ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Кажав само дека се враќа Раонич на терените,не реков дека може да направи нешто чисто да знаете,не е темава само Новак, и други тенисери има.Ајде сега изгубите се ,славете си со среќа нека ви е.
 
Ова му е последен слем ,нема сила веќе старо магаре е и овој.Сега во Лондон нема да му биде лесно на Медо му одговара подлогата,Ник Киргос се враќа,тука е и Беретини.Да не се заборави и Мареј кој ја има кренато многу формата од лани.На Вимблдон ќе имаме нов шампион оваа година.
Милош Раонич се враќа после 2 години не играње тенис :)
:pos: :pos: :pos: Се надевам не си сериозен со болдовите
На Медо му одговара трева? Нема поминато 3то коло мислам на Вимбл и му е убедливо најслаба подлога, дури и на земја подобро играше годинава подлога која ја мрази најмногу. Киргос и Беретини имаат најлоши сезони во кариера, а и секако не би можеле повеќе од сет да земат и во прајмот, додека Мареј игра ветерански тенис и се влече по челенџр турнири.
Изминативе години Ноле на Вимблдон е поголем фаворит него на било кој слем, коефициентот да го освои е 1,70 уште сега, не гледам буквално кој би му застанал на патот со оглед на моменталнава форма на топ 10 и недостаток на тенисери кои знаат да играат на трева.

Ќе тера Новакот до 25 според мене, најизгледни шанси за календарски слем има годинава со оглед дека на УСО може да го добие само Медведев кој исто така игра просечна сезона или некое Вавринка-издание на Алкараз.
 
Последно уредено:
:pos: :pos: :pos: Се надевам не си сериозен со болдовите
На Медо му одговара трева? Нема поминато 3то коло мислам на Вимбл и му е убедливо најслаба подлога, дури и на земја подобро играше годинава подлога која ја мрази најмногу. Киргос и Беретини имаат најлоши сезони во кариера, а и секако не би можеле повеќе од сет да земат и во прајмот, додека Мареј игра ветерански тенис и се влече по челенџр турнири.
Изминативе години Ноле на Вимблдон е поголем фаворит него на било кој слем, коефициентот да го освои е 1,70 уште сега, не гледам буквално кој би му застанал на патот со оглед на моменталнава форма на топ 10 и недостаток на тенисери кои знаат да играат на трева.

Ќе тера Новакот до 25 според мене, најизгледни шанси за календарски слем има годинава со оглед дека на УСО може да го добие само Медведев кој исто така игра катастрофална сезона или некое Вавринка-издание на Алкараз.

5 титули и 6 финалиња , од кои 2 мастерса конечно еден на земја , не би рекол дека е катастрофална сезона.
Ако збориш стриктно за ГС , тогаш да... игра потпросечно. Негде ако може да пукне Медведев и стане сериозна противтежа на Новак тогаш тоа е УС Опен. Само ич не му оди во прилог тоа што го прегази Новак во 2021. Памти Новак и ако има прилика ќе биде ненормално мотивиран и спремен за одмазда.
 
Nikoj nema 3 seta na treva da mu zeme be ne se mavajte od zemja, osven ako ne povredi u sred tekma..
Па ако му земе некој и ако го победи,автоматски ќе биде повреден и поради повреда изгубил,исто како со Томи Бердих 2017 и Сем Квери 2016
 
Последно уредено:
Па ако му земе некој и ако го победи,автоматски ќе биде повреден и поради повреда изгубил,исто како со Томи Вердих 2017 и Сем Квери 2016
Deckoto na AO igrase so skinat muskul, tetiva ili sto i da e pa edvaj 1 set mu zemaa cel grand slam..
 
Честитки за Новак, дефинитивно го заслужи ова после сите глупости.

Очекувам дека ќе игра многу порастеретено, притисокот конечно му падна од грб, така што може да зема уште барем 2 грен слема на Вимблдон. Секако дека ќе биде во првите 2 фаворита за сите останати, меѓутоа како што ќе одминуваат месеците, така повеќе ќе се прашуваат и другите играчи.

Ви било интересно да видиме барем уште еден меѓусебен дуел на Рафа и Новак во 2024 :)
 
Aj некој ако знае нека објасни детално.
Што значи заштитен ранкинг,како се добива и кои играчи имаат право да го добијат? И покрај тоа што имаат многу лош ранкинг играат на јаки турнири во главен жреб ( без да добијат wild-card). Оваа тема никогаш не ми била јасна,знам дека некои играчи што ќе се повредат имаат право на заштитен ранкинг,ама не ми е јасно на кој принцип се добива тоа. Зошто на пример Тим или Монфилс немаат заштитен ранкинг, а некои леви тенисери таму имаат и не ни треба да играат квалификации?
 
Кога ќе се повреди некој играч а рецимо исполнувал во тој момент услови за да учествува на секој турнир во светот, ете примерот со Тием кој беше топ 10 играч пред да се повреди, откако ќе се врати од повреда има лош ранкинг и логички нели не може да учествува на најдобрите турнири а реално има квалитет за истото. И сеа место да се мрцвари по Челенџери и ИТФ турнири добива можност да искористи заштитен ранкинг за да учествува на турнири кои тој ќе ги одбере. Мислам дека 6-7 пати во една сезона може да се искористи таа опција, не можеш баш на секој турнир да ја користиш. Користеше и Тием иначе PR само не си го приметил. Еве следна година ако игра Рафа ќе користи PR зашо веќе е испаднат од топ 100, тогаш кујзне кое место ќе биде, може и да нема воопшто бодови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom