ИТ фирми и пракси во Скопје

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
896
Поени од реакции
1.382
Јас незнам многу од кодирање ама знам секоја работа што ти го зема вниманието и 12 саати понекогаш ти поминуваат како два - е тоа да го работиш. И нормално секоја струка може да ти се скурчи. Затоа гледај од тоа што го сакаш до 40 год да направиш капитал и да можеш да се курцаш после и да работиш колку да не ти е досадно. Барем ја таков мајндсет иам.
Ако имаш мајндсет да работиш 40 години, u might reconsider ure decision
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
12.004
Поени од реакции
7.161
Ако имаш мајндсет да работиш 40 години, u might reconsider ure decision
Мислам дека сакаше да каже да направиш пари до 40 год старост, па после "полагано", нешто како консултант или слично, да си го тераш животот.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Мислам дека сакаше да каже да направиш пари до 40 год старост, па после "полагано", нешто како консултант или слично, да си го тераш животот.
Точно така.
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.908
Поени од реакции
6.211
Многу од ИТ компаниите во Македонија нудат приватно здравствено осигурување. Кои се предностите тука? Што обично покрива/не покрива?
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.674
Поени од реакции
59.632
Многу од ИТ компаниите во Македонија нудат приватно здравствено осигурување. Кои се предностите тука? Што обично покрива/не покрива?
Не покрива стари заболувања, настанати пред купување на полисата.
За се останато, прегледи, интервенции, операции, леково ти покрива. Исто и стоматолошки услуги (секако не естетски).

Накратко како функционира. Имаш потреба за нешто, одиш во приватна болница, се лекуваш, плаќаш и пријавуваш штета да ти ги вратат парите од осигурителната компанија.
Автоматски споено мислење:

Имаш тука повеќе инфо

Член од
10 март 2022
Мислења
213
Поени од реакции
411
Многу од ИТ компаниите во Македонија нудат приватно здравствено осигурување. Кои се предностите тука? Што обично покрива/не покрива?
Најчесто треба 2 месеци од влез во осигурање да имаш за да ти покријат било што. Секогаш прашувај го цензорот дали ќе ти покријат. Иначе коа ќе прекинете работен однос со фирма кај што сте имале приватно здравствено осигурување, автоматски тогаш ви завршува полисата, иако најчесто се плаќа целата однапред.
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201
Дајте да направиме некој трач муабет. Ќе ја преживеат ли HTEC и Symphony.is годинава? Има вистина во муабетиве дека се во криза?
Симфони пред некоја недела им соопштиле спогодбено 3 плати на сите што се на бенч. Дали се согласиле сите незнам, ама тие што ги знам веднаш прифатија и веќе си најдоа нова работа. HTEC како што разбрав дека петокот им соопштиле накај 100тина ќе маваат. Годината ако ја преживеат ќе бидат со 20-30 вработени да довршат тоа што е и да се чека на подобри денови од САД.
Симфони кога се залетаа бараа некој објект со базен да биде како во Сараево и Белград да пливат со коктелче :pos:

Каурот има кратка меморија за политички настани па и за ова мислам, ако дојдат на ноги пак ќе се залета народ во овие service oriented фирми. Секако САД ќе се опорави од оваа моментална состојба само прашање е на време.
 
Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
1.004
Поени од реакции
1.688
Дечки, ме интересира следново: Сериозно сакам да преминам во ИТ индустрија, се осеќам спремно.

Ме загрижува следново:

- Вештачка Интелигенција
- Залудно потрошени часови во изучување на рецимо бек енд програмирање, евентуално за кратко време вештачката интелигенција да преземе и да нема потреба од јуниор девелопери.

Во моментов работам на раководна позиција во фирма надвор од ИТ индустријата. Разгледував удеми курсеви за проџект и продукт менаџмент ама не знам колку е корисно и барано тоа во земјава а и општо на странски/upwork/фриленс пазар? И дали е платено?

Што мислите, кои се најинтересни курсеви за влез во ИТ индустрија во Q3 i Q4 2023?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.925
Поени од реакции
37.011

Тоа е тоа со овие фирми што работат на gigs. Кога ќе се фати проект врнат пари, кога ќе секне ондак е пустина. Затоа recurring revenue is king. Се мислам дали да обвинам за лошо лидерство, буџетирање и планирање трошоци, ама па кога ќе изгубиш доходовни проекти нема нешто многу простор за маневрирање и сакал нејќел мора да кратиш трошоци. Е сега дали и колку ќе бидат атрактивни за повторно вработување во иднина, тоа ќе видиме. Симфони Солушнс на времето кога почна Короната после првото колективно отпуштање ептен се мачеа да најдат луѓе кога им тргна пак. Сега мислам не ни имаат веќе development тука.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.427
Поени од реакции
18.594

Не е залудно учење, работите не се мењаат преку ноќ. Она што мене би ме секирало е тоа што ИТ пазарот кај нас запре со ширење. Ако си на добра позиција, нз колку ти вреди ризикот.

