Еве што ќе не очекува по лидерската средба: Мицкоски спроведува математичка операција колку ќе го чини (НЕ)гласањето за влез на Бугарите во Уставот
Ако до пред средбата на премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дебатата меѓу власта и опозицијата беше “дали”, по средбата дебатата е “кога” и на кој начин Бугарите да влезат во уставот на Македонија.
И токму ова е клучниот политички момент кој произлезе од средбата независно дали сега ВМРО-ДПМНЕ ќе влезе или не во владата, реалноста е дека Мицкоски тектонски ги помести позициите своите позиции по однос на ова прашање.
Ваквото поместување веројатно е само првата фаза во дефинитивната промена во ставот по однос на влезот на Бугарите во македонскиот Устав.
Независно дали тоа ќе биде пред или по изборите како што впрочем се шпекулира дека било ветувано од Мицкоски во дипломатските кругови. Очекувано е дека следното поместување во позициите да биде по однос на временскиот рок кој од одложена дејство ќе се претвори во “веднаш” за кој денес Мицкоски, вели “НЕ”, исто како што повеќе од една година велеше за влезот на Бугарите во Уставот.
Социјалните мрежи зовреа со коментари дека “не” било напишано на латиница значејки “ХЕ”, а на грчки”ДА”, но додека ги слушаме овие шеги, Мицкоски чекор по чекор ги остварува плановите и ветувањата дадени на неформални средби пред преставници на службите на Бугарија чија задача била да прашаат колку чини промена на неговиот став, како и пред преставниците на меѓународната заедница.
Членството и подржувачите на ВМРО-ДПМНЕ најмногу се погодени и веројатно дел од нив шокирани од непостојаноста и променливоста на ставовите на лидерот имајќи во предвид дека овие карактеристики кои ги имаше Зоран Заев ги немал ниту еден лидер на партијата во последните 30-тина години.
Како и да е, отсега па натаму дебатата не е дали ќе има влез на Бугарите во уставот, туку кога тоа би се случило, односно ако сега се изгласа, кога би стапило на сила, сега или за неколку години.
Бугарија мудро молчи бидејќи го знае исходот од ова што нам ни личи спонтано случување во политичкиот живот. Тие си ја завршиле својата работа и сега чекаат опсервирајќи театар од страна, престава која знаат дека за нив ќе заврши со договорен среќен крај.
Сега Мицкоски, откако ги помести позициите на партијата со кој испрати сигнал до горенаведените, прави проценка дали сега или по изборите да ја затвори оваа операција и таа проценка се заснова на пресметка колку гласови би загубил заради подршката на промента на Уставот и колку од политичката и финасиска подршка би добил што гласови, што во пари, но и колку би загубил и добил ако не гласа за уставните измени пред изборите.
Наскоро ќе го знаеме резултатот од математички прецизно искалкулираната операција на Христијан Мицкоски.