ----> http://www.cbssports.com/nba/story/13618008/lebron-comes-out-looking-like-coward-not-king/rss


P.S 2 Мајкл Бизли од Мајами пуштен во Минесота. Тоа е направено со една причина да се потпише некој добар играч во Мајами, конкретно шутер. Е сега Реј Ален потпиша две годишен договор со Бостон, останува Мајк Милер ( еден од моите поомилени играчи).

Еве најново инфо --> "Mike Miller's dad says he's signing with Heat and Michael Beasley is headed to Minnesota."

P.S 3
Вчера на улиците во Мајами, како на парламентарни избори ...



--- надополнето ---

Ај малку надеж за фановите на Кливленд, кој сега малку ги симпатизирам :)

Управата на Кливленд направи се за да го задржи Леброн после поразот од Орландо. Ги донесија Шек и Антоан Џејмисон. Две години по ред имаа најдобар скор во регуларната сезона. Е сега тоа што многу пати го кажував, ќе го кажам пак...секој напад на Кливленд завршуваше со Леброн Џејмс, тој беше и алфа и омега во офанзивните шеми на Мајк Браун. Е сега ако Леброн од X причини не можеше да го реалзира нападот, и тимот автоматски губеше. Значи Кливленд играше во напад 1 против 5 , да може ЛЕброн да е задоволен. Е тоа му се врати на многу пати како бумеранг во плејофот.

Стварно не гледам Кливленд да направи нешто лошо. Но стварно гледав како Леброн прави лошо во плеј офот...И тоа што го кажав по серијата со Бостон, денес го кажа и газдата на Кливленд:

"Toj се откажа. Тој се откажа во петтата утакмица. Но не само во неа, тој се откажа и во втората, четврттата и шесттата. Серијата со Бостон беше многу нетипична за толкава звезда во овај спорт. "

Е сега оваа ситуација веднаш ме асоцира на Новицки. И Новицки ова лето се стави на пазарот, но на крајот пак потпиша со својот тим. Тоа е лојалност, тоа е почит. Истите зборови можат да се кажат и за Данкан и за Коби(иако јавно бараше да биде трампан, се вразуми).

Еве го пак Гилберт:

" Не е ова за неговото заминување. Ова е за неговата непочит. Време е луѓето да почнат да ги држат атлетите должни за своите постапки. Ова е начинот на кој сакате да ги растете своите деца? Го држев ова во себе многу долго време. "

Замислете Лери Брд да го напуштеше Бостон? Или Џордан Чикаго? Меџик Лејкерс? Сигурно нивните траги немаа да бидат вакви какви што се. И кога му било тешко на нивните тимови, останаа покрај нив, и потоа изградија династии.

Сепак она дека Кливленд ќе освои титула пред Мајами, не верувам , Гилберт дозволи емоциите да го надвладеат.

Но сепак ако сте фанови на Кливленд, останете со Кливленд. Имате добра организација, која стигна до финале еднаш, во последните години го имавте најдобриот скор во регуларните сезони, и се надевам дека со некои 2-3 играчи нови, повторно ќе бидете блиску до врвот.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.907
Поени од реакции
23.317
Али за секој нов навивач што ќе го добие Мајами ќе добие по 5 нови хејтери. Ќе станат најомразен тим на планетава, и ќе му го земат приматот на Реал Мадрид. А ако не земат титула у наредниве 2 године ќе станат тим за подстмев исто ко Реал Мадрид :pos:
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Вака сега.Очекувани се дел од вашите реакции на сметка на Џејмс.Јасно ми е дека секоја титула на Мајами ќе ја делите на три.Уште појасно ми е дека Коби и натаму ќе биде вашиот заслепувачки херој.Пишав и предгодно пишам и сега.Млади генерации сме и непамтиме премногу од 2000 предгодно но ајде да почниме одтогаш...Кој тим освоил НБА а да нема барем две ѕвезди во тимот?
ЛАЛ: во тоа време најдобриот поентер и најдоминантен центар...три години доминација
СПАРС: Исто така големо трио: Паркер, Данкан, Џинобили
ПИСТОНС: Принс,Хамилтон,Билапс и со години најдобриот дефанзивец Волас
СЕЛТИКС: Реј,Пирс и Кевин
ХИТ: Вејд,ШЕкил и Морнинг
Незнам кој дел од прикаската не е јасен...Ова за некој погоре кој викаше ЛеБрон ќе станел херој ако сам освоел титула.Како ќе освои?
Зошто не останал во Кливленд...
ЛеБрон месеци наназад го молеше Бош од Канада да дојде во Кливленд но на Бош јасно му беше зацртано целта да игра во еден од трите града: Мајами,Чикаго или Њујорк за друг не сакаше да слушне.Бузер си потпиша за Чикаго,Стадемаер за Њујорк... Каква иднина го чекаше во Кливленд... Го фрустрираше фактот што играчи од негов калибар го имаа најдобриот состав со најдобар тренер.Кога си спортист и важиш за еден од најдобрите а не си земал титула е максимално фрустрирачко.Кога место талентирани млади доминантни центри ти носат 38 годишна легенда, кога место паметен крилен центар ти носат 34 годишен отепан ветеран кога место најдобриот дефанзивец ти носат некој просечен дефанзивец во Ентони Паркер и најважното кога место легендарен тренер ти носат дебитант што очекувате?
Не е сето тоа фрустрирачки?Малку реалност ништо повеќе
И Вејд и Бош ги фрустрирало тоа па што решиле да се споат...
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Ова е реалност. Леброн можеше да биде човечен во односот спрема Кливленд, а не да им го извади срцето на национална телевизија.
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Со овој потег Леброн нема никогаш да биде најдобар. Ако си најдобар играј против најдобрите, победи ги нив па стани крал. А вака сега нема да биде никаков подвиг или чудо доколку Мајами освојат титула. Џејмс требаше да го води својот тим и да стане легенда. Не знам сега коа мотивација ќе ја имаат. Ке освојат титула, па што??
Ајде кажи ми според твое размислување кој е најдобриот во НБА?


Независно кој ќе го кажеш... Коби ли,Џордан ли,Чемберлен ли, Меџик ли кој и да е... Ако не си запознаен побарај на нет со кој тим тие освоиле титула... Постирај го тука тимот па заеднички да оцениме дали освоил сам или некој и тоа како гадно му помагал
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Самата сезона ќе покаже што ќе се случува.Однапред не може да се каже дали Мајами ќе потфрли или ќе растури.
Џејмс заслужува шампионски прстен.
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Ова е реалност. Леброн можеше да биде човечен во односот спрема Кливленд, а не да им го извади срцето на национална телевизија.
Видов и јас такви коментари но неможам баш да ги сванам.Ако веќе овој одлучил да ги напушти кавалирсите сеедно е дали тоа ќе го соопшти во прес или па онака спонтано... Мислам по потписите на Бош,Вејд,Стадемаер,Бузер,Џонсон,Новицки,Пирс,Ален и на скоро сите ѕвезди, во Кливленд јасно беше дека немаат материјал да го задржат Џејмс.Џејмс ги даде сите средства од пресот во доброволни цели но и покрај тоа не ми е многу оправдано неговото појавување во етер... Сепак сеедно тоа е бизнис и кој знае колку милиона играат заради тоа појавување

--- надополнето ---

Самата сезона ќе покаже што ќе се случува.Однапред не може да се каже дали Мајами ќе потфрли или ќе растури.
Џејмс заслужува шампионски прстен.
Никој не гарантира прстен.НБА е и се е можно.Не е македонска лига правиш тим и оп шампион си... Со преминот Џејмс си прави пред се душевен мир.7 години сонува за прстен, 7 години си замислува ех да го имам овој тим околу мене.Сега тој немир го нема.Знае дека е со најдобрите и останува уште реализацијата на прстенот.Тоа го сака тој.Ако сакаше пари ќе останеше во КАВС каде му даваа најмногу

Кажа синоќа... Не сакам мојот тим да биде најдобар во регуларниот дел, не сакам мојот тим да прави рекордни серии на победи, сакам прстен... Зошто лани Бостон беше мизерен во регуларен дел а разтураа во плејофф.Сето тоа се големи играчи на кои му е изживеано што се вика тоа да се биде најдобар кога и не мора да се биде.Играа колку да се појават во плејофф а таму тоа е како да почнува друга сезона
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.907
Поени од реакции
23.317
@atanase да не те цитирам

Кога замина Робинсон, Данкан беше играчот кој остана верен на Сан Антонио и претпре неколку години неуспех, додека не се состави одлична екипа околу него, а да бидемо реални Паркер и Ману не дојдоа као звезди у тимот!
Ја сум навивач на Пистонс и многу добро го знам тој тим. Верувал или не тој тим кога се склопи Рашид беше единствена звезда во тимот. Грент Хил беше трејдуван за тотален анонимус кој се викаше Хамилтон. Билапс со години беше сметан за просечен плеј, а Биг Бен освен блокади немаше никаков поим од кошарка тој тим беше ТИМ без ниту една звезда ! Тој тим стана шампион поради двајца луѓе, Лери Браун и Џо Думарс.
Селтикси беа тотално различна приказна. Зошто? Затоа што тамо се собраа играчи кои немаа титули, но немаа ниту време у животот више, ветерани кои тоа им беше последна титула, сите преку 30-ка. Овде зборимо за тројца 25-годипњаци кои имаат уште 7-8 години играње на ниво.
Хит собра ветерани исто, Шек, Морнинг, Пејтон. Но ја освоија титулата ради РАјли и Вејд кој пак не беше она што е Леброн у Кливленд. Не почнуваше секој и не завршуваше секој напад со Вејд.

Значи констатација дека премногу Леброн самиот зеде одговорност врз себе и Кавалирси немаа тренер кадарен за титула. Се стори тој тим за Леброн, освен што не му донесе тренер. А и зборот ми е никој од главните звезди на тимовите горе не го напушти својот тим. Нити па во подалечната историја. Џејмс го предаде цел Кливленд , кратко и јасно !

А тоа ќе му се врати, и баш би сакал Џилберт да состае екипа кадарна за титула!
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Се слагам.Јасно беше дека ова лето ќе даде насока за наредните 4-5 НБА сезони.Очигледно ЛеБрон го избра тимот каде има најмалку ризик за да не се оствари неговиот сон.ТОчно е , направи ризичен потег побегна од базата, го навлече гневот на НБА фановите.Сега доколку не прикаже невероватни партии ќе остане минимизирана точка во историјата.Но вооедно има и шанса да се бори да стане најдобар.Ризик кој носи две екстремности... Слава или беда
 
B

BooBojan

Гостин
И замислете сега на ЛеБрон му се случи истото што му се случи на Ибрахимович оваа сезона!!! Само не ми се верува!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom