Фан Клуб: Челзи

Член од
26 август 2008
Мислења
742
Поени од реакции
541
На Маунт му е даден исти договор како Џејмс (поправете ме ако грешам) овој одбил.
Не треба да му се даде подобар договор затоа што не заслужува подобар толку муабет.
Има и други шпекулации незнаеме кои се точни, нема ни да дознаеме секако. Но ако клубот му има дадено поинаков помалку вреден договор во што јас искрено сумњам тогаш е грешка на клубот во спротивно е на Маунт.
За ова ќе ти одговорам бидејќи имаше многу шпекулации и многу лажни изјави, а ќе ти го пишам тоа што го прочитав од неколку по-релевантни извори и дури имаше изјава од тимот на Маунт кој не доби баш многу внимание.

Значи според изворите (Филипс и Џејкобс), се преговара долго време со Маунт.
На почетокот било 200к плата што не било проблем за Маунт ама проблем имало со image rights. Се одолговлекува тука, во меѓувреме му даваат на Џејмс 250к (50к неделно повеќе).
Тука настанува малку дополнително натегање, па Челзи смениле 200к плус прифатливи услови за image rights. Ова се случува во време на Светско и Маунт си викал нека заврши светско ќе се вратам ќе прифатам.
Се враќа, Челзи го повлечува последниот предлог и му нудат 2 години продолжување за демек да им даде време на клубот да најдат начин да му исполнат желби (Боули нели со него разговарал, тоа сите го пишаа).
Сеуште нема друг договор, дури и тој што бил прифатлив не му го даваат веќе.
И јас би бил напизден.
Еве последно што има, потврда за тоа што го пишав погоре.


Пак ќе кажам, ова е изјавено од двајцата што најчесто ги следам и никогаш не пишат пред време демек scoop како некои други и најчесто работат со проверени информации.
Според мене, најблиску до вистината.

Инаку за Угарте, Челзи имал нова стратегија. Ок, нека има нова стратегија ама нека ја има кога веќе тимот ќе биде комплетен. Во транзиција се преплаќа. Стратегијата треба да им биде да не преплатат многу и најбитно да е играч што ни треба (пример како Ензо).
Угарте бил тој играч според Покетино. Зошто се повлекле, не знам, ама се надевам дека не е Покетино заебан уште вториот ден на работа.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.050
Поени од реакции
13.329

Збогум маестро. Најскромната мега супер звезда што ја имам видено.
 
C

confusion

Гостин
Наводно договорени сме биле со Онана, после ЛШ ќе се седне на маса со Интер и најверојатно ќе направат размена Лукаку - Онана.
Језиво.
Стварно не сфаќам како е подобар од Кепа, како не дупат од Интер и Брајтон, секоја чест, ова е за во буквари, школски пример, школовано тролање и подјебавање, кога ќе начекаш глуп па го возиш.

Ама битно еј, покажавме став и се откажавме од Угарте, маме им ебам.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Онана е подобар од Кепа, арно ама ние со никого ништо се немаме договорено.

Во нормални услови, океј, не е ниту почнат трансфер периодот, нема простор за некоја паника. Во услови кога лани завршивме 12-ти, имаме 30 играчи во ростер од кои повеќе од половина се на излезни врати и не сакаат да играат во Челзи, а во меѓувреме потребни се и засилувања на одредени позиции, мора побрзо да се реагира. Особено за продавање.

Не може да сакаш чистка да направиш и да не знаеш дека нужно е некаква штета да почувствуваш. Не можеш да го продаваш Хаверц за истата цена која си го купил. Сака да си оди, сакаш да го продаваш и очекуваш дека Реал ќе ти даде 70 милиони. Или Маунт, нема прогрес за нов договор, сите знаеме дека е пред одење и магично на Јунајтед му бараш минимум 70 милиони. Па нафта да не пијат случајно, на година до истек на договор?

Покетино доаѓа на први јули, со истите играчи кои воглавно сакаат да променат средина. Да не зборуваме за Угарте и глупоста со тој трансфер. Многу, многу песимистички старт.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.406
Поени од реакции
85.355
Офиицјално е ова за Канте?
Не, ама ќе биде така?

Значи како што гледам, во моментов, ова е тимот за следна сезона:


Голмани:
Кепа, Менди, Бетинели, Слонина, (пар останати што се под договор)

Ваљда ќе си оди Менди? Можда и Кепа?

Одбрана:

Бадиашил, Чалоба, Силва (останува, така? не иде у бразил?), Чилвел, Џејмс, Азпи (си оди ваљда?), Кукуреља, Фофана, Кулибали - Матсен од Барнли што е тука, мислам не би било лошо да му дадат шанса можеби. И Баба Рахман е уште дел од тимов иначе :D

Ок, одбранава и не е така лоша, ко за тим што треба 38 утакмици + купови да игра...мислам ова би требало да е добро, се додека годишната повреда на Џејмс и Чилвел не дојде во исто време.. може да се издржи со ова, ама сепак зависиме од тоа дали ќе има супер сезона некој од Кулибали/Фофана/Чалоба.

Освен ова, во тимов се:
Сар, Ампаду, како и Колвил и Густо.
Се на се, одбранва е дефинитивно ок и е најмал проблем.

Средина:
Eнзо, Лофтус Чик, Галагер, Чуквумека.

Тука е и Маунт, што ваљда ќе си оди. Ковачиќ што ваљда ќе си оди. Канте што ваљда ќе си оди.
А како средина технички се рачунаат и
Пулишиќ што ваљда ќе си оди? Зијех што ваљда ќе си оди? па и Хаверц што...не знам што ќе се случи со него (иако нели, од средњак ние напаѓач го направивме)

Освен овие, технички како средина се рачуна и Луис Хол, што нели и не е баш средина.

Од останатите играчи, Андреј Сантос/ш е тука како и Бакајоко.
Бакајоко...ваљда нема да го воскресне Покетино (ја лично немам мислење, ако Покетино мисли дека му треба, нека проба, ако треба да си оди нека си оди)
Мислам Андреј ќе испадне играчиште и би било добро да добие шанса следна сезона, особено ако стварно си отидат сите што очекуваме да си одат.

И овој Италијанецов Чезаре Касадеи е дел од екипава што растура на у20 светсково, ама мислам ваљда ќе го пратат на позајмица уште една година, а Андреј ќе добие шанса и годинава.

Што се однесува до мене... сакам Покетино да проба да прешалта некој од бековиве како крило. Помогна за Герет Бејл на пример. Зошто не би можел Чилвел на пример да игра како некое си квази "лево крило" во исто време додека Хол игра одбрана? Не знам, тропам глупости, не ми се смејте, ама не би било лошо да се проба некоја ваква комбинација на пријателските, барем за проба ..

Ќе мора крила да се бркаат годинава. Пак ќе кажам, супер што играме 38 утакмици на ваков мртов ростер. Фернандез, Галагер и Лофтус Чик + некој од овие младиве што ги спомнав би биле и повеќе од доволни да изиграат ок против Лутон и Барнли со една недела пауза.
Ќе треба тука да се најде квалитетен играч што ќе има инстант импакт како Фернандез, ама ептен е битно да не избрзаат и да не испадне Бакајоко 2.0

Напад:
Армандо.

Толку.

Ок, не баш.

Мадуеке е тука како крило. Исто и Михаило.
Стерлинг ќе остане?

Обамејанг ќе си оди, Феликс си оди.

Фофана..ќе добие шанса? Го бива? Ќе оди на позајмица?

И секако..... Лукаку.

Немам појма што ќе се прави и тука со него, ваљда ќе дознаеме после финалево на ЛШ.

Исто така да се напомене дека се уште под договор е и Калум Хадсон Одои, што ако не земеме крила...не би се изненадил да остане во екипава и да биде Мозесот на Покетиновиот Конте (или како и да би звучела точно реченицава, се сфаќаме)

Па добро бе.

И не е така катастрофално ко што мислев.

Ептен носи утеха што играме само Лига + Купови.

Одбраната е тамам.
Во средина ни фали еден квалитетен или двајца солидни играчи.

И проблемот е во нападот каде што фали.. све.
А не гледам да не поврзуваат со некои напаѓачи?

Што знам, на мултибилионска екипа срамота е да немаат добар скаутинг за напад, нешто што за мене изгледа како најлесно за скаутирање.
Не може бе од цел свет да не најдат брзо човече што трча ептен или некој што само седи пред гол и шутира.
Значи милион играчи има.

А да, забораив. Нкунку ваљда ќе доаѓа, а?
Немам поим што позиција ќе игра, ама ако е лажна 9ка кај нас значи дека ништо не сме научиле од Хаверц.

Добар е тимов за борба за Конференциска лига.
Не се ни заебавам со ова.

Овој тим вака..таманка е за борба за 6-7 место.

Со 3-4 добри играчи може и борба за топ 4.

Тоа што нема да играме во Европа догодина ќе биде огромен бонус за Покетино што ќе надевам ќе го искористи (иако сметам дека требаше да играме Европа и не е успех што следна сезона ни Конференција нема да играме)
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.057
Поени од реакции
2.004
@Вујко фала на одговорот.

Тогаш од клбот не се фер за мене Маунт и Џејмс заслужуваат исти права и договори.
Ако може Стерлинг да зема толкава плата треба да му се даде и на Маунт 250к има повеќе труд вложено во Челзи ако не друго.

За опција голман Онана не ми изгледа како апгрејт на Кепа. Двајцата се добри со нога, линиски голмани и склони на киксеви.
Како опција незнам зошто не се разгледа Кејлор Навас за две сезони тамн после да го наследи Слонина или Ливакович.

Одбрана Фофана, Бадијашил, Силва и Ковил е сосема океј. Аут Кулибали и Чалобах.
Десно Џејмс и Густо.
Лево Чивел и Хал аут Кукуреља. Хал мора да ги земе минутите на Кукуреља плус нешто минутажа и на Чивел, покажа доста зрели партии не е за праќање на позајмици.
Дм позиција сме критични т.с нема. Мора два играчи да се купат. Закариа аут, Бакајоко аут.
Цм ни е Енцо Касадеи и Сантос. Аут Канте, Ковачич, Лофтус.
Касадеи и Сантос играат супер барем на ова светско. По овие партии што ги покажаа не ми изгледаат помалку добри од Ковачич например или Медисон, Праус или слични од премиер лига.
Амц хм... Нкунку ма да не ми е ни он типичен Мата, Де брун стил.
Маунт е аут, Хаверц најверојатно аут, Феликс аут останува Галагер ако и он си иде тогаш што знам Феликс ако е достапен за 70 +/- мил.
Крила лево Стерлинг и Мудрик. Пулишич аут. Ако би се јас прашувал Стерлинг аут би го зел Мане.
Десно Мадуеке. Зијах аут, Одои аут. Пак има празно место.
Напад мора, Фофана би го оставил како втор напаѓач. Аут Ауба, Броја, Лукаку аут

Ако се направи квалитетна чиска и продажба од 250 мил плус ете дополнителни 50 мил од клубот за квалитетен дм и напаѓач
и замена дм, амц и десно крило би биле океј.
Ете опција е детето од Селта Габри, уште некој таков за десно крило и дм што не би поминале 120 мил што ќе бидат вложени од клубот.
А од продажба може да се инвестира по 100 мил за напаѓач и дм од самата продажба на играчите.
 
Последно уредено:
C

confusion

Гостин
Мудрик се пријавил за У-21 турнир на Украина како достапен, сакал да одржи форма и да го импресионира Покетино. Вчера беше најдобар на терен со Германија, само нека ја среди главата и нека продолжи вака, ќе биде играч од него.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
742
Поени од реакции
541
Мудрик се пријавил за У-21 турнир на Украина како достапен, сакал да одржи форма и да го импресионира Покетино. Вчера беше најдобар на терен со Германија, само нека ја среди главата и нека продолжи вака, ќе биде играч од него.
Така. Ме мрзи да барам ама пишеше дека Покетино бил импресиониран од потегот.
Па и јас искрено. Имаше лоша сезона детето ама се гледа дека се труди и дека ќе гризе и ќе направи се да фати прв состав. Тоа е тоа што се бара.
Да видиме сега како ќе напредува и се надевам дека таа ментална блокада ќе ја надмине и ќе биде играчот за кој што се надевавме дека ќе е. Тука е и Покетино да го присреди малку.
Изгледа дека ќе имаме се полош и полош трансфер период.
Како што стои работата, ќе ги испуштиме Рајс и Каиседо и ќе ни го соберат Маунт пред нос. Угарте го испуштија за плата и Лукаку изгледа ќе мора да го вратиме назад.
 
Член од
4 јуни 2016
Мислења
476
Поени од реакции
411
Каква е ситуацијата со Броја? Ќе се врати за пред сезона или тешко, знам дека имаше некоја поозбилна повреда. Би било добро да го имаме во тимот како опција за од клупа, покажуваше добри знаци и во Саутемптон и во Челзи.
 
C

confusion

Гостин
Заинтересирани сме биле за некој Џексон од Виљареал.
Ме радува ваков развој, секако ќе се бориме за топ4, секако треба да продаваме, нека работи скаутингот малце за вакви играчи, преку кур веќе од скапи, исфорсирани играчи, секако летово немаме реални шанси за ниту еден топ играч пошто не играме во ЛШ, нека прават паметни трансфери барем со помалку ризик.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.050
Поени од реакции
13.329
Очигледно запнале за овиј Сацеидо.

Се збогати Брајтон од америве. Прво Куркуреља сга овој.

Да видиме што зделка ќе биде.
 
C

confusion

Гостин
Се ми е сумњиво од тој Брајтон, нека дојде па ќе видиме, не сакам ни по Кукуреља многу да фрлам со камења, имаше и некои солидни партии ама генерално во цел тој хаос со тренери и безредие, би му дал уште една шанса, не секој се снаоѓа во таков хаос, има играчи што им требаат стриктни наредби и насоки за игра. Затоа и се радувам што дојде Покетино, не комплицира, не измислува топла вода, стара школа тренер.

Мене ме радува што полека, полека, глувците почнуваат да бегат од бродот „што тоне“. Хаверц сакал трансфер во Арсенал, ех Челзи, Челзи. На какви играчи сме се надевале дека ќе не носат и бранат бои, ги боли кур за се, буквално. Ковачиќ, Маунт, Хаверц, Пулишиќ, Зиех.. да не ги набројувам. Фала богу што се откачуваме од лузериве и вечити таленти, многу не коштаа надевајќи се на нив, племе им ебам. Нека се чисти жганот, секој што не се чувствува пријатно и сака промена на средина, нека фаќа фатот, доста цицавте крв на клубов.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260


Немам поим каков е Џексон, ама искрено, подобро овој одошто да фрлиме ненормални суми за некој како Лаутаро што не е класичен шпиц.
Мора да им веруваме на директориве и Поектино.

Орнстајн вели дека уште пред две недели сме пуштиле 60 милиони за Каиседо и сме биле одбиени. Барела, Тонали, Коне, Лавија, ги споменува во текстот како опции.
 
Последно уредено:
Член од
9 декември 2010
Мислења
592
Поени од реакции
318
Ovoj Dzekson interesen fudbaler ali igrata so glava mu e slaba strana taka mi izgleda...
 
C

confusion

Гостин
Мислам дека не го ни зимаат како прв опција во напад, сигурно ќе се носи уште некој, имаше некаде дека најверојатно планираат со него и Броја, тука и бизонот Лукаку само се надевам дека нема да го гледам во Челзи.
Како и да е, ни јас не го знам ама ме радува ваквиот пристап, за тие пари, исплатлив ризик, доста веќе со глупи и нереални трансфери што форсираа, сега без ЛШ ни еден топ играч нема да сака да дојде и треба да се помириме со тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom