Станбени згради во нас. Лисиче?...

  • Креатор на темата Креатор на темата Пророкот
  • Време на започнување Време на започнување

Пророкот

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.849
Поени од реакции
6.151
Локација
Скопје
Темава ја отворам после муабет со мој чо‘ек. Не знам подробности, ако имате, споделете, да видиме што точно сака О. Аеродором да гради во туѓи дворови, криејќи се зад ДУП-ови.
Благодарам...
 
http://www.aerodrom.gov.mk/page/urbanistichki

тука има се, ама за што те занима треба да отвориш и да разгледаш... а не е зад Дупови, туку мислам има некој нов закон со кој се окрупнуват ?? градежни парцели, имаше нешто и за кај Гранд Хотел што муваа и сега градат голема зграда
 
Што ти кажа твојот човек?

Не е стручен по таа тема, но од кажаното се вели дека О. Аеродром сака отселување на дел од мештаните од нас. Лисиче, кои излегуваат на бул. „Србија„, (кај силосот од „Жито лукс„) и на нивно место да „насади„ уште една серија станбени грдотии, па жителите се самоорганизале и отпочнале „барање правдина, без намера да ги дадат своите имоти за таа цел...
Автоматски споено мислење:

Однесувањето од општините секогаш почнува токму така; лукаво, „од околу„, да не се сетат Власите...пардон, Македонците, се‘ до моментот кога нивните дворови станат дел од изработена, ревидирана и усвоена/изгласана планска документација, која станува закон, а против таквиот закон правдина нема (особено не во „нашата земјата„), и по таа линија, мештаните можат со леснотија да ги изгубат постојните свои дворови, затоа што некоја будала решила во тие дворои да им вцрта „маркичка„ а подоцна и изгради уште една до сега невидена грда зградурина...
 
Последно уредено:
Не е стручен по таа тема, но од кажаното се вели дека О. Аеродром сака отселување на дел од мештаните од нас. Лисиче, кои излегуваат на бул. „Србија„, (кај силосот од „Жито лукс„) и на нивно место да „насади„ уште една серија станбени грдотии, па жителите се самоорганизале и отпочнале „барање правдина, без намера да ги дадат своите имоти за таа цел...
Насилно ќе ги исселат, со полиција и ќотек.
 
За сега, состојбата не е дојдена до тој степен, оти во тек е „изработката„ на планската документација, која „као„ требала да реши некој локален проблем, но ако навистина дојде време за рушење и остелување/преселување, ќе биде незгодно.

Тековниот в.д. градоначалник е дојден на позиција на гневот кој Аеродромци го имаа кон претходниот анонимус, никад виден у јавност, ама се чини дека истата грешка е сторена по кој знае кој пат при излегувањето и при последните локални избори. Велат дека Тимчо нејќел да се види со мештаните кои се засегнати од најавените градби...

Пак да си го гласате...што би рекол Миленко.
 
Не постои мештанин на чиј имот е предвидено промена на маркица, кој не е најсреќен на светот.

Маркицата дефинира максимална развиена површина, не дефинира дека мора да се гради, или дека на сила ќе се гради. На имот на кој има А2 маркица, со П+12 ката, и 600 квадрати во основа, ти слободно можеш да имаш барака од 60 квадрати на приземје само.

Проблемот со промената на ДУП-от не е проблем на луѓето на чиј имот ќе се менува, туку на тие околу нив, на кој нема да се менува. И најчесто не е ништо повеќе од проста, сељачка завист.
 
Напишаново важи само за случаи, каде цели делови од населби и нивните жители беа кочени од локалните валсти, преку нерешавање на нивните имотно-правни односи и немањето можност за поправање на нивните дотраени домови или градење целосно нови куќи.

Ново маало и Мухаџир/Маџир маало се школски примери...

Нас. Лисиче нема дотраени објекти, добар дел од нив се обновени на местата од поземјотресните бараки, така да никој од мештаните во нас. Лисиче не плаче по нов ДУП, кој ќе им ги одзема дворовите за да може урбаната мафија да гради грдотии, каде сопственикот на дворот ќе се исценка со градителот за компензирање на дворот за стан и дуќан во предвидениот/планираниот објект.
 
Одземање или експропријација на имот не се случува при изградба на згради. Никој никому не одзел имот ни во Ново маало, ни во Лисиче, нит било каде кај што граделе згради. Напротив, сопствениците на имотот биле компензирани неспоредливо многу повеќе од што би биле доколку им останеле куќите.
 
Не постои мештанин на чиј имот е предвидено промена на маркица, кој не е најсреќен на светот.

Маркицата дефинира максимална развиена површина, не дефинира дека мора да се гради, или дека на сила ќе се гради. На имот на кој има А2 маркица, со П+12 ката, и 600 квадрати во основа, ти слободно можеш да имаш барака од 60 квадрати на приземје само.

Проблемот со промената на ДУП-от не е проблем на луѓето на чиј имот ќе се менува, туку на тие околу нив, на кој нема да се менува. И најчесто не е ништо повеќе од проста, сељачка завист.
Не е завист во прашање. Кога ќе де почне од негде, веројатно сите ќе добијат маркици.
Проблемот е што има голем број на луѓе што сакаат населбата да остане со куќи. Имаат веќе убави куќи, не би ги дале за станови. Од друга стране сакаат да ги заградат со 12 катници и да бидат приморани да ги дадат.
 
Напишаново важи само за случаи, каде цели делови од населби и нивните жители беа кочени од локалните валсти, преку нерешавање на нивните имотно-правни односи и немањето можност за поправање на нивните дотраени домови или градење целосно нови куќи.

Ново маало и Мухаџир/Маџир маало се школски примери...

Нас. Лисиче нема дотраени објекти, добар дел од нив се обновени на местата од поземјотресните бараки, така да никој од мештаните во нас. Лисиче не плаче по нов ДУП, кој ќе им ги одзема дворовите за да може урбаната мафија да гради грдотии, каде сопственикот на дворот ќе се исценка со градителот за компензирање на дворот за стан и дуќан во предвидениот/планираниот објект.
По се ми изгледа дека не ти даваат да легализираш/приватизираш поради што има планирано нешто друго, и затоа плачеш. Да имаше планирана зграда на твој плац со можност да лапнеш 3-4 станови како компензација, ќе трчаше да бараш инвеститори.
 
Погрешно...

Лично ништо не сум засегнат, не се работи за мојот двор, но знаејќи ја лукавоста и „паметот„ по кој се водат општините, а тоа е набивање што повеќе „маркички„ и наплата на тешки пари од комуналии, а се‘ во функциија на урбаната мафија а не на потребите од жителите, само е прашање на време кога целата нас. Лисиче, а не само посочениот дел, ќе бидат засегнати...
Автоматски споено мислење:

Не е завист во прашање. Кога ќе де почне од негде, веројатно сите ќе добијат маркици.
Проблемот е што има голем број на луѓе што сакаат населбата да остане со куќи. Имаат веќе убави куќи, не би ги дале за станови. Од друга стране сакаат да ги заградат со 12 катници и да бидат приморани да ги дадат.

Точно...
 
Погрешно...

Лично ништо не сум засегнат, не се работи за мојот двор, но знаејќи ја лукавоста и „паметот„ по кој се водат општините, а тоа е набивање што повеќе „маркички„ и наплата на тешки пари од комуналии, а се‘ во функциија на урбаната мафија а не на потребите од жителите, само е прашање на време кога целата нас. Лисиче, а не само посочениот дел, ќе бидат засегнати...
Автоматски споено мислење:

Точно...
Драго ми е ако е само загрижен граѓанин, но спречување на ДУП само ако имате согласност во цела населба (Трнодол или каде беше пред 2-3 години настапија здружено, но не се сеќавам што испадна на крај).
Инаку во најголем број од случаевите материјално ќе имаат поголем бенефит ако почнат згради, во Скопје на овој начин многу народ направи повеќе пари од што би заработиле цел живот со нормална работа, така да очекувај дека секој втор комшија ќе трча за да продаде.
 
Не постои мештанин на чиј имот е предвидено промена на маркица, кој не е најсреќен на светот.

Маркицата дефинира максимална развиена површина, не дефинира дека мора да се гради, или дека на сила ќе се гради. На имот на кој има А2 маркица, со П+12 ката, и 600 квадрати во основа, ти слободно можеш да имаш барака од 60 квадрати на приземје само.

Проблемот со промената на ДУП-от не е проблем на луѓето на чиј имот ќе се менува, туку на тие околу нив, на кој нема да се менува. И најчесто не е ништо повеќе од проста, сељачка завист.
А зошто се уште Н.Лисиче се води Кисела Вода 2, се уште скоро никој не успеа да се заврши приватизацијата на место под зграда и дворно место, се водат на Р.Македонија, К.Вода мати 15 години, демек ДУПот не е готов итн...
А всушност ГРАНИТ ако градел 1986, Гранит ПОСТОИ и денес, тој требада ги среди тие работи. Фактички, треба народот да ја тужи државата на меѓународен суд, Место ПОД Зграда со ДОЗВОЛА и запишана во Катастар, ПО ДЕФАУЛТ е на ЗГРАДАТА, така во Хрватска го одлучи УСТАВНИОТ СУД, без никакви Приватизации и Лајнаризации. Има постапки за Дворни Места и Паркинзи.... а кај нас пак пред 5-6 години ?, ЗАБРАНИЈА продавање на надворешните паркинг места околу зградата.
Ништо чудно, УРБАНАТА МАФИЈА да фрли ОКО на ниските згради во АЕРОДРОМ и Н.Лисиче, да ги сруши и да дигне 8катници, а овие во приземјата си напраиле ХАЦИЕНДИ, си узурпирале и од паркот, во дворот ( кој е всушност на сите, има и инсталации) си држи во дворот Питбул, а во узурпираниот дел локална Џукела и фрла некоја коска...
 
Да, токму тоа е „кваката„-во фрлање око на ниските објекти од нас. Лисиче.
Според ГУП-от кој, колку знам, тековно се „носи„ а на сила е претходниот (2000-2020г.), сета површина од нас. Лисиче и Горно Лисиче е опфатена со тој ГУП, се‘ до пругата во Горно Лисиче, што значи дека во тој урбан опфат, Општината може да носи какви сака ДУП-ови, да не ги почитува потребите од мештаните, туку потребите од урбатана мафија за што повеќе „маркички„ што повеќе профит од продажбата на станбен и деловен простор, а за Општината тоа се мнооогу пари од наплатени комуналии.

Пошто високите објекти со непрекинатото проширување на нас. Аеродром, нас. „Јане...„ и Ново Лисиче веќе се „залепија„ до куќите од нас. Лисиче и нас. Горно Лисиче, а на Општината и‘ требаат пари, тоа значи дека во скора догледна иднина, ќе почне „чистењето„ на куќите и градење уште една серија од немерени грдотии, со кои веќе е исполнета нас. Стар Аеродром и нас. Јане Сандански„.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom