Незнам али во последниве 2-3 години десните бекови кои драстично отскокнуваат и се горе долу во топ10 десни бекови а немаат 190cm, oд Гитсел (Фуксе) , Венсдорф (ГОГ), Кико (Спортинг) , Бос (Монпеље), Фарук (Гранолес), Магнусон и Смит (Магдебург).
Оваа година има мн голема промена во ракометот и отскокнуваат експлозивни играчи кој до последен момент и под фал не шутираат/додават.
Се е во ротацијата и колку е долга клупата за да се издржи високото темпо.
Се надевам дека максимално се спремни за пазарење (во висина на буџетот се разбира) и дека ќе донесат квалитет.
Се надевам дека наредниот десен бек кој се планира да биде промовиран нема да е хрват кој во последните 10 год наваму сосила има изиграно 100 утакмици потајно се надевам на чехот но за него ќе треба да одврзат ќесето (за оштета не за плата).
Цехте се надевам летово ќе ја преброди повредата на рамо која ја има и дека ќе дава партии шо ги даваше во Хановер.
Доколку го носат Марко Милосављевиќ ќе биде интересно но барем ако платат оштетување (до 40к) да го обврзат на 3 години оти е солиден бек.