За ПМ зависи колку ти е блиска струката, дали ќе може одма да те искористат.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.516
Симфони пред некоја недела им соопштиле спогодбено 3 плати на сите што се на бенч. Дали се согласиле сите незнам, ама тие што ги знам веднаш прифатија и веќе си најдоа нова работа. HTEC како што разбрав дека петокот им соопштиле накај 100тина ќе маваат. Годината ако ја преживеат ќе бидат со 20-30 вработени да довршат тоа што е и да се чека на подобри денови од САД.
Симфони кога се залетаа бараа некој објект со базен да биде како во Сараево и Белград да пливат со коктелче :pos:

Каурот има кратка меморија за политички настани па и за ова мислам, ако дојдат на ноги пак ќе се залета народ во овие service oriented фирми. Секако САД ќе се опорави од оваа моментална состојба само прашање е на време.
Уште лани ви пишував дека пазарот ќе има големи турбуленции поради економската криза, а ова со AI е капак на приказната.
Ви пишав пред некое време дека и фриленсерите ќе заборават на парите кои ги земаат, затоа што се повеќе фирми почнуваат да плаќаат согласно регионот каде се наоѓаш, и веќе има агенции кои нудат комплетен HR сервис за да им ги олеснат анализите и заебанциите. Прашање е само на месеци и маркетинг за да разберат фирмите и да се синхронизираат, а ова нема да ги афектира само нив, туку и новите работни места во останатите фирми.

Инаку не е само до service oriented фирми, туку и фирми кои имаат свои продукти, конкуренцијата станува се поголема и таму, а цените на пазарот се доста паднати.
Со AI ѓупците ти се на стероиди, цените ги туркаат уште пониско, а колку-толку имаат некаква шанса да завршат работа и да подобрат квалитет.
Автоматски споено мислење:

Дечки, ме интересира следново: Сериозно сакам да преминам во ИТ индустрија, се осеќам спремно.

Ме загрижува следново:

- Вештачка Интелигенција
- Залудно потрошени часови во изучување на рецимо бек енд програмирање, евентуално за кратко време вештачката интелигенција да преземе и да нема потреба од јуниор девелопери.

Во моментов работам на раководна позиција во фирма надвор од ИТ индустријата. Разгледував удеми курсеви за проџект и продукт менаџмент ама не знам колку е корисно и барано тоа во земјава а и општо на странски/upwork/фриленс пазар? И дали е платено?

Што мислите, кои се најинтересни курсеви за влез во ИТ индустрија во Q3 i Q4 2023?
Вакво прашање на форум во Силиконска долина, не тука :)

Ако допрва треба да го почнеш курсот, тешко дека ќе влезеш во занаетот и до Q4 2024.
Инаку ова ти е најлош период за промена на професија, затегнати се критериумите и намалени отворени позиции, дури и за ПМ без искуство тешко да добиеш шанса.
 
Член од
24 јуни 2022
Мислења
17
Поени од реакции
7
Дали има некој да сподели искуство, аплицирав за пракса во Ендава, тестот ќе се биде на лист, какви прашања може да очекувам ?
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.501
Поени од реакции
3.741
Дечки, ме интересира следново: Сериозно сакам да преминам во ИТ индустрија, се осеќам спремно.

Ме загрижува следново:

- Вештачка Интелигенција
- Залудно потрошени часови во изучување на рецимо бек енд програмирање, евентуално за кратко време вештачката интелигенција да преземе и да нема потреба од јуниор девелопери.

Во моментов работам на раководна позиција во фирма надвор од ИТ индустријата. Разгледував удеми курсеви за проџект и продукт менаџмент ама не знам колку е корисно и барано тоа во земјава а и општо на странски/upwork/фриленс пазар? И дали е платено?

Што мислите, кои се најинтересни курсеви за влез во ИТ индустрија во Q3 i Q4 2023?
Седи си кај што си, не се заебавај.
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201
Тоа е тоа со овие фирми што работат на gigs. Кога ќе се фати проект врнат пари, кога ќе секне ондак е пустина. Затоа recurring revenue is king. Се мислам дали да обвинам за лошо лидерство, буџетирање и планирање трошоци, ама па кога ќе изгубиш доходовни проекти нема нешто многу простор за маневрирање и сакал нејќел мора да кратиш трошоци. Е сега дали и колку ќе бидат атрактивни за повторно вработување во иднина, тоа ќе видиме. Симфони Солушнс на времето кога почна Короната после првото колективно отпуштање ептен се мачеа да најдат луѓе кога им тргна пак. Сега мислам не ни имаат веќе development тука.
Немаат веќе, последно разбрав дека ќе отвараат(можеби и отвориле) некаде по Африка. Од аспект на ИТ индустријата во Македонија вакви gigs фирми направија веќе да се ретки фирмите што нудат свои продукти или да нудат know how тотална изработка со свој тим и да се дигне на квалитет ИТ индустријата. Не за друго, Африка кога ќе има доволно кадар и интернет покриеност зашто овие gigs фирми да плаќаат 1500+ евра на мид девелоперот Трајче кога Мамаду за 500 евра ќе среди се тоа плус и Африка е во иста временска зона како Европа.

Моментално најпогодени кај нас се оние кои имаат клиенти во САД. Симфони и ХТЕК се такви фирми, посебно првите. Други незнам ама очекувам да има.
Сеуште се бараат програмери, еве овие поискусните што ги поззнавам Симфони си зеле опремнина во вредност од 3 месечни плати и за 2 недели си нашле работа. Сега за џуниори и мид од таму незнам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom