Ако не сме во НАТО може да не нападне само НАТО или некоја земја на која истиот тој НАТО би и дозволил да користи копно или воздух на НАТО членка. Иако реално за сега нема никаква причина да мислиме дека било која држава би не нападнала, ако хиппотетички збориме, држави кои би имале претензии на Македонија се Бугарија и Албанија, евентуално Грција иако ама баш никаква корист не би имале они од тоа, ниту па им треба територијава. Србија нема шанси затоа што е опкружена со НАТО, а веќе поминаа доста војни и немаат ниту причина нуту желба за војување. При евентуална Светска војна, тогаш веќе нема да има НАТО, секој ќе одбира страна во која ќе има највеќе корист, а баш таа историја што ја спомна не научила дека и запад и исток работеле заедно на уништување на македонецот во минатото.
Не дека сум за приклучување на некој друг таков сојуз, дали со Русија, дали со Кина. И предходно имам пишано, Русија кога би ја имала моќта на Америка би била иста, а Кина мислам дека би била убедливо најлоша.