Фан клуб - РК Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.134
Добро ќе биде да остане Дутра.
Тоа би значело Кубанецов и Португалецот на лев бек (иако никаде нема официјално дека потпишале), Петриќ покрај лев може и како среден да игра, а тука е и Карапале. Сепак ќе биде одлично ако остане и Дутра. Во таков случај претпоставувам дека Добрковиќ ќе си оди.
Десната бековска позиција не се покрива така лесно...
Го имаме Јагуриновски за резерва, а се надевам Зеленовиќ ќе биде ново засилување. Без старца нема ударца.
И доволно е од странците. Србинот на крило нема потреба да се носи, треба да направат се за да го задржат Манасков. Освен ако не си оди Чувара, па србинов да доаѓа место него.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.170
Еден да се погоди од 5 е полна капа. Ама во оваа ситуација кај што ни требаат резултати, неверувам дека со овие играчи (млади) ќе направиме нешто. Со Еурофарм, тешко да се носиме, а и со другине фармацевти ќе се мачиме, ако донесат уште некој странец они.

Не може со деца да играш против возрасни, да не се лажеме.
 
Член од
11 април 2023
Мислења
2.156
Поени од реакции
7.214
Добро ќе биде да остане Дутра.
Тоа би значело Кубанецов и Португалецот на лев бек (иако никаде нема официјално дека потпишале), Петриќ покрај лев може и како среден да игра, а тука е и Карапале. Сепак ќе биде одлично ако остане и Дутра. Во таков случај претпоставувам дека Добрковиќ ќе си оди.
Десната бековска позиција не се покрива така лесно...
Го имаме Јагуриновски за резерва, а се надевам Зеленовиќ ќе биде ново засилување. Без старца нема ударца.
И доволно е од странците. Србинот на крило нема потреба да се носи, треба да направат се за да го задржат Манасков. Освен ако не си оди Чувара, па србинов да доаѓа место него.
Го сметам Јагуриновски за играч како трета опција,дечкото на битни утакмици е изгубен и игра многу лошо.Долга е сезоната па може да биде трета опција на таа позиција.
Гледав инсерти од Кубанецов мислам дека е супер засилување,уште некој млад играч за докажување да донесат за десен бек би било одлично .
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.170
Не може да се проценат квалитетите на вакви играчи зошто играат против слаба конкуренција, а и многу млади таленти не прераснуваат во врвни возрасни играчи. Така што, не се знае што се добива. Да се надеваме дека ќе бидне нешто од овие што ги носат, ама ја сум скептик.
 
Како и да е до година ќе бидеме трет тим , македонскиот проект на Кире и работник ќе се борат за титулата,нас ни треба еден ваков ресет.
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.404
Поени од реакции
4.264
Сезонава верувам дека никој не очекува титула, ама гарантирам дека со добра атмосфера дома може да им ги уплеткаме сметките на едниве или другиве. Да немаат лесни три бода против нас ќе биде доволно. И да се погоди некој од дечурланава, па наредната сезона да пополнуваме некоја од другите позиции.

И ако стварно дојдат Зеленовиќ и Врањеш, нивното искуство ќе биде добро и за тимот и за развој на децава.
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
908
Поени од реакции
2.990
Тренер? Некакви гласини барем?
Само што појдов тоа да го пишам, за тренер сеуште нема ништо, а тренерот е најважната алка во тимот, посебно кога се носат млади играчи со добра перспектива.
Али верувам дека ќе најде нешто Михо.
За мене најважно е дека се движат работите во клубот, не е битна ни титулата, важно клубот да се стабилизира.
Па со добра атмосфера во клубот и покрај клyбот се е можно.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.135
Поени од реакции
2.320
Со добар тренер може да се склопи силна екипа ама само со добар тренер
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.170
Чувара верувам дека ќе го шутнат. А, претпостваувам дека на Ѓукиќ договорот му истекува. Не знам дали би му го продожиле него, зошто он првата година скоро ништо не покажа, освен на крај нешто. Гоце беше ептен подобар од него. Вторава, пола не ја играше. па некако не знам на што сме со него. Неверувам дека има многу опции он, а ни ние.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.245
Поени од реакции
6.474
Чувара верувам дека ќе го шутнат. А, претпостваувам дека на Ѓукиќ договорот му истекува. Не знам дали би му го продожиле него, зошто он првата година скоро ништо не покажа, освен на крај нешто. Гоце беше ептен подобар од него. Вторава, пола не ја играше. па некако не знам на што сме со него. Неверувам дека има многу опции он, а ни ние.
Има активен договор Дарко уште наредна сезона.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